Во Дебарца одржана јавна расправа за изградба на интерконективен надземен вод

Денес во просториите на општина Дебарца со почеток во 11 часот започна јавната расправа за студијата за изводливост и оцена за влијанието врз животната средина и социјалните аспекти за проектот „Изградба на интерконективен надземен вод 400KV TС – Битола 2 македонско-албанска граница и ТС 400/110 КV Охрид“. Јавната расправа ја организираа Министерството за животна средина и просторно планирање – Скопје и МЕПСО, заедно со Консултантите на Проектот ја презентираа пред жителите на општина Дебарца оправданоста на овој проект и Студијата за ОВЖС, кој поминува низ општините Битола, Ресен, Охрид, Дебарца…

повеќе...

Јавна расправа за изградба на интерконективен надземен вод

Утре, 7-ми мај, во просториите на Општина Дебарца со почеток во 11 часот ќе се одржи јавна расправа за Студијата за ОВЖС на проектот „Изградба на интерконективен надземен вод 400KV ТС Битола 2 – македонско-албанска граница и ТС 400/110 KV Охрид“. Јавната расправа е организирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и МЕПСО заедно со консултантот кои ќе ги презентираат оправданоста на проектот и Студијата за ОВЖС. Сите заинтересирани жители на општина Дебарца може да присуствуваат на јавната расправа, а од особено значење е за жителите…

повеќе...

Одржана 15-та седница на Советот на Општина Дебарца

Денес во 13:00 часот, во салата за седници на Советот на Општина Дебарца, се одржа 15-та седница. На дневен ред беа ставени 38 точки меѓу кои и точките: – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебарца за периодот од 01.01.2014 до 31.03.2014 година. – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Дебарца за 2014 година. – Програма за дополнување на Годишната програма за развој на културата во општината Дебарца за 2014година.

повеќе...

Одбележана 70-годишнината од битката кај Српница

Денес со полагање на свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ во с.Лешани и споменикот кај Српница се одбележа 70-годишнината од битката кај Српница. На овој настан присуствуваше делегација од општина Дебарца на чело со градоначалникот Игор Трајкоски и делегацијата на сојуз на борци на општините Охрид и Дебарца. За значењето на овој настан пригодно обраќање пред присутните имаа Гоце Георгиески претседател на ОО на СБ и Крсте Крстаноски- учесник во НОАВМ. Германските и бугарските окупаторски војски заедно со балистичките формации против едниците на НОВ и ПОМ ја…

повеќе...

Трајкоски: Ги повикувам жителите на општина Дебарца да излезат да гласаат во фер и демократска атмосфера

Градоначалникот на оштина Дебарца, Игор Трајкоски денес испрати соопштение во кое стои : „Почитувани, Општина Дебарца преставува место кое во историјата е значајно по слогата и мирољубието. Затоа вас жителите на општина Дебарца во Недела на 27.04.2014г. Ве повикувам во фер и демократска атмосфера да излезете на претстојните Претседателски и предвремени Парламентарни избори да го дадете својот глас за опцијата која победува.“– се вели во соопштението на градоначалникот Трајкоски.

повеќе...

Честитка за Велигден од ОО на СДСМ Дебарца

По повод големиот Христијански празник Велигден, до сите православни и католички верници ОО на СДСМ Дебарца упатува искрени честитки за среќно  и многугодишно празнување на Христовото Воскресение. „Нека овој голем ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК, ја означи радоста на новиот животен почеток исполнет со чиста мисла и благороден дух, а големата празнична радост да донесе здравје, среќа, радост, мир и бериќет во нашите семејства. Убедени сме дека само со единство и заедничка верба во поубава иднина, ќе градиме стабилна држава, дека процесот на демократизација е незапирлив и се базира на целосно почитување на…

повеќе...

Општина Охрид и Здружението на пензионери од Охрид и Дебарца потпишаа Меморандум за соработка

Заменик- градоначалникот Ангел Јанев и претседателот на Здружението на пензионерите од општините Охрид и Дебарца, денеска потпишаа Меморандум за соработка. Со овој документ се утврдува рамката во која се остварува соработката  меѓу потписниците, за планирање, организирање и спроведување на активностите. „Во името на градоначалникот Никола Бакрачески и во мое име Ве уверувам дека Локалната самоуправа и Владата, особено  внимание посветуваат на пензионерите и дека тоа го покажаа  со реализирање на повеќе проекти. Така ќе биде и во иднина, а Меморандумот што го потпишавме ќе биде основа за продлабочување на заедничката…

повеќе...

Во Дебарца се спроведува акција за чистење на одводни канали

Од страна на ЈКП „Дебрца“ деновиве се спроведува акцијата за чистење на каналите низ населените места во општина Дебарца. Исчистени се каналите во с.Злести, с.Оровник во тек е чистењето во с.Горенци. Исто така активностите ќе продолжат и во наредните денови каде ќе бидат опфатени сите села и ќе се решат долгогодишните проблеми со кои се соочуваат жителите на Дебарца.

повеќе...

Известување до жителите на општина Дебарца

Се известуваат жителите на општина Дебарца дека може да извршат увид во проектната документација за изградба на автопатот Кичево-Охрид во просториите на управата за имотно-правни односи подрачно одделение Охрид во периодот од 9 до 14 часот во деновите среда и четврток.

повеќе...

Градоначалникот Трајкоски на средба со директорот, наставниците и учениците од ЦОУ „Дебрца“

Градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски денес оствари средба со директорот на ЦОУ „Дебрца“, Иван Димоски, со наставниците, како и со учениците од ова училиште.

повеќе...