„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ е сообраќајно воспитна едукативна акција што полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид ќе ја реализира со првооделенците од основните училишта во општинава. За таа цел, вчера во основното училиште „Христо Узунов“, претставници на сообраќајната полиција имаа работен состанок со раководителите во основните училишта при што беа договорени планските мерки и диманиката за реализација на активностите предвидени во рамките на оваа проектна активност. Пред претставниците на училиштата беше промовиран видео материјалот „Сообраќаен буквар“ наменет за првоодделенците како најмлада категорија учесници во сообраќајот. Истиот…
повеќе...Tag: безбедност
Анализа за безбедноста на патниот сообраќај во Република Македонија
Зголемената фрекфенција и густината на сообраќајот на патиштата во Република Македонија во текот на првото полугодие од 2014 година, а особено непочитувањето на сообраќајните правила од страна на учесниците во сообраќајот, пред се на возачите, имаше за последица случување на 1.716 сообраќајни незгоди со потешки последици. Максималната ангажираност на службите за безбедност на патниот сообраќај на Министерството за внатрешни работи резултираше со поповолна безбедносна состојба во сообраќајот за што сведочат намалениот број на сообраќајните незгоди со потешки последици, каки и намалување на бројот на жртвите-учесници во патниот сообраќај. Од извршената…
повеќе...Во Охрид утре ќе се одржи ревијално возење моторцикли
По повод воспитно-едукативната акција „Недела за безбедност на моторциклистите во Република Македонија“ утре напладне во Охрид ќе се одржи ревијално возење моторцикли. Целта на акцијата е испраќање порака за поголема безбедност на моторциклистите во сообраќајот поради нивната се поголема присутност во сообраќајот. Утрешното ревијалното возење моторцикли низ сообраќајниците на Охрид што ќе почне од градскиот плоштад, треба да ја покаже заложбата на членовите на моторциклистичките клубови и здруженија на моторциклисти од Охрид за безбедно и внимателно управување моторцикл, почитување на сообраќајните правила и прописи и задолжително користење на заштитните шлемови.…
повеќе...Меѓународен научен собир за безбедност во Охрид
Утре, среда во Охрид свечено ќе биде отворена Меѓународна научна конференција на тема „Македонија и Балканот 100 години од првата Светска војна – Безбедност и евроатлански интеграции. Конференцијата во организација на Факултетот за безбедност-Скопје ќе се одржува престојните два дена во Охрид. Свое учество ќе земат претставници од Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија, Македонија и др. Овој голем меѓународен научен собир за безбедноста се одржува по петти пат во регионот. Над 100 меѓународни професори и научни ќе презентираат свои трудови и воедно ќе дебатиртаат на…
повеќе...СВР Охрид со позачестени активности за беспрекорен ред во сообраќајот
И покрај поволните безбедносни параметри, СВР Охрид продолжува со доследно, целосно и професионално спроведување на планските мерки за континуирано подобрување на безбедноста и сигурноста на граѓаните и туристите. Активностите пред се ќе имаат превентивен карактер, а целта е зголемување на степенот на безбедносната култура, елиминирање на можностите за нарушувања на јавниот ред и мир, вршење кражби и теренски увид на сообраќајот на повеќе сообракајници низ градот. Во таа насока, бележејќи зголемен број на туристи овие денови и зголемена фрекфентност во сообраќајот, СВР Охрид ќе спроведе позачестени мерки за беспрекорен ред…
повеќе...Реализиран проектот „За мојата безбедност се грижиме јас и мојот пријател полицаец“
По повод 7 мај, Денот на Македонската полиција, претставници на СВР Охрид денес ја посетија детската градинка „Јасна Ристеска“ каде вработените и дечињата го реализираа завршниот дел од проектот „За мојата безбедност се грижиме јас и мојот пријател полицаец“.
повеќе...Кампања на МВР за безбедни матурски прослави
Во пресрет на матурските вечери во мај, Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи денеска ја промовираше годинашната кампања со совети за матурантите и полуматурантите како да се однесуваат и на што да внимаваат кога ќе слават. Кампањата „Безбедни матурски и полуматурски прослави“ беше промовирана во рамки на Деновите на образование и кариера. СВР има штанд со брошури и инфоматеријали, меѓу другото, и извадоци од Законот за прекршоци на јавниот ред и мир, од Кривичниот законик и од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Летоците ќе им се…
повеќе...Одржана интерактивна работилница во ОУТУ „Ванчо Питошески“
Под мотото „Јас пешачам за … “, денеска во ОУТУ „Ванчо Питошески“ во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид, за учениците се одржа интерактивна работилница преку дискусија на темите „Застани на време“ и „Помини на пешачки премин“, како превентивно-едукативна активност за намалување на бројот на загинати и повредени пешаци во рамки на Неделата за безбедност на пешаците, што се одбележува од 1 до 7 април. Беше истакнато дека во Македонија лани загинале 48 пешаци. Во просек годишно животот го губат 40 пешаци, а…
повеќе...Досегашниот тек на предизборните активности во фер и демократска атмосфера
Досегашниот тек на предизборните активности се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера и не се евидентирани никакви инциденти или нарушување на јавниот ред и мир. Со оглед дека од утре почнува и кампањата за предвремените парламентарни избори МВР ќе ги динамизира своите активности во насока на обезбедување на непречено и мирно одвивање на избирачките процеси при што ќе бидат ангажирани околу 7.000 полициски службеници кои минатиот месец мина интензивна обука посветена на изборниот процес. Ова меѓу другото беше констатирано на денешниот состанок на Оперативниот штаб на МВР формиран за…
повеќе...Се одбележуваат дел од крстосниците во Охрид
Јавното Претпријатие „Нискоградба“ – Охрид со цел зголемување на безбедноста на возилата и пешаците денеска врши обележување на раскрсницата на улиците „Даме Груев“ и „Марко Нестороски“ (ОУ Христо Узунов) и улиците „Марко Нестороски“ и „Васил Главинов“.
повеќе...