„Библиотеката на тркала“ во ОУ „Св.Климент Охридски“

Денес во ОУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид кое е дел од Проектот со читање до лидерство гостуваше „Библиотеката на тркала“. „Библиотеката на тркала“ претставува специјално пренаменето возило, опремено со книги и дидактички материјали за читање и математика во кое учениците од 1 до 3 одделение го посетуваат и се запознаваат со дидактичките материјали на еден интересен и несекојдневен начин.

повеќе...

Вечер на современиот македонски афоризам во градската библиотека

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе се одржи „Вечер на современиот македонски афоризам“ со учество на Јане Атанасоц, Миле Ѓорѓиоски, Марјан Ангеловски, Витомир Долински и Миро Георгиевски. Настанот ќе се одржи утре, 24-ти април (петок), во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид , со почеток во 18:00 часот.

повеќе...

Портретот на Андреј Вознесенски утре во охридската библиотека

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, по повод 23-ти Април – Меѓународниот ден на книгата и авторското право, ќе се одржи Портретот на Андреј Вознесенски. Реч за поетот ќе има Тоде Илиевски. Одбрани стихови ќе читаат Лиљана Мартинова и Мариче Боздоганова. Инаку  Андреј Вознесенски е роден 1933 година, а починал во 2010 година. Настанот ќе се одржи утре, во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 12:00 часот.

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на одбележување на 200 годишнината од раѓањето на Штросмаер

Градоначалникот Никола Бакрачески денес во Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“, присуствуваше на одбележувањето на 200 годишнината од раѓањето на хрватскиот великан од 19-от и почетокот на 20-от век, Јосип Јурај – Штросмаер. За македонскиот народ Штросмаер е особено значаен затоа што се залагал за издавање на капиталното дело „Зборникот на Миладиновци“со што започнува големата македонска преродба. За животот и делото на Штросмаер, зборуваа амбасадорот на Р. Хрватска во Р. Македонија проф. д-р Златко Крамариќ и директорката на библиотеката Александра Белевска. Штросмаер е личност од енциклопедиски формат, но неговото дело е…

повеќе...

Ќе се одбележат 200 години од раѓањето на хрватскиот културен деец Јосип Јурај Штросмаер

Во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, охридската библиотека и Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ – Струга ќе одбележат 200 години од раѓањето на хрватскиот културен деец Јосип Јурај  Штросмаер. Поздравна реч ќе има директорката на градската библиотека Александра Белевска. Модератор е писателот м-р Разме Кумбароски. Реч за животот и делото ќе има проф. д-р Златко Крамариќ, Амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија. Инаку, Јосип Јурај Штросмаер е роден 1815 година, а починал во 1905 година. Настанот ќе се одржи утре, 7-ми април (вторник) со почеток во 12:00 часот.

повеќе...

Доделени сертификатите од бесплатните курсеви по странски јазици и информатика

По повод одбележувањето на 106 годишнината од смртта на охридскиот преродбеник Кузман Шапкарев, денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“, градоначалникот Никола Бакрачески на пригодна свеченост ги додели сертификатите на 32 охриѓани кои изминатиов период ги посетуваа курсевите по англиски, германски јазик и информатика во ОЈУ „Кузман Шапкарев“, а кои ги финансираше Општина Охрид. „Водени од ентузијазмот на нашите предци и предизвиците кои ги наметнува денешното време, обезбедивме бeсплатни курсеви по англиски, германски јазик и информатика и ја заживеавме ОЈУ Отворени граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“. Лично се чувствувам…

повеќе...

„Охридска поетска китка“ во градската библиотека

Во Прличева одаја при Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“- Охрид утре ( петок), со почеток во 12: 00 часот ќе се одржи поетската манифестација „Охридска поетска китка“. На настанот ќе учествуваат Елена Ангелоска, Даниела Илијоска, Зорица Илијоска, Роза Костеска, Наташа Митреска, Маја Мојсова и Жаклина Ристоска.

повеќе...

Промовирано ЦД издание за Прличев

Заменик, градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев заедно со своите сограѓани, присуствуваше на промоцијата на ЦД изданието за животот и делото на Прличев, по објавувањето на поемата „Сердарот“ што денеска се одржа во НУ Библиотека „Григор Прличев“ со што започна годинешната манифестацијата „Прличеви беседи “. Ова издание заедно со ЦД-то кое во рамки на истата манифестација беше промовирано минатата година, а кое се однесува на детството и младешките години на поетот до објавувањето на поемата „Сердар“, представуваат прв материјал кој го поседува библиотеката во аудио форма, а кој се однесува на…

повеќе...

Утре ќе се промовира книгата „Веселба во шумата“ од Мирко Томовски

Во Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“ Охрид ќе се одржи промоција на книгата „Веселба во шумата“ од Мирко Томовски. Промотор на книгата ќе биде писателот Тоде Илиевски. Промоцијата на книгата ќе се одржи утре-петок, со почеток во 12:30 часот, во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“.

повеќе...

Поставена јавна библиотека кај Холандскиот парк

Унијата на млади сили на ВМРО -ДПМНЕ Охрид, денес во Холандскиот парк постави јавна библиотека во која граѓаните ќе можат слободно да оставаат или да земаат книги. На поставувањето покрај членовите беше присутен и координаторот за петата изборна единица, Дејан Пандилески. Претседателот на УМС на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид, Илија Арнаудоски истакна дека оваа е одлична можност за сите граѓани да можат слободно да разменат книги со други љубители на книги. Исто така Арнаудов испрати отворена покана до сите кои сакаат да присуствуваат на регионалната ораторска вечер која ќе…

повеќе...