На 29-ти и 30-ти септември, повеќе тимови на Царинарница Битола за контрола на обележување и употреба на контролни марки – бандероли извршија контрола на повеќе зелени пазари, малопродажни и угостителски објекти кои вршат промет со акцизни добра на територијата на општините Прилеп, Битола, Охрид, Струга и Вевчани. Притоа, во 5 случаи од физички лица што продавале на зелените пазари во споменатите општини, привремено се задржани 112 литри домашна ракија, 3 литри коњак и 2,8 килограми режан тутун. Во 6 угостителски објекти е утврдена нелегална продажба на алкохол, пришто привремено се…
повеќе...Tag: царина
Царинската управа организираше состанок со увозниците и производителите на акцизна стока
Во насока на продлабочување на соработката со производителите и увозниците на акцизни добра, односно тутунски добра и алкохолни пијалоци, Царинската управа организираше по втор пат работни состаноци, кои се одржаа на 25 септември 2015 година, во просториите на Царинската управа. На состаноците присуствуваа околу 40 претставници на компании. Целта на овие средби, што се одржуваат најмалку еднаш на два месеци е подобрување на соработката помеѓу бизнис заедницата и Царинската управа, запознавање со новините во акцизното работење, разгледување и надминување на отворените прашања, односно подобрување на акцизниот систем во целина. На…
повеќе...Одржан состанок на Советодавното тело
Во Царинската управа денес се одржува редовен состанок на Советодавното тело, формирано во јануари 2009 година со потпишување на Меморандум, помеѓу Царинската управа, Стопанска комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, МАКАМТРАНС – Асоцијација на независни синдикати на камионски транспортери, СИЗ „Македонија сообраќај“ А.М.Е.Р.И.Т и Групацијата на меѓународни шпедитери и логистички оператори, а во согласност со стандардите на Ревидиранта Кјото Конвенција за зајакнување на соработката со бизнис заедницата, Оттогаш, на Советодавното тело му се придружија и: Американската стопанска комора во Република Македонија, Текстилното…
повеќе...Работилница за мерење на времето за поминување на стоките преку граница
Царинската управа информира дека од 15 – 17 септември, во Охрид, се одржа Работилница за мерење на времето за поминување на стоките преку граница. Работилницата е дел од поширокиот проект за мерење на времето за поминување на стоките преку граница кој Република Македонија планира да го имплементира во следниот период, користејќи ја методологијата на Светската царинска организација (СЦО) позната како Time Release Study (TRS). Нејзината организација беше поддржана од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД, a предавачи беа експерти на СЦО – Oluimo da Silva и Shujie Zhang.…
повеќе...Македонски државјанин се обидел од државата да изнесе 105 илјади евра
Царинските службеници од граничниот премин Ќафасан спречија обид за нелегално изнесување на голема сума девизи од државата. Вчера за излез од државата се пријави автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин (Е.А, 38 години). На прашање на царинскиот службеник, лицето изјавило дека нема ништо да пријави за царинска контрола, но прашан дали носи девизи со себе, одговорил дека има околу 2 илјади евра. Поради сомневање во изјавата, пристапено е кон детален преглед на возилото и претрес на лицето, при што во џеб од неговата облека се пронајдени пријавените…
повеќе...Запленети девизи, злато, тутун, цигари, делови за возила, облека, часовници и фалсификати
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, златен накит, топено злато, режан тутун, цигари, автоделови, делови за трактори, облека, часовници и фалсификати. Задржана е следната стока: Девизи и злато – 28.000 евра откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи македонски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Ќафасан. Во предниот џеб од панталоните на возачот биле пронајдени 30.000 евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на возачот му се вратени…
повеќе...Експерти од Република Турција одржаа обука во областа на контролата и истрагите
Деновиве, во просториите на Царинска управа, врвни експерти од Царинската администрација на Република Турција одржаа обука во областа на контролата и истрагите. Обуката е резултат на добрата билатерална соработка помеѓу царинските служби на Македонија и Турција. За време на обуката споделени беа искуствата и практиките на земјите во областа на контролите и истрагата, моменталната состојба и потребите и очекувањата за во иднина. Покрај ова, разгледани беа конкретните резултати од успешно воспоставената соработка во полето на размена на информации и беа разменети мислења и предлози за нејзино продлабочување во иднина.
повеќе...Работилница за царински постапки за поштенски сообраќај
Во периодот од 15 до 16 септември 2015 година во Скопје, Царинската управа на Република Македонија, преку TAIEX инструментот за техничка помош (Technical Assistance and Information Exchange instrument), организира Работилница за царински постапки за поштенски сообраќај. На семинарот, покрај царински службеници, учествуваат и претставници од Македонски пошти и Агенцијата за пошти, со цел размена на искуства и надградување на знаењето. Работилницата ќе овозможи подобро да се разбере транзитната постапка во поштенскиот сообраќај, вклучувајќи користење на гаранција, анализа на ризик, привремено складирање на поштенските пратки, потребни документи за извоз на мали…
повеќе...Запленети девизи, облека, енергетски пијалоци, модни дотатоци, фалсификати и друго
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, облека, маслиново масло, енергетски пијалоци, цигари, автоделови, футроли за мобилни, рачни часовници, кабел за инсталација за интернет, кутии за накит, козметички производи и фалсификати. Задржана е следната стока: Девизи – 10.000 евра, откриени при контрола на личниот багаж на албански државјанин, кој управувајќи албански камион, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Деве Баир. 20.000 евра се пронајдени во патна торба на возачот за кои не поседувал документ за потекло…
повеќе...Семинар за борба против фалсификување и пиратерија
Во периодот од 14-ти до 18-ти септември во Регионалниот тренинг центар на Светската Царинска организација во Скопје, Царинската управа на Република Македонија во соработка со Светската царинска организација, организира Семинар за борба против фалсификување и пиратерија. На семинарот, покрај царински службеници, учествуваат и претставници на институции релевантни за заштита на правата од интелектуална сопственост и тоа: Координативното тело за интелектуална сопственост, Државен завод за индустриска сопственост, Државниот пазарен инспекторат и Агенцијата за лекови. Семинарот овозможува преглед на најдобрите практики во поглед на законодавството за заштитата на интелектуалната сопственост во доменот на…
повеќе...