Денес, Програмата EXBS на Амбасадата на САД во Република Македонија свечено ја врачи донацијата на опрема наменета за спречување на незаконско тргување со стоки на Царинската управа и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Опремата која денес ѝ беше донирана на Царинската управа се состои од рачен рентген скенер од најнова генерација, вреден 50 илјади долари, потоа фиберскопи, бастери, детектори за радијацијаи друго. На свеченоста по повод примопредавањето, која се одржа на граничниот премин Блаце присуствуваа директорката на Царинската управа, г-ѓа Наташа Радеска Крстевска, помошник директорот на Секторот за…
повеќе...Tag: царина
Нов закон за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост
Во Службен весник на Република Македонија бр. 88 од 28.05.2015 година објавен е новиот Закон за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост. Структурата на истиот е изработена врз основа на новата регулатива на ЕУ бр. 608/2013, при што постои значителна разлика во врска со постојниот Закон за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост, кој е базиран на старата Регулатива на ЕУ бр. 1383/2003. Со денот на влегувањето во сила на овој Закон престанува да важи Законот за царински мерки за заштита на…
повеќе...Запленети цигари и алкохол, девизи, техничка стока и фалсификат прашок за перење
Mинатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, цигари, технички производи, алат, медицински материјали, средства за лична хигиена, козметика и фалсификати. Во соработка со Полицијата, спречен е и 1 обид за шверц на хероин. Задржана е следната стока: Цигари – 185 штеки цигари марка PALLMALL со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари биле сокриени во два специјално подготвени бункери во фиоката за документи пред совозачкото…
повеќе...Делегација на Царинската Управа на Царински форум „Економски појас на патот на свилата“ во Кина
Во период од 27 – 28 мај, делегација на Царинската управа на Република Македонија, предводена од директорот Наташа Радеска Крстевска, учествува на Форум на директорите на царинските управи насловен како „Економски појас на патот на свилата”, кој се одржува во Народна Република Кина, чијашто цел е поврзување и развој на царините. На форумот присутни се претставници од околу 60 земји учеснички, високи претставници на сите значајни европски и светски организации поврзани со царинското работење како и Генералниот секретар на Светската цариснка организација, Кунио Микурија. По потпишувањето на Рамковниот договор за…
повеќе...Спречен обид за нелегално изнесување на 37 илјади евра
Царинските службеници од граничниот премин Табановце – автопат спречија обид за нелегално изнесување на поголема сума девизи во државата. Утрово, за излез од државата се пријави автомобил марка Мерцедес CLS 320 CDI со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, придружуван од уште еден македонски државјанин. На прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, возачот одговорил негативно, додека патникот изјавил дека освен околу 2.200 евра, нема ништо друго да пријави. Поради сомневање во изјавата, лицата и возилото беа селектирани за детална контрола. При извршениот претрес…
повеќе...Република Македонија доби покана за пристапување кон конвенцијата за заедничка транзитна постапка
Вчера, Генералниот секретаријат на Советот на Европските Заедници, како депозитар на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока, по претходна одлука на Мешовитата комисија, до Мисијата на Република Македонија во Европската Унија, испрати покани за пристапување на Република Македонија кон претходно споменатите конвенции. Добивањето на поканите од Генералниот секретаријат на Советот на Европските Заедници е единствен начин за пристапување кон споменатите конвенции. Истите следат по успешно спроведената оценска мисија од страна на Мешовитата комисија, во рамките на која позитивно беше оценета подготвеноста…
повеќе...Работилница за распоредување на млечни производи, додатоци на храна и повеќе функционални уреди
Царинската управа во соработка со Светската царинска организација и под покровителство на Фондот за царинска соработка на Германија, од 04. – 08.05.2015 година во Скопје, организира Работилница за тарифно распоредување на одредени стоки со фокус на распоредување на млечни производи, додатоци на храна и мулти – функционални високо-технолошки уреди. Целта на оваа работилница е да се обезбеди ажурирање на класификацијата на млечни производи, додатоци на храна и на најновите мулти-функционални високо-технолошки уреди и еднообразна примена на Номенклатурата на хармонизираниот систем. Фокусот на работилницата ќе биде на суштинските основни правила на…
повеќе...Мониторинг мисија на информатичките системи на Царинската Управа
Во периодот од 23 до 27 март 2015 година, во Скопје се одржа Мониторинг мисија на Информатичките системи на Царинската управа и Управата за јавни приходи. Главна цел на мисијата беше да се оценат условите и напредокот на Република Македонија во оваа област т.е. интерконективноста и интерконектиблиноста со европските информатички системи. На 25 март 2015 година, се одржа состанок во Царинската управа, на кој присуствуваа експерти во областа на ИТ од Европската комисија – DG TAXUD (Генералниот директорат за царина и оданочување) и претставник на Делегацијата на Европска унија во…
повеќе...Македонски државјани фатени во обид да прошверцуваат околу 2 кг хероин
На 25-ти март во 04:30 часот на граничниот премин Богородица за влез во државата се пријави автобус сопственост на турската превозна компанија „Јадран Туризам“ со турски регистарски ознаки кој сообраќа на редовна линија Истанбул – Струга, со 43 патници. Автобусот беше селектиран за детална контрола. При контролата, во багажниот простор во црна патна торба со дупло дно, царинските службеници пронајдоа 4 црни кеси обвиткани со селотејп, наполнети со кафеава прашкаста материја со вкупна тежина од околу 2 кг, која на тестер за наркотици „NIK“ покажа дека се работи за наркотична…
повеќе...Запленети женски марами на граничниот премин Богородица
Царинската Управа откри околу 300 женски марами, на граничниот премин Богородица, при контрола на автобус со турски регистарски таблички, кој сообраќал на редовната линија Истанбул-Струга, а пријавен за влез во државата. Непријавените марами се пронајдени во 3 патни торби, сопственост на македонски државјанин, патник во автобусот.
повеќе...