Претставници од општина Охрид, предводени од претседателката на градскиот Совет, Гордана Коњановска и заменик градоначалникот Ангел Јанев, присуствуваа на чинот на примо предавање на опремата што Ротари клубот од Охрид ја донираше за детското одделение при Општата Болница. Станува збор за донација од медицинска опрема во вредност од 40 илјади евра. Новата опрема се состои од повеќе современи медицински апарати на познати светски производители. Донацијата е обезбедена преку соработка во рамки на Ротари фондацијата на Меѓународната ротари организација и неколку ротари- клубови од Италија, Шведска и Србија. Неодамна Ротари- клубот…
повеќе...Tag: болница
Од понеделник започнува вакцинирањето на населението против сезонски грип
ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид од 27.10.2014 г. (понеделник) започнува со вакцинирање на населението против сезонски грип. Вакцинирањето ќе се изведува во епидемиолошката амбуланта на Центар за јавно здравје Охрид, секој работен ден од 8:30-15:00 ч. Овогодинешната вакцина против сезонски грип „Influvac“ е од производителот „Abbot Biologicals“ од Холандија. Цената на вакцина со аплицикација е 400,00 денари.
повеќе...Донирана помош во Геријатриското одделение при општата болница Охрид
Заменик градоначалникот на Охрид , Ангел Јанев денес присуствуваше во Геријатриското одделение при Општата Болница каде по повод Светскиот ден на хуманоста, Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“ од Австралија, донира дваесет и два специјални душеци и машина за перење за згрижените во ова одделение. Во австралиската донација влегува и ново поставениот ламинат во дел од собите . За вредната донација во име на градоначалникот на Охрид,се заблагодари заменик градоначалникот Ангел Јанев кој истакна дека Кога луѓето се во прашање- никогаш не треба да е доволно, секогаш помошта е добре…
повеќе...Пронајдено паднато машко лице во близина на градскиот пазар кое подоцна починало
По вчерашното пријавување за забележано паднато машко лице во близина на градскиот пазар кое подоцна починало, СВР Охрид презема мерки за утврдување на неговиот идентитет. Врз неговото тело нема траги на насилство што е констатирано по извршен патолошки преглед, а по наредба на дежурен Јавен обвинител. Се работи за машко лице на возраст од седумдесет до осумдесет години, висок околу 170 сантиметри, средно развиен, со бела ретка кратка коса и кратка брада. На себе имал сиво палто и пантолони, карирана сина кошула, сив џемпер и сива капа. Сега починатиот, вчера…
повеќе...Заменети искршените знаци на кружниот тек кај општата болница
Сообраќајните знаци на кружниот тек кај Општата болница, кои неодамна беа искршени од непознати сторители, по налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Локалната самоуправа, се заменети со нови. Заменети се и други искршени сообраќајни знаци на други локации, па затоа од Одделението за сообраќај и улици апелираат дека со заедничка акција на сите општествено одговорни институции, треба да се стави крај на ваквиот вандализам и сторителите да одговараат пред законот.
повеќе...Нефролошки пунктови за рано откривање на хронична бубрежна болест
За неколку дена почнува отворањето специјализирани нефролошки пунктови, односно амбуланти за хронична бубрежна болест (ХББ) во државата со цел рано откривање на пациентите со ризик од ХББ. Во амбулантите ќе работат доктори интернисти со субспецијализација нефрологија или пак интернисти со долгогодишно искуство на полето на нефрологијата. Постојат пет степени на ХББ и целта е да се дијагностицира прв, втор степен и со тоа да се успори прогресот на болеста. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека раното откривање на хронична бубрежна болест е…
повеќе...Завршна информација за состојбата на грипот во земјава
Во текот на 20-тата недела од 2014 година (од 12.05.2014 – 18.05.2014 година), во Република Македонија пријавени се 32 лица заболени од грип/заболувања слични на грип, во однос на 11 заболени лица во истата недела во претходната сезона на грип и 3 заболени лица просечно, во последните 10 години. Во сезоната 2013/2014, заклучно со 20-тата недела/2014, вкупниот број на заболени од грип во републиката изнесува 29.074, а морбидитетот на 10.000 е МБ=141,5. Во споредба со истиот период минатата година, постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи за 16%, а…
повеќе...„Свети Еразмо“ прва болница на Балканот што започна со изведување на лумбален кејџ
Специјалната болница на ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид продолжува воведувањето нови методи во оперативните зафати и лекувањето на пациентите, особено во неврохирургијата. Во оваа здравствена установа деновиве беа извршени првите две операции со поставување апкликација во лумбалниот дел односно поставувањето лумбален кејџ. Според директорот на болницата „Свети Еразмо“ доктор Митко Тилевски, ваквата најнова метода е од големо значење за болницата, а особено пациентите кои доколку би биле оперирани во странство би плаќале голема сума средства. „Тоа е најнова метода што во Македонија, на Балканот и во Југоисточна Европа…
повеќе...Во сезоната 2013/2014 бројот на заболени од грип изнесува 28.853 лица
Во текот на 16-тата недела од 2014 година (од 14.04.2014 – 20.04.2014 година), во Република Македонија пријавени се 105 новозаболени лица од грип/заболувања слични на грип, што е намалувaње од 52,9% во однос на минатата недела и 50% во споредба со бројот на заболени во 16-тата недела минатата сезона. Во однос на просечниот број на заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, бројот на пријавени случаи е поголем за 2,7 пати. Во сезоната 2013/2014 (заклучно со 16-тата недела) вкупниот број на заболени од грип во републиката изнесува 28.853…
повеќе...Целосно ќе се реконструира специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид денес одржа прес-конференција пред специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“, посветена на дел од градежните зафати во делот на реконструкција и адаптација на болницата, како и изградба на еден дел во кој ќе биде сместен Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид. „Болницата е повеќе од регионален центар и се изведуваат најсложени операции, и во идната програма како проект е целосна реконструкција на специјалната болница „Св.Еразмо“ од Охрид. Ќе имаме две фази, во првата фаза е предвидено реновирање на централната стара болничка зграда, реорганизирање на амбулантите,…
повеќе...