Проектот „АРМ – мој вистински дом“ презентиран пред припадниците на АРМ во Скопје и Куманово

Министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – потполковник Методија Величковски денеска во скопските касарни „Страшо Пинџур“ – Петровец и „Илинден“, како и во кумановската касарна „Боро Менков“ беа дел од презентацијата на проектот „АРМ – мој вистински дом“ пред припадниците на Армијата. „Имавме средба со припадниците на АРМ заинтересирани да купат стан преку проектот ’АРМ – мој вистински дом’. Кон крајот на декември и средината на јануари ќе започнеме со градба на првата зграда, а во тек сме да добиеме градежна дозвола од општината…

повеќе...

АРМ и КФОР имаат одлична соработка – Средба на министерот Јолевски со генералот Миџлиета

Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија имаат одлична соработка со КФОР на Косово, заклучија на денешната средба во Министерството за одбрана, министерот Зоран Јолевски и командантот на КФОР, генерал-мајор Гуџлиермо Миџлиета. Министерот Јолевски на средбата посочи дека Република Македонија во континуитет дава придонес кон напорите на меѓународната заедница за мир и стабилност на регионот. „Дел од тие напори е и логистичката поддршка за КФОР“, истакна министерот Јолевски. Генералот Миџлиета се заблагодари за средбата и додаде дека како и досега, потребно е и во иднина да се одржуваат постојаните…

повеќе...

Министерот Јолевски ги повика заинтересираните млади луѓе да се пријават на огласот за пилоти во Армијата

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, за време на денешната презентација на петтата генерација слушатели во Центарот за обука на пилоти ги повика сите граѓани на Република Македонија, кои имаат завршено високо образование, говорат англиски јазик и се помлади од 28 години да се пријават на конкурсот за обука на пилоти. Оние кои ќе го поминат селективниот процес воден од искусни пилоти-инструктори од Израел ќе имаат можност да добијат висококвалитетна обука и да станат пилоти на Армијата на Република Македонија. Јолевски за кадетите истакна „Пред нас се талентирани…

повеќе...

Учество на припадниците на АРМ на „6-те Воени светски игри “ во Јужна Кореа

Екипа на АРМ од 2-ри до 12-ти октомври, учествува на „Шестите воени светски игри“ во Јужна Кореа, кои се во организација на Меѓународниот совет на воени спортови (МСВС). На најпрестижниот и најголем спортски настан каде учествуваат сите армии во светот, членки на МСВС, припадниците на АРМ ќе се натпреваруваат во следните спортски дисциплини: борење-слободен стил, трчање на 800, 1500, 5000 и 10 000 метри, како и маратон на 42 километри. Шестите воените светски игри се одржуваат во градот Мунгијонг, Јужна Кореа под мотото „Пријателството низ спортот“, каде припадниците на АРМ ќе…

повеќе...

Јолевски: Вежбата „Операција Фаланга-Македонија“ доказ за добрата соработка меѓу армиите на Македонија и САД

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, придружуван од амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и командантот на ЗОК на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, денеска на армискиот полигон Криволак присуствуваа на билатералната воена вежба „Операција Фаланга – Македонија“, која започна на 28 август, а ќе трае до 6 септември. Според министерот за одбрана, оваа вежба е доказ за добрите односи и високото ниво на соработка меѓу армиите на Република Македонија и САД. „На оваа вежба се покажа како американските структури ги…

повеќе...

Свечено примопредавање на должност Командант на Здружената Оперативна Команда

Денес, пред Здружената Оперативна Команда (ЗОК), во касарната „ Боро Менков“ во Куманово се реализира воена свеченост по повод прием на должноста командант на ЗОК од страна на бригаден генерал Васко Ѓурчиновски. На свеченоста присуствуваа: министерот за одбрана на Република Македонија г-дин Зоран Јолевски, началникот на генералштабот на АРМ и досегашен командант на ЗОК генерал потполковник Методија Величковски, останатите генерали од ГШ на АРМ, команданти на потчинетите единици на ГШ на АРМ и команданти на потчинетите единици на ЗОК. На свеченоста согласно Правилото за воен протокол пред стројот на припадниците…

повеќе...

Свечен собир на вработените во МО и ГШ на АРМ по повод Денот на АРМ

Денес, по повод Денот на АРМ пред зградата на МО и ГШ на АРМ се организира свечен собир на вработените во МО и ГШ на АРМ. На свеченоста присуствуваа: министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски и останати припадници на МО и ГШ на АРМ. „Армијата на Република Македонија со особена чест и гордост го прославува 23 роденден на Армијата“ истакна во својот говор НГШ на…

повеќе...

Промоција на новиот Правилник за исхрана за припадниците на АРМ

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски во касарната Гоце Делчев заедно со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник, Горанчо Котески, го промовираше новиот Правилник за исхрана на припадниците на АРМ. Во изјава за медиумите, министерот Јолевски истакна: „Веднаш по преземањето на мојата функција како Министер за одбрана, преземавме неколку мерки со цел да се подобри стандардот на воените лица, питомците и војниците кои се на служба во Армијата на Република Македонија. Една од тие мерки беше и промена на правилникот за исхрана. Имено, дел од проектот го започнавме овде во Воената…

повеќе...

Нови 165 војници на Република Македонија на доброволно служење воен рок во Армијата

Армијата на Република Македонија им посака добредојде на новите војници кои денес положија свечена заклетва во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ – Велес. 165 војници на Република Македонија меѓу кои 12 жени во наредните три месеци ќе бидат обучувани од инструктори од Центарот за индивидуална обука во Велес, кои ќе се запознаат со основната воена обука и воедно тие ќе претставуваат база за понатамошниот избор на професионални војници. Министерот за одбрана, Зоран Јолевски имаше свое обраќање на денешната свеченост при што на новите граѓани кои ја потпишаа денешната заклетва им…

повеќе...

Голем интерес на огласот за прием на професионални војници во Армијата на Република Македонија

Над 1.000 граѓани на Република Македонија се пријавија на конкурсот за прием на професионални војници во Армијата на Република Македонија, покажуваат податоците од подрачните единици на Министерството за одбрана. Во рамки на пријавените има граѓани од повеќе етнички заедници, но што е исто исклучително значајно има и припаднички на понежниот пол. Во следните денови Министерството за одбрана врши проверка на доставената документација, по што лицата за кои е утврдено дека ги исполнуваат условите согласно Огласот за прием на професионални војници, по претходен план ќе бидат повикувани на психолошки тестирања, општообразовни…

повеќе...