Народен Театар Битола со „Последната ноќ“ во сабота ќе гостува во Охрид

Народен Театар Битола во сабота, 28ми октомври ќе гостува во Охрид со претставата „Последната ноќ“ од Ингмар Вилквист, а во режија на Андреј Цветановски. Претставата ќе биде со почеток во 20:00 часот. Во претставата играат: Марјан Ѓорѓиевски и Соња Михајлова. Превод: Ана Светозаров, Сцена: Сергеј Светозарев. Костими: Марта Дојчиновска, Музика: Димитар Андоновски. Картите по цена од 150 денари се веќе пуштени на билетарницата при театарот. „Оваа претстава е обид да се покаже што прави надворешниот свет врз домот на едно семејство, како домот се растура под стегите на тоа што се случува надвор. Една фамилијарна приказна…

повеќе...

Спасени две лица кои се изгубиле на Пелистер

Вчера околу 20:00 часот на телефонскиот број за итни повици 195 Центарот за управување со кризи добил известување од две лица дека се изгубиле на планината Пелистер и дека се во добра здравствена состојба. Од нив биле добиени координатите за локацијата на која се наоѓаат по што веднаш биле известени во Дирекцијата за заштита и спасување – Битола од каде биле испратени тројца планинари. Лицата се пронајдени утрово во 02:40 часот.

повеќе...

Третоодделенците од ОУ „Григор Прличев“ на екскурзија во Битола

Учениците од трето одделение од Основното Училиште „Григор Прличев“ Охрид, денес реализираа еднодневна екскурзија во Битола. Тие заедно со своите наставнички се прошетаа по битолската чаршија, го посетија Народниот театар, и Зоолошката градина. За учениците беше организиран и ручек. На крај учениците се вратија задоволни и среќни што ја имаа оваа прекрасна незаборавна екскурзија. WebOhrid

повеќе...

Битолчанец повреден изведувајќи градежни работи во верски објект во Охрид

На 18.04.2017 година во 14.30 часот во Охрид, Д.К. (51) од Битола, изведувајќи градежни работи во верски објект ул. „Св.Климент Охридски“, паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Истиот со возило на Итна медицинска помош бил префлен во болницата „Св.Еразмо“ каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид.

повеќе...

Сопругот осомничен за убиство на жена во Битола

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против лицето И.Д (53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ убиство“ по чл.123 ст.1 и ст.2 од Кривичниот законик на Република Македонија. Пријавениот делото го направил на крајно свиреп начин и тоа со повеќе удари со тап тврд предмет, најверојатно сукало, кое го имал дома, и на жртвата и нанел смртоносни повреди во пределот на главата. Пријавениот, на 13.03.2017 околу 09.52 часот во СВР Битола, пријави дека во нивниот семеен дом околу 09.50 часот ја пронашол…

повеќе...

Битолчанец неовластено употребил платежна картичка од охриѓанец

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Т. (31) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 02.01.2017 година во околу 12.29 часот пријавениот во два наврати неовластено употребил платежна картичка, сопственост на С.Т. (49) од Охрид, а живее во Битола, но поради недоволно средства на истата, не успеал да подигне пари.

повеќе...

Отворен 37. Интернационален фестивал „Браќа Манаки“

Под мотото „Почувствувај ја светлината, почувствувај ја Битола“ и со перформанс што го подготви режисерот Мартин Кочовски во кој настапија актери од Битолскиот и Прилепскиот театар, студенти од ФДУ и гимназијалци од овој град, во Битола почна најновото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Кинематографери, режисери, актери и други претставници од филмската индустрија од целиот свет вечерва најнапред на црвениот килим, а потоа и пред сцената во Центарот за култура, го поздравија оскаровецот Џон Сил, кинематографер од Австралија кому беше врачена златна „Камера 300“ за „животно дело“,…

повеќе...

Меѓународната организација за заштита на животните бара затворање на битолската зоолошка градина

Меѓународната организација за заштита на животните (ОИПА) и организацијата „Анималиа“ од Охрид упатија апел до македонската влада во кој бараат да се затвори зоолошката градина во Битола. Во писмото стои дека животните престојуваат во несоодветни услови и се хранат со мртви тела на кучиња скитници. „Овој објект мора да се затвори што е можно поскоро, а животните да се преселат во соодветно живеалиште. Чувањето на овие животни во мали бетонски кафези претставува нивна сурова злоупотреба. Животните не се објекти кои можат да се користат за да се соберат пари и да се…

повеќе...

Министерот Чавков присуствуваше на манифестацијата „Летен хепенинг 2016“ во преспанскиот регион

Денес на плажата „Конект“ на Преспанското Езеро министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков присуствуваше на манифестацијата „Летен хепенинг 2016“ , кој се реализира во рамките на проектот „Безбедно на нашите плажи’“. Целта на овој проект е да се подигне свеста на посетителите на туристичките места за самозаштита од кражби, да се делува превентивно, како би се намалил бројот на кражби на вредни предмети на плажите, како и провални кражби од возила, камп-приколки и бунгалови во туристичките населби во Преспанскиот регион на Општина Ресен, како и зајакнување на довербата помеѓу…

повеќе...

Канческа Милевска: „Битола Шекспир фестивал“ е нов македонски бренд

Интернационалниот „Битола Шекспир фестивал“ е резултат на нашите заеднички заложби, Република Македонија да ја претставиме пред светот, но и светот да го донесеме во Република Македонија, истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на денешната прес-конференција во Битола во пресрет на четвртото издание на фестивалот кој почнува утревечер. Според Канческа Милевска, „Битола Шекспир фестивалот“, низ своите четири изданија, успеа да се етаблира како фестивал кој ги обединува најдобрите остварувања на театарските куќи од светот кои презентираат свежи и смели пристапи кон творештвото на најголемиот драмски автор на сите времиња. „Во…

повеќе...