Денот на шегата го одбележаа и основците од Дебрца

Во рамките на проектот за Мултиетничка интеграција во образованието и склучениот партнерски договор помеѓу училиштата ЦОУ„Дебрца“ с. Белчишта и ОУ „Нури Мазари„ с. Корошишта, околу 200 ученици од одделенска настава заедно со нивните наставници заеднички го одбележаја денот на шегата 1 Април во с. Корошишта. „Со најразлични маски и шаренило од бои покажаа дека за децата не постојат никакви бариери, бидејќи секогаш зборуваат со јазикот на љубовта и со отворените детски души и насмевки. Домаќините на сите присутни им приредија срдечен пречек и со дефиле на маскираните дечиња по улиците на…

повеќе...

Ученици од ЦОУ „Дебрца“ ги посетија Музејот на Македонската борба и Археолошкиот музеј на Македонија

Во рамките на училишниот проект „Училиштата во музеите и музеите во училиштата“ кој започна да се реализира на почетокот на учебната година, ученици од ЦОУ „Дебрца“, заедно со наставниците на овој проект, деновиве го посетија Музејот на Македонската борба и Археолошкиот музеј на Македонија, во Скопје. „Учениците при посетата имаа можност да се запознаат со богатата историја на македонскиот народ. Тие ја погледнаа  копијата на Саркофагот на Александар Македонски, римската кочија, стаклената чаша дијатрета, штитот од село Бонче и да ги погледнат восочни фигури, уметнички слики, вредни оргинални мозаици, реконструкција на објекти од…

повеќе...

Основците од „Св.Климент Охридски“ во посета на општина Дебрца

Учениците од ОУ „Св.Климент Охридски, заедно со своите наставнички, денес ја посетија општина Дебрца, при што остварија средба со градоначалникот Игор Трајкоски. Основците се запознаа со работата на градоначалникот и Локалната самоуправа. Тие имаа можност преку прашања да се информираат за она што нив ги интересираше во однос на функционирањето на оваа општина. Градоначалникот Трајкоски им објасни на децата како се носат одлуките во општината и какви се предизвиците со кои се соочува, а со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните. На крајот на средбата, тој им посака успех во образовниот процес…

повеќе...

Разрешен директорот на Јавното претпријатие „Дебрца“

Со решение од страна на Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски разрешен е директорот на јавното претпријатие за комунална дејност во општина Дебрца, Јасмина Мицкоска, поради неисполнувањето на очекуваните резултати во претпријатието изминатиов период и реакциите од жителите на општина Дебрца. За в.д. Директор назначен е Стојмир Велјаноски, вработен во јавното претпријатие, согласно законските одредби од законот за Јавни претпријатија. Во наредните денови од страна на Градоначалникот ќе биде распишан Оглас за пројавување на интерес за функцијата – директор на јавното претпријатие на кој ќе се бара компетентна личност која…

повеќе...

Хуманитарна акција на ЦОУ „Дебрца“

Ученичката заедница при ЦОУ „Дебрца”, заедно со учениците, во соработка со вработените, родителите и Локалната самоуправа на Општина Дебрца, спроведе хуманитарна акција за помош на поплавените подрачја во Македонија. „И овој пат како и многу пати досега топлината на луѓето од овој крај особено на нашите ученици прерасна во вистински бран на несебична помош за нивните врсници, за сите оние кои ја почувствуваа суровоста на водените стихии. Пратени од помислата дека и на нас може да ни се случи истото, дечињата од училиштето покажаа дека знаат да бидат и големи луѓе,со широко отворени…

повеќе...

Градоначалникот Трајкоски ги најави проектите за канализациони мрежи во Велмеј, Лешани и пречистителна станица во Грко Поле

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски денес одржа прес-конференција, на која ги најави проектите за реализација на канализациони мрежи во Велемеј, Лешани и пречистителна станица во Грко Поле. „Изградбата на системот за фекална канализација во село Велмеј ќе се состои од главен крак, колектор кој поминува низ средината на селото и кој ќе ги прифаќа останатите секундарни краци. Должината на канализационата мрежа изнесува Л=9354 м . Во овој проект предвидени се вкупно 237 ревизиони и каскадни шахти. Секундарните краци ќе се поставени на начин, да ги зафаќаат отпадните води од…

повеќе...

Навремено исчистен снегот во општина Дебрца

Општина Дебрца се справува со невремето кое деновиве ја зафати и општината, каде наврнаа од 20 до 30 сантиметри снег, а делови од општината останаа без електрична енергија. Снегот се чистеше навремено, со цел да не бидат отсечени селата. Беше ангажирана целокупната механизација и човечки ресурси, а состојбата будно ја следеше и градоначалникот Игор Трајкоски. Во однос на поплавите состојбата се следи постојано и засега нема опасност од излевање на речните корита, велат од општината.

повеќе...

Започнаа изборните активности за нови раководства во ЗП Охрид и Дебрца

Оваа недела започнаа изборните активности за нови раководства на Месните ограноци и органите и телата на Здружението на пезнионерите од општините Охрид и Дебрца.Изборните активности започнаа на 26 јануари и треба да завршат до 24 февруари во сите 21-ен Месен огранок, за мандатниот период од 2015 до 2019 година. На изборните собири пензионерите ќе бидат информирани за активноста на ЗП во изминатите четири години,и предлагање и избор на преставници на Месните ограноци и преставници во Собранието и можни кандидати за другите органи и тела на здружението.Конститутивната седница на Собранието кое…

повеќе...

Одбележани 72 години од борбата кај „Чешма“ и смртта на Кочa Миленку-Сашо-Пресека

Во неделата со полагање свежо цвеќе, ОО на СБ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од општините Охрид и Дебрца, ги одбележаа 72 години од борбата кај „Чешма“ и смртта на Кочa Миленку-Сашо-Пресека. По реформирањето на партизанскиот одред Питу Гули – Крушево, во Дебрца дошле како инструктори и политички работници двајца негови припадници: Кочa Миленку-Сашо и Нико Доага-Кољката. При нивниот обид да се префрлат преку месноста Пресека на 18.01.1943 година, Сашо бил тешко ранет и гледајќи дека нема спас, да не падне жив во рацете на италијанската патрола, ја активирал бомбата и си го…

повеќе...

ЈПК Дебрца: Отпадот во општината се подига согласно распоредот за подигање на комунален отпад во зимски услови

Во врска со денешното соопштение на Советничката група на СДСМ Дебрца, реакција испрати ЈП за комунална дејност, Општина Дебрца, во кое стои: „Сакаме да ја информираме јавноста, а и советничката група на СДСМ Дебрца дека отпадот во општината се подига согласно распоредот за подигање на комунален отпад во зимски услови на населени места во оние денови во кои е предвидена таа активост. Поради вондредните зимски услови во одредени населени места во повисоките делови со потешкотии се подига отпадот во овој период каде што отпадот не беше подигнат неколку денови, а…

повеќе...