ЈП „Билјанини Извори“ по повод големиот христијански празник Велигден донесе одлука на ден 20 април (недела) користењето на услугите на јавниот градски простор да бидат бесплатни за сите нејзини корисници. „Убедени сме дека граѓаните на Охрид и сите гости ќе ја поздрават оваа одлука која е донесена, се со цел ЈП „Билјанини Извори“ активно да се приклучи во чествувањето на големиот празник секако промовирајќи ги нејзините христијански вредности.“-велат од претпријатието. ЈП Билјанини Извори им посакува на сите граѓани на Охрид, Република Македонија и на сите наши иселеници од православна и…
повеќе...Tag: бесплатно
Од денес стартува бесплатно користење на лизгалиштето за учениците од сите основни училишта
Од денес, бесплатно, на лизгалиштето на Градскиот плоштад ќе лизгаат учениците од сите основни училишта во градов. Бесплатното лизгање е закажано за период од 12 до 14 часот секој работен ден со исклучок на викендите. Денес бесплатно први ќе лизгаат учениците од ОУ „Братство и единство“, утре ќе бидат учениците од „Св. Климент Охридски“, а задутре од „Кочо Рацин“. Во понеделник на 13-ти јануари ќе лизгаат учениците од „Христо Узунов“, во вторник од „Ванчо Николески“, во среда од „Живко Чинго“, во четврток од „Св. Наум Охридски“, а во петок од…
повеќе...Пензионерите и догодина на бесплатна бањско-климатска рекреација
Проектот Бањско-климатска рекреација на корисници на пензија ќе продолжи и во 2014 година. Повикот за користење на услугата за наредната година ќе биде објавен во јануари. Досега за четири години, период во кој што се спроведува овој проект, можноста за користење на услугата бањско-климатска рекреација ја искористиле 5.500 лица за што од буџетот биле издвоени 30 милиони денари. „Пројавениот интерес на корисниците на пензија за користење на услугите во 2010, 2011, 2012 и 2013 година потврдува дека има потреба од продолжување на проектот и во наредната 2014 година за што…
повеќе...Општина Дебарца распишува јавен оглас за бесплатна обука со компјутери за почетници
Врз основа на член 50 од законот за локална самоуправа, градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски распишува Јавен оглас за бесплатна обука со компјутери за почетници. Кандидатите кои се пријавуваат на јавниот оглас треба да достават копија од лична карта и контакт телефон. Заинтересираните потребната документација да ја достават до Општина Дебарца со назнака „за јавен оглас“. Јавниот оглас ќе трае 5 дена од денот на објавувањето. На крајот на курсот кандидатите ќе полагаат, со што ќе се стекнат со соодветни сертификати. По завршување на јавниот оглас, пријавените кандидати ќе бидат…
повеќе...Три илјади деца ја искористиле можноста за бесплатен одмор
Вкупно 3.000 деца од семејства во социјален ризик ја искористиле можноста да отидат на бесплатен одмор и рекреација на трошок на државата. Од нив, 2.000 деца биле на летување во 2012 и 1.000 на зимување во јануари 2013 година. „Како Влада исклучително сме задоволни од реализацијата на овој проект бидејќи се помина во најдобар ред, без непредвидени ситуации и проблеми. Во неколку наврати ги посетивме дечињата во одморалиштата, при што видно беше задовиолството кај нив особено затоа што многу од нив за прв пат во животот имаа можност да одат…
повеќе...