НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, во понеделник (17-ти ноември) ќе организира сеќавање во чест на Миодраг Павловиќ, добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1970 година. Миодраг Павловиќ е роден во Нови Сад. И покрај тоа што завршил медицински факултет во Белград, најголем дел од својот работен век поминал во културата. Бил директор на белградското Народно позориште и уредник во издавачката куќа „Просвета“. Член е на Српската Академија на Науки и Уметности. Творечкото дело на Павловиќ е богато и разновидно: поезија, проза, драми и патеписи,…
повеќе...Tag: библиотека
Избрани учениците со најдобри резултати кои ќе го претставуваат Охрид на натпреварот „Млади библиотекари“
НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ги известува сите ученици од Основните училишта од Охрид и околината дека ги избра учениците кои покажаа најдобри резултати на натпреварот „Млади библиотекари“ кој минатата недела се одржа во Библиотеката. Според комисијата која го организираше натпреварот и ги прегледа резултатите од тестирањето, ученичката Глорија Петреска од 8 одд. од ОУ „Братство и Единство“ од Охрид и ученичката Симона Филкоска од 9 одд. од ОУ „Живко Чинго“ од с. Велгошти, покажаа најдобар успех од сите учесници, односно освоија максимум 150 бодови. Годинава за прв пат…
повеќе...Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ ќе се одржи на 10-ти октомври
Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид општинскиот натпревар „Млади библиотекари“, годинава ќе го одржи на 10-ти октомври во просториите на Библиотеката, а почетокот на натпреварот ќе биде во 12 часот. Право на учество на овој натпревар имаат членовите на библиотеките од Основните училишта од Охрид и околината и членовите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид до 14 годишна возраст. Комисијата ги повикува сите ученици кои имаат интерес за учество во натпреварот за подготовка да го користат прирачникот „Млади библиотекари“ од Миле Бошески, кој може да го изнајмат од…
повеќе...Зголемен бројот на високошколските библиотеки
Според податоците на Државниот завод за статистика и според Kласификацијата на библиотеки, во Република Македонија постојат национални, високошколски, специјализирани, неспецијализирани (општонаучни), библиотеки – национални установи и јавни (народни) библиотеки. Според податоците, во 2013 година, во споредба со 2010 година, бројот на високошколските библиотеки е зголемен за 16.1%. Бројот на останатите библиотеки во 2013 година, во споредба со 2010 година, е останат на речиси исто ниво.
повеќе...Библиотеката го збогати книжниот фонд со нови наслови
НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид го збогати книжниот фонд со нови наслови. Одделението за возрасни читатели е збогатено со повеќе наслови меѓу кои: – На прв поглед – Николас Спаркс – Заштитникот – Николас Спаркс – Ноќите во Родана – Николас Спаркс – Спасување – Николас Спаркс – Прошетка за сеќавање – Николас Спаркс – Отворен круг – Лилјана Мазова – Ефремов – Милош Милошески – Приказни од животот – Сју Милер – Љубов – Лоранс Планзе – Човечкото тело – Паоло Џордано – Роман за прељубата – Исидора…
повеќе...„Последната пролет во Париз“ – најновиот роман на Алимпиќ од денес во Охридската библиотека
„Последната пролет во Париз“, најновата книга од Јелена Бачиќ Алипиќ од денеска читателите може да ја изнајмуваат од Охридската библиотека. Станува збор за возбудлив роман во облик на исповед на старицата Марија Колчак која преку своите спомени го менува животот на новинарката Олга Лашез. Јелена Бачиќ Алимпиќ е најчитаниот автор во последниов период, а нејзини романи се „Рингишпил“ и „Писмото на госпоѓа Вилма“ кои исто така ги има во Охридската библиотека.
повеќе...Ќе се промовира книгата „Скинатиот цвет еднаш умира“ од Злате Аргил Ситникоски
Во Прличевата одаја при Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“, Охрид, денес ќе биде промовирана книгата „Скинатиот цвет еднаш умира“ од Злате Аргил Ситникоски. Промотор на книгата е охридскиот поет Тоде Илиевски.
повеќе...Во среда ќе биде промовирана книгата „Вечната светлина над Македонија“ од Гордана Димовска
Во чест на 24 мај – Денот на македонските просветители, Светите Кирил и Методиј, Љубители на литература, култура и наука, Св. Висарион Демир Хисар и охридската библиотека „Григор Прличев“ организираат промоција на книгата „Вечната светлина над Македонија“ од Гордана Димовска. Промоцијата ќе започне со стиховите од песната „Солунски браќа“ од Гордана Димовска. Книгата ќе биде промовирана во среда, 21 мај, со почеток во 12 часот, во НУ Библиотека „Григор Прличев“- Охрид.
повеќе...Охридската библиотека го одбележа Меѓународниот ден на книгата за деца и млади
НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и годинава го одбележа 2 Април – Меѓународниот ден на книгата за деца и млади, со организирање средба со писателот Тоде Илиевски, член на Друштвото на писатели на Македонија, автор на дванаесет книги, добитник на наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади објавена во 2009 година. „Денеска е 2-ри април, меѓународен ден на детската книга, многу земји се членови, меѓународната организација, светски совет на детската книга, меѓутоа Македонија не е членка сеуште, и јас за таа условно да речам неправда или…
повеќе...Охридската библиотека ќе го одбележи Меѓународниот ден на книгата за деца и млади
НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и оваа година ќе го одбележи 2 Април – Меѓународниот ден на книгата за деца и млади, со организирање средба со писателот Тоде Илиевски, член на Друштвото на писатели на Македонија, автор на дванаесет книги, добитник на наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади објавена во 2009 година. На средбата ќе бидат претставени одбрани песни од стихозбирките: „Ведро едро“ (1990), „Изворите во горите“ (1999), „Липов чај“ (2009) и „Ќерката на поетот“ (2011), по што ќе следи разговор со писателот.
повеќе...