Се известуваат економските оператори кои вршат увоз на нафтени деривати дека од 17.06.2014 година, нафтените деривати од тарифните броеви 2709, 2710 и 2711 увозно ќе се царинат во следните царински испостави: – Скопје 2– 1015, – Слободна зона Скопје – 1020, – Делчево – 3030, – Гевгелија – 4020, – Струга – 5060, – Скопје 4 – 1014 – за пратки во железнички сообраќај, – Аеродром Скопје – 1050 и Аеродром Охрид – 5042 за пратки во воздушен сообраќај и – Пошта Скопје – 1025 за пратки…
повеќе...Tag: царина
Одржан донаторски координативен состанок
Во просториите на Царинската управа, деновиве се одржа Донаторски координативен состанок. Состанокот претставуваше продолжение на воспоставената пракса на редовни средби со заинтересираните донатори, во склад со залагањето на Царинската управа странската помош да биде добро координирана и истата постојано да се надополнува, во интерес на царината и пошироката општествена заедница. На состанокот присуствуваа претставници на меѓународни организации и институции, пред кои беа претставени тековните активности, проекти, како и досегашната реализација на странската помош. Воедно, Царинската управа ги претстави идните краткорочни и среднорочни приоритети, во процесот на модернизација на царинското работење,…
повеќе...Насилнички чин на Табановце – патник ја искрши рампата на царинската контрола
На граничниот премин Табановце, патник ја искрши граничната рампа откако не му беше дозволен влез од царинските службеници поради носење на поголема количина техничка стока која подлежи на царина. На 10.04.2014 година околу 20:45 часот за влез во Република Македонија се пријави патничко моторно возило Opel Vectra-B Caravan со привремени германски таблички, управувано од македонски државјанин (А.Р.) кој патувал заедно со својата сопруга (М.Р). На прашање на царински службеници “Што имате да пријавите за царинска контрола” лицето одговорило дека во возилото носи нов телевизор, нов музички систем и лична багаж.…
повеќе...Одржана годишната регионална конференција на директорите на царините од европскиот регион на СЦО
Делегација на Царинската управа на Република Македонија, предводена од директорката, на 17 и 18 Март во Тбилиси, Грузија, учествувше на годишната регионална конференција на директорите на Царинските управи од европскиот регион на Светската царинска организација (СЦО). На конференцијата присуствуваа директори и високи претставници од 53 царински служби од земјите од регионот и генералниот секретар на СЦО. На конференцијата се разгледуваа најбитните прашања од регионален интерес, политиките на СЦО, зајакнувањето на царинските капацитети и Регионалните разузнавачки канцеларии за врски (РИЛО). Претставник на Царинската управа на Република Македонија ги презентираше најбитните тековни активности…
повеќе...Приведени лица, од кои тројца полициски службеници, инволвирани во случај на криумчарење мигранти
Одделот за сузбување на организиран и сериозен криминал, постапувајќи по Наредби издадени од страна на Судија на претходна постапка, изврши претрес на дом и други простории во четири објекти, од кои еден на подрачјето на Тетово и три објекти на подрачје на Струга и приведени се четири лица македонски државјани, од кои тројца се полициски службеници. Овие активности се резултат на истрагата по случајот за којшто претходно веќе е поднесена кривична пријава на 20.12. минатата година, против петмина членови на криминална група (А.Г. З.С. В.М. З.А. и Б.Ж), која во…
повеќе...Царинската управа започна кампања за борба против наркотрговијата
Денес, Царинската управа започна кампања за последиците од неовластено производство, трговија и конзумирање на дрога. Кампањата стартуваше со презентација од стручни лица на Царинската управа пред учениците од СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје. Во секојдневното работење царинските службеници откриваат случаи во кои се инволвирани многу млади луѓе кои свесно или несвесно се согласиле да бидат искористени за потребите на нарко трговијата. Ова, но и фактот дека злоупотребата на дрога претставува проблем со светски размери, придонесе Царинската управа како една општестевно одговорна институција да започне кампања со што би…
повеќе...Спречен обид за шверц на околу 24 тони фалсификат шампони на граничниот премин Богородица
На 13 февруари 2014 година, околу 13:30 часот, на граничниот премин Богородица за транзит низ Република Македонија се пријави товарно моторно возило со унгарски регистарски ознаки управувано од унгарски државјанин. За транзитна постапка пријавени се 81.984 парчиња шампон за коса од познатата трговска марка, спакувани во 1.700 кутии, со вкупна тежина од околу 24 тони. Стоката е со потекло од Кипар, наменета за фирма увозник од Виена, Австрија. При прегледот на документите и возилото, царинските службеници забележале дека покрај несоодветниот транспорт, несоодветната рута на движење, ниската фактурна вредност, несоодветен е…
повеќе...Потпишан анекс на договорот меѓу царинска управа и Америт
Царинската управа и СИЗ Македонија сообраќај-АМЕРИТ заедно се вклучени во постапката на издавање и проверка на TIR карнети. Во оваа заедничка активност, АМЕРИТ се јавува во својство на национален гарант и издавач на TIR карнети, а Царинската управа проверува дали транспортните компании ги исполнуваат условите за нивно издавање. Со овој Анекс, АМЕРИТ обезбедува дополнителна гаранција со која се овозможува наплата на евентуално избегнатите давачки до износ од 60 илјади евра, наместо до 50 илјади долари како што беше досега. За економските оператори и превозници ова значи дополнителна можност бидејќи ќе…
повеќе...Откриен случај на недозволен превоз на мигранти
На патниот правец Гевгелија-Неготино, специјалните единици при Царинска управа открија обид за нелегален превоз на девет мигранти. Имено, Царинските службеници од Одделението за оперативни работи, на 11 февруари 2014 година околу 1 часот по полноќ, на патниот правец Гевгелија-Неготино се обидоа да сопрат патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки, поради сомневање дека возилото пренесува нелегална стока. Шоферот на возилото ги игнорирал наредбите и скршнал од автопатот при што продолжил да се движи со голема брзина по стариот пат Градско-Велес. Царинските службеници ги известија и соодветните служби од Министерството за…
повеќе...Спречен обид за шверц на 40 илјади евра
Специјалните единици при Царинска управа, на граничен премин Табановце спречија обид за нелегално внесување на 40 илјади евра. На 6-ти февруари 2014 година, на граничниот премин Табановце, околу 3 часот попладне, за влез во Република Македонија се пријави автобус со македонски регистарски ознаки, сопственост на македонска фирма – превозник, што сообраќал на линија Брисел-Скопје. При царинска контрола на автобусот и патниците, кај еден од патниците, белгиски државјанин со иницијали Ф. А., специјалните единици од Одделението за оперативни работи пронајдоа 50 илјади евра. Непријавените девизи лицето ги сокрило во торбичка која…
повеќе...