Започнаа градежните активности околу проектот за реконструкција на улици во Ботун

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид во с. Ботун, Општина Дебрца, каде што се одвиваат градежни активности околу изградбата на атмосферската канализација, која е дел од проектот за реконструкција на улици во с. Ботун со должина од 1 км. Атмосферската канализација ќе биде изведена со бетонски цевки со попречен профил од 1000 мм, со вкупна должина од околу 300 метри, информираат од Општината. „Согласно динамиката за изведување на градежните активности покрај изградбата на атмосферската канализација проектот предвидува крпење на ударните дупки и надградба над постојниот асфалт со нов…

повеќе...

Во Охрид ќе се одбележи Денот на крводарителството

Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебрца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, посветено и совесно ја спроведува. Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град. „Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв допринесе да бидат спасени многу човечки животи.“- велат од Црвен крст Охрид. Честитајќи им го 17ти март, Денот…

повеќе...

СДСМ: Бараме од надлежните да објаснат со каков квалитет е водата за пиење во Дебрца

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Информациите дека водата од водоводите во повеќе села во општина Дебрца, а особено од водоводите со кои стопанисува Јавното комунално претпријатие „Дебрца“ – Белчишта е неисправна за пиење, покажаа дека раководните структури во Јавното претпријатие воопшто не водат грижа за здравјето на своите граѓани, a до кои секој месец испорачуваат сметки за наплата. Поради тоа, од надлежните бараме во најкраток можен рок да објаснат со каков квалитет е водата за пиење. Недозволиво е во 21 век граѓаните да не…

повеќе...

Скандал во Советот на општина Дебрца – донесена одлука за задолжување на општината без потребното мнозинство

Советничката група на СДСМ Дебрца при Советот на општина Дебрца, испрати соопштение до медиумите во кое стои: „На вчерашната 38-ма седница на Советот на општина Дебрца се случи скандалозно постапување на советниците од ВМРО ДПМНЕ, односно скандалозно непознавање и непочитување на одредбите од Законот за локалната самоуправа, Статутот на општина Дебрца и Деловникот на советот на општина Дебрца кои се однесуваат на потребниот број на присутни советници за да може советот да работи и полноважно да одлучува. Имено, на самата седница, на која присуствуваа 9 од 11-те советници, на предлог…

повеќе...

Интензивно се работи на изградбата на фекална канализација во Горенци

Општина Дебрца продолжува со реализација на капиталниот проект Изградба на фекална канализација за прифаќање на отпадните води во Горенци. Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид во селото Горенци каде се одвиваат градежни активности околу изградбата на фекалната канализација. Изградбата на фекалната канализација е проект на Општина Дебрца во соработка со Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како мерка 321.3 за Подобрување на квалитетот на живот во руралните средини. „Со изградба на оваа фекалната канализација ќе се приберат отпадните води од селото Горенци и ќе се…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Пешачката патека на Охридското Езеро се гради без да се почитува регулативата за заштита на природното наследство

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Во врска со градежните активности на општина Дебрца и Министерството за транспорт и врски за изградба на пешачката патека покрај Охридското Езеро, во КО-Оровник, чувствуваме за потреба уште еднаш да ги запознаеме граѓаните на Дебрца и пошироката јавност за следното: Поаѓајќи од фактот дека Охридското Езеро е со закон заштитен споменик на природата, прогласено за светско природно наследство и ставено под заштита на УНЕСКО, при преземањето на градежни и слични работи во езерото и на крајбрежјето, а во…

повеќе...

Се интензивираат работите околу изградбата на регионалниот колектор во Дебрца

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во посета на градежните активности кои се одвиваат на терен околу изградбата на Регионалениот колектор за одведување на отпадни води за селата Мешеишта, Климештани, Волино, Требеништа и Горенци. Изградбата на колекторскиот систем е проект на Општина Дебрца во соработка со Министерството за транспорт и врскипреку проектот “Водоснабдување и одведување на отпадни води“ со грант обезбеден од Европската Инвестициона Банка. Инвестицијата е во вредност од 13.706.061,0денари. На терен градежните активности се одвиваат согласно динамиката предвидена со договорот за изградба на колекторскиот систем, односно изградени…

повеќе...

Започна реконструкцијата на подрачното основно училиште во Оровник

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид на градежните активности за реконструкција на Подрачното Основно Училиште во село Оровник. „Реконструкцијата на Училиштето е проект на Општина Дебрца во соработка со Југозападниот плански регион кој го спроведуваа проектот за енергетски ефикасни објекти во Југозападниот Плански Регион, за кој проект се одобрени средства од Бирото за регионален развој. Објектот е изграден 1954 година поради што беше потребна негова итна реконструкција.“- информираат од Локалната самоуправа. Оттаму додаваат дека според динамиката за изведување на градежните активности предвидено е отстранување на стариот дрвен под, изведба на армирано…

повеќе...

Известување за поднесување барања за легализација на бесправно изградени објекти во општина Дебрца

По стапувањето на сила на последните измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, поднесени се 140 нови барања. Краен рок за поднесување на геодетски елаборати за овие баратели е крајот на 2017 година. Овие барања се однесуваат на бесправно изградени објекти кои се изградени до 03.03.2011 година. Вкупниот број на поднесени барања, пред стапувањето на последните измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти е 2348 барања. За 530 барања доставени се Геодетски елаборати за бесправно изградени објекти од кои за 360 се…

повеќе...

Потпретседателот на СДСМ помеѓу жителите на Дебрца

Потпретседателот на СДСМ и дополнителен министер за имформатичко општество и администрација Александар Кирацовски денеска беше помеѓу жителите од населените места Лешани, Белчишта и Мешеишта, општина Дебарца. На средбите се разговараше за секојдневните проблеми на граѓаните и решенијата што ги нуди Програмата на СДСМ. „Оваа власт не заборави нас. Одвај преживуваме, а нашите млади, синови, ќерки, внуци, ги пакуваат куферите и си одат“, се пожалија жителите. „Имаме тим, имаме решенија за младите да ги задржиме дома во своите огништа, да им обезбедиме достоинствени работни места. СДСМ ќе субвенционира млади претприемачи преку проектот…

повеќе...