Во ОУ „Григор Прличев“ се реализира едукативна кампања за безбедност во сообраќајот „Јас внимавам“

Денес, првачињата од ОУ „Григор Прличев“ имаа одлична можност низ детска претстава да научат како правилно да се однесуваат во сообраќајот. Претставата беше во форма на симулација на сообраќајни ситуации и демонстрација на сообраќајни правила и прописи, со цел децата на интересен и забавен начин да научат како треба правилно да се однесуваат во сообраќајот, за нивна поголема безбедност. Детската претстава која беше изведена во ова училиште е дел од едукативната кампања под наслов „Јас внимавам“ во организација на ОКТА АД – Скопје, а се реализира во соработка со Министерството…

повеќе...

Едукативна кампања во Охрид „Безбедноста е најважна лекција“

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид, согласно програмата за работа за 2017 година, утре 13.10.2017 година (петок), ќе отпочне со реализација на едукативната кампања „Безбедноста е најважна лекција“. Кампањата, ќе се реализира во текот на овој месец во соработка со Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот заедно со учениците од трето одделение при основните училишта во Охрид. Предвидено е, претставници на ОСБСП, да ги посетат основните училишта и на третоодделенците да им поделат сообраќајно-едукативна брошура „Сообраќајна лектира“, во која, илустративно се поместени неколку основни правила и прописи…

повеќе...

Препораки за храна во летниот период

Што е препорачливо да се јаде секој ден, особено во лето? Овошје и зеленчук Постојат три причини зошто е препорачливо да се јаде повеќе овошје и зеленчук. Прво, овошјето и зеленчукот се главни извори на голем број хранливи состојки кои луѓето обично ги внесуваат во количини помали од препорачаните, како фолати, магнезиум, калиум, влакна и витамини A, Ц и К. Внесувањето на некои од овие нутриенти во организмот е важно за целата популација (влакна, витамини и калиум), додека некои од нутриентите (фолна киселина) се важни за специфични групи, како на…

повеќе...

Охрид домаќин на голема меѓународна научна конференција за безбедност

Факултетот за безбедност-Скопје во коорганизација со фондацијата „Ханс Зајдел„ и Комората на Република Македонија за приватно обезбедување од денес (04.06.2017 год.) во наредните три дена до (06.06.2017 год.) во хотел „Метропол„ во Охрид е домакин на 8-та по ред голема меѓународна научна конференција од областа на безбедноста на тема „Безбедносни концепти и политики- новата генерација на ризици и закани“. На овој научен собир ќе земат учество над 120 учесници професори и експерти од 15 земји од светот меѓу кои од САД, Шпанија, Италија, Турција, Чешка, Романија, Полска, Словенија, Хрватска, Албанија,…

повеќе...

Конкурс за спасители на отворени води

Црвен крст Охрид за потребите на Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид распишува Конкурс за пријавување на кандидати за Курс за спасители на отворени води. Обуката која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода, содржи теоретски и практичен дел, а ќе се реализира во Охрид во периодот од 19-26 јуни 2017 година. Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови: да се на возраст не помлади од 18 години (да достават соодветен доказ-извод на родени, лична карта); да достават Потврда за здравствена способност за обавување…

повеќе...

Општинскиот совет за безбедност со апел за одговорно учество во сообраќајот

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи во текот на првомајските празници, со цел зголемување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Охрид. Во услови кога во Охрид бележиме зголемената фреквенција на сообраќај, посебно во централното градско подрачје, потребно е дисциплинирано управување на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење, исклучиво користење безбедносни појаси, некористење на мобилните телефонони во…

повеќе...

Програмата на ОСБСП Охрид за 2017 предвидува реализација на повеќе едукативни кампањи

Програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата на град Охрид за 2017 година, предвидува реализација на повеќе едукативни кампањи насочени кон општата јавност и кон сите целни групи-учесници во сообраќајот. Целта е унапредување на безбедноста на сообраќајот во Охрид, подигнување на јавната свест за почитување на сообраќајните правила и прописи, за внимателност во сообраќајот, подигнување на сообраќајната култура кај сите учесници посебно на ранливите категории, намалување на сообраќајните незгоди, загуба на човечки животи, телесни повреди и материјални штети, но и низ идеи да се влијае…

повеќе...

Седница на Советот за безбедност во собраќајот на патиштата на град Охрид

Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата на град Охрид, денес одржа редовна седница. Членовите на Советот, го усвоија записникот од претходната седница, по што претседателот на Советот м-р Стефан Димоски, ја изнесе предлог програмата за работа на Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид за 2017 година. Како што истакна претседателот Димоски, програмата за работа на ОСБСП Охрид за 2017 година предвидува реализација на повеќе значајни проекти и активности насочени кон општата јавност и кон сите целни групи-учесници во сообраќајот со цел унапредување на безбедноста на…

повеќе...

Успешна година на Општинскиот совет за безбеднoст во сообраќајот на Охрид

Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид имаше исклучително успешна година. Во текот на минатата година реализирани се околу 20 проекти и кампањи насочени кон сите целни групи и кон општата јавност, вели претседателот на ОСБСП, Стефан Димоски. По тој повод, денес на пригодна свеченост, во малата сала на Општина Охрид, Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот, на 50 субјекти им додели благодарници за посебен придонес во подигнувањето на свеста за одговорно учество во сообраќајот и сообраќајната култура во 2016 година. „Целта на овие проекти кои што…

повеќе...

Најмладите од градинката „Јасна Ристеска“ испратија новогодишни пораки за безбеден сообраќај

Со денешната активност „Новогодишни пораки за безбеден сообраќај“, општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата на град Охрид, ја заокружи работата за 2016 година. Денес, во рамките на предновогодишната програма на Градскиот плоштад, во соработка со детската градинка „Јасна Ристеска“, најмладите ги испратија новогодишните пораки до сите учесници во сообраќајот. Тие, со испишани пароли за поголема безбедност и внимателност во сообраќајот, излегоа на сцената и на возрасните им упатија серија пораки со кои, од возачите на автомобили и другите учесници побараа поголема совесност и одговорност во сообраќајот. Во пресрет…

повеќе...