Убавица на четири тркала

Најчесто автомобилите ги нарекуваат „убавец на четири тркала“. Но, и покрај тоа што станува збор за „Спарк“, нашиот сограѓанин решил својот автомобил да го направи убавица со тоа што му ставил трепки на неговите предни фарови. WebOhrid

повеќе...

Разладување со отворена врата при возење

Жешкото време и високата температура се непријатни и за возачите и за патниците кои се превезуваат. Возачите кои имаат понови автомобили не може да замислат возење без клима, а оние со стари автомобили кои немаат клима мораат да бараат начин за разладување, возат со отворени прозорци, па дури и врати. WebOhrid

повеќе...

Вака не се паркира!

Како што е вообичаено за секоја туристичка сезона, така и оваа, во Охрид ќе има огромен прилив на возила од земјава, но и од странство, па според тоа, ќе бидеме сведоци на најразлично паркирање, а се разбира и непрописно паркирање. Ова мало битолско „количе“ претставува голем проблем кога ќе се паркира вака, на место кое е наменето за три автомобили. WebOhrid

повеќе...

Паркирање браник на браник

Паркирањето претставува проблем доколку се паркира на мал простор или пак на простор преполн со автомобили. Често можеме да видиме како некое возило е блокирано од паркирани возила од двете страни и не може да излезе се додека не го ослободат тие возила. Во овој случај имаме паркирање браник на браник, за среќа без штета. WebOhrid

повеќе...

Општинскиот совет за безбедност со апел за одговорно учество во сообраќајот

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи во текот на првомајските празници, со цел зголемување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Охрид. Во услови кога во Охрид бележиме зголемената фреквенција на сообраќај, посебно во централното градско подрачје, потребно е дисциплинирано управување на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење, исклучиво користење безбедносни појаси, некористење на мобилните телефонони во…

повеќе...

Опожарено возило во Охрид

СВР Охрид презема мерки за расветлување на сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“ и пронаоѓање на сторител кој предизвикал опожарување на патничко моторно возило марка „Голф“ со охридски регистарски таблици. Казненото дело е сторено на ден 31 март оваа година околу 01 часот на улицата „Климентов Универзитет“ во Охрид. Од извршениот увид на местото на настанот, извршен по овластување на јавен обвинител, констатирано е дека од предизвиканиот оган, запален е задниот дел на возилото, целосно е оштетено задното стакло, задната клупа, задното седиште, кровот и задниот лев трепкач. Пожарот е…

повеќе...

Hello Travel Ohrid – превоз на патници

Hello Travel Охрид врши превоз на патници во земјава и странство со квалитетни и удобни возила 6+1, 8+1, 20+1, патници и минибуси до 21 патник. Hello Travel Охрид исто така врши превоз на патници во организирани екскурзии, интернационални аеродроми, семинари, свадби, after work party, како и врши превоз според Вашите потреби. Тел: 078 910 442 hellotravel.oh@gmail.com www.facebook.com/hellotravel.oh

повеќе...

Рено Рудолф низ охридските улици

Охрид се украсува, празничната атмосфера од ден на ден се чувствува се повеќе и повеќе. Покрај вообичаените новогодишни украси, по охридските улици можеме да забележиме и еден невообичаено украсен автомобил. Еден наш сограѓанин се решил да го украси својот автомобил, па со тоа од Рено 4 направил Рено Рудолф. WebOhrid

повеќе...

Автомобил излета од патот Охрид – Кичево

Вчера во 09.30 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на м.в. „Сливоски анови“, се случила сообраќајна незгода во која Е.М. (27) од с.Радолишта, струшко, управувајќи ПМВ „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, удрил во сообраќајни знаци за обележување на автопатот во изградба, и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.М. и сопатниците Р.Ф. (31) од Струга и седумнаесетгодишник од Струга. Истите биле пренесени во Болницата Св.Еразмо, каде Е.М. и Р.Ф. биле задржани на лекување, додека малолетникот, поради сериозноста на повредите…

повеќе...

Шетање куче од автомобил

Убав сончев ден, време за прошетка, но со кого да излезете попрво, со сопругата или пак со кучето!?! А зошто не и со двајцата? Додека жената си вози автомобил, онака во прва со вклучени четири трепкачи, вие си го влечкате кучето по вас. Колку и да им изгледала добро идејата, во пракса тоа не изгледаше баш така. Напротив, ова претставуваше малтретирање за кучето. WebOhrid

повеќе...