Корпоративно управување во Семејните Бизниси

Семејните компании се од витално значење во секое општество и како такви заслужуваат посебно внимание не само поради огромниот број на работни места кои ги креираат во општеството, не само поради приходот кој го остваруваат, туку и поради нивната специфичност при работењето. Само оние кои имаат семеен бизнис можат да посочат со какви сѐ предизвици се соочуваат секојдневно, не само од гледна точка на тоа како да го постават бизнисот во вистинска насока која ќе им носи успех и профит, туку и како да ги одвојат семејните односи од бизнис…

повеќе...

Конференција за предизвиците на транзицијата на семејните бизниси

На 31ви мај во организација на Клиар Вју Бизнис Тренинг Центар, трета година по ред ќе се одржи Конференција за предизвиците на транзиција на семејните бизниси. Импресиите од минатогодишната конференција се одлични. Конференцијата беше посетена од 130 слушатели, поголемиот дел од нив сопственици и наследници на мали и средни семејни бизниси кои имаа можност да ги слушнат искуствата на деветте панелисти, истакнати бизнисмени на македонски компании, кои го поминале процесот на транзиција на наследството или се обидуваат да го направат во иднина тоа што побезболно. Оваа година ќе се обработат…

повеќе...

Лојална конкуренција и еднакви развојни можности бараат компаниите од охридско – струшкиот регион

Најголемите проблеми за компаниите од охридско – струшкиот регион се нелојалната конкуренција, нееднаквите можности за водење бизнис, а најголемото очекување е развој и подобрување на локалната инфраструктура. Ова се заклучоците од деловната средба организирана од Бизнис Конфедерација на Македонија со претприемачите и претставниците на микро, малите и средните компании од овој регион. На средбата подеднакво се дискутираше и за поставувањето приоритети и изнаоѓање решенија за подобрување на бизнис климата во Македонија и создавањето на одржлив бизнис и деловност за компаниите. „Ова ни е веќе втора средба со локалните компании од…

повеќе...

Украинските стопанственици да ги искористат компаративните предности на Македонија за нивните бизниси

Украинските стопанственици се повеќе знаат за позитивната тенденција на водење бизнис во Македонија. Импресионирани се од економските резултати што ги постигна земјава во последните 10 години и тоа дополнително ги стимулира директно да соработуваат со македонските компании, беше речено на денешниот Македонско-украински бизнис форум што се одржа во Владата. На форумот присуствуваа премиерот Емил Димитриев, министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и украинската делегација предводена од претседателот на Стопанската комора за трговија и индустрија на Украина Генадиј Дмитриевич. Беше констатирано дека двете земји имаат одлични политички односи базирани на…

повеќе...

Започна второто издание на StartQube летниот камп за бизниси во Охрид

Вчера во Велестово, Охрид официјално започна второто издание на летниот камп за претприемачи и стартапи познат како StartQube, кој ќе трае една недела. Во текот на настанот, 15тина учесници, 4 ментори и организаторите живеат заедно и споделуваат идеи и искуства за градење бизниси и развивање на идеи до бизнис. Во текот на кампот преку 14 работилници кои ја сочинуваат уникатната програма на StartQube од А до Ш се покрива развивањето на една идеја до целосен и самоодржлив бизнис. Летниот камп е организиран од Здружението за развој СТАРТАП ЗОНА, кое се…

повеќе...

Македонците се наоѓаат во PayPal заблуда

Поминаа точно две години откако PayPal „пристигна“ во Македонија. Но, дали овој сервис функционира за Македонците!? Да, доколку сакате да ставите пари од вашата картичка и да купувате или плаќате на интернет. Не функционира, доколку работите нешто преку интернет и сте заработиле одредена сума на пари кои сакате да ви бидат исплатени на вашата PayPal сметка, или пак доколку некој друг сака да ви префрли средства од негова сметка. На тоа прашање, WebOhrid побара детално објаснение од страна на PayPal. WebOhrid: Дали Македонците не можат да примаат средства на своите PayPal…

повеќе...

Конференција „Предизвици на транзицијата на семејните бизниси“ на 29 јуни во Скопје

Како да знаете кога е прав момент да го препуштите управувањето на следната генерација? Што треба како основачи да им пренесете на наследниците? Кои се правите чекори? Какви знаења и вештини треба да поседуваат наследниците пред да го преземат управувањето на компанијата? Како да изградите култура на компанија која ќе влијае позитивно на сите вработени? Како да ги инкорпорирате позитивните семејни вредности во компанијата? Како да дојдете до свеж капитал за вашата следна инвестиција? Кои се опциите? Ова се дел од прашањата на кои ќе се одговори на конференцијата. Втората македонска конференција под наслов „Предизвици на транзицијата на семејните…

повеќе...

Претседателот Иванов на средба со претставници од Либанско – македонскиот совет на бизнисмени

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими претставниците од Либанско – македонскиот совет на бизнисмени, кои престојуваат во посета на Република Македонија, по повод потпишување на Договорот за соработка со Стопанската комора на Македонија. На средбата претседателот Иванов го поздрави договорот помеѓу двете институции и изрази поддршка за отпочнатата економска соработка меѓу Република Македонија и Либан. Во разговорите беа разменети мислења околу можностите за продлабочување на економските односи, при што македонскиот претседател ги истакна севкупните природни капацитети и ресурси со кои располага Република Македонија, како и поволностите…

повеќе...

Охрид домаќин на македонско – чешки бизнис форум

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески , денеска прими висока делегација предводена од директорот на Одделот на канцеларијата на чешкиот претседател, Јиндриц Форејт , амбасадорот на Р. Чешка во Р. Македонија, Мирослав Рамеш и економски советници од чешката влада. Повод за работната средба беше македонско – чешкиот Бизнис Форум што на 9-ти и 10 јуни се одржува во Охрид а на кој ќе учествуваат, претседателот на Р. Чешка , Милош Земан, претседателот на Р. Македонија Ѓорге Иванов , познати чешки бизнисмени и новинари од најпознатите медиуми од оваа земја. Градоначалникот, Бакрачески…

повеќе...

Пешевски на Светски форум на бизнис ангели во Истанбул

Бизнис ангелите имаат особено големо влијание во креирањето нови работни места, овозможуваат полесен пристап до финансиски средства за компаниите и се особено значајни за имплементација на иновации добиени со претходни искуства. Инвестициите на „бизнис ангелите“ достигнаа 5,5 милијарди евра со што се создадени над 180.000 нови работни места. Тоа се заклучоците што вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски ги презентираше во завршниот дел од тркалезната маса која се одржа во рамките на „Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели“ (WBAF – World Business Angels Investment Forum) во Истанбул, Република Турција. Вицепремиерот…

повеќе...