СДСМ: Трајкоски со лажен отчет го заврши владеењето со Дебрца

Во врска со денешниот отчет на градоначалникот на Општина Дебрца, соопштение испрати ОО на СДСМ Дебрца во кое стои: „Денешната прес конференција и наводниот Отчет на Градоначалникот на општина Дебрца, Трајкоски претставува уште еден очајнички обид за дефокусирање на јавноста и продолжение на четиригодишното замајување на граѓаните на Дебрца, со тавтолошко набројување на истите проекти. Отчетот на Трајкоски е празен, бидејќи во него ги нема приоритетните проекти, кои беа ветени во неговата изборна програма, со кои ја доби довербата на граѓаните на Дебрца. Во Отчетот не видовме каде е индустриската…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Трајкоски без мерка трошел и за службени патувања

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Градоначалникот на општина Дебрца не само што на големо трошел општински пари за гозби и ручеци, туку во изминативе четири и нешто години многу милувал да патува на општинска сметка. Завршните сметки го покажуваат она што е константа во раководењето на општината во изминативе години, а тоа е крајно расипничкото и нетранспарентно трошење на општинските пари и во делот на службените патувања. Во 2013 година за дневници за патувања во земјата потрошени се 122.000 денари, во 2014 година…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Трајкоски делел општински пари на роднински и партиски подобни граѓански организации

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Распределбата на средствата од Буџетот на општина Дебрца наменети за финансирање на граѓанските организации во изминативе четири години се карактеризира со крајно нетранспарентни постапки, коруптивно и непотистичко постапување на градоначалникот, при што општинските пари во голема мерка се делеле на роднински и партиски подобни здруженија на граѓани, без почитување на прописите за спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и критериумите утврдени со одлуката за критериумите и постапката за распределба на финансиски средства на здруженијата на граѓани и…

повеќе...

СДСМ: Трајкоски ветуваше урбанизација на општината, а за четири години не е донесен ниту еден урбанистички план

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Во изборната програма за локалните избори 2013, на страница 27, градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски ветуваше урбанизација на населените места во општината, со рок на реализација јуни 2015 година. Во ноември 2013 година Трајкоски уште еднаш се пофали дека од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој се обезбедени средства за донесување на урбанистички планови за десетина села во општината. По четири изминати години, факт е дека советот на општината не донесе ниту еден урбанистички план за…

повеќе...

СДСМ: Трајкоски прво ги создаде еколошките проблеми, а сега се промовира во спасител на Дебрца

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „На денешната седница на советот на општина Дебрца советничката група на СДСМ предложи советот на општината едногласно да донесе Декларација за реафирмирање на стратешката определба на Дебрца како еколошки чиста општина и за отфрлање на предложеното решение за изградба на регионална депонија во Дебрца, со што ќе се изрази волјата на граѓаните и ќе се манифестира надпартиска сплотеност и единство по ова прашање. За жал и овојпат советниците од ВМРО ДПМНЕ и независниот советник во Советот на општина Дебрца…

повеќе...

Трајкоски: СДСМ e против спроведување на референдум за изградба на регионална депонија во Дебрца

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски, денес во изјава за медиумите  истакна: „Согласно ингеренците кои ми ги дава градоначалничката функција за справување со новонастанатиот проблем, би сакал да Ве известам и за следново: Имено, изминатиов период сум изложен на константни навреди, клевети и лаги во однос на донесување на одлука за изградба на депонија. Ваквот начин на клеветa беше исцениран преку најразлични содржини на партиски соопштенија, што пак доведоја до потпалување на масата. Ваквиот начин кулминира со упатување на смртни закани по мојот живот и тоа пред очите на пошироката…

повеќе...

СДСМ: Сoветот на општина Дебрца со декларација да ја потврди изразената волја на граѓаните против регионална депонија во Дебрца

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Во врска со предлогот на Градоначалникот на Дебрца за референдумско изјаснување на граѓаните за регионалната депонија и седницата на советот на општина Дебрца, закажана за ден 25.07.2017 година сметаме дека ставот на граѓаните против регионална депонија во Дебрца е кристално јасен и нема потреба да се препроверува на референдум. Потполно ја разбираме загриженоста на граѓаните на Дебрца и ја поддржуваме секоја форма на изразување на нивното незадоволство, но цениме дека одбраната на еколошка Дебрца треба да оди според логичниот…

повеќе...

СДСМ: Трајкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да глумат лажни месии на Дебрца

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Во врска со предлогот на Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски за референдумско изјаснување на граѓаните на Дебрца за регионалната депонија, како и писмото на пратениците на ВМРО ДПМНЕ, Трајко Велјаноски, Илија Димоски и Антонио Милошоски во кое изразуваат наводна загриженост за Дебрца, истите сакаме да ги потсетиме дека сега е веќе предоцна да се промовираат во еколошки месии на Дебрца. Ако сакаа тоа да бидат, пратениците во изминатите 11 години, а градоначалникот во изминатите четири години, со конкретни…

повеќе...

СДСМ: Ветуваа дека ќе го направат туристичка атракција, а Слатинското Езеро го снема

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „За уште една еколошка катастрофа во Дебрца виновни се поранешната Влада на РМ, предводена од ВМРО ДПМНЕ и актуелниот градоначалник на општина Дебрца, Игор Трајкоски. Станува збор за Слатинското Езеро, чија брана пукна во 2013 година, што доведе до излевање на вештачката акумулација, изградена во далечната 1963 година. Во изминативе повеќе од четири години се изнаслушавме празни ветувања и од централната власт и од градоначалникот на општината дека состојбата со браната ќе биде санирана. Така, сликајќи се во предизборната…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Еколошка бомба во Белчишта – фекалните води се испуштаат во Матицата Сини Вирој

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски за време на неговиот мандат на повеќе пати знаеше да се испофали дека во општината се градат канализациони системи и дека благодарение на Владата на РМ, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и неговиот труд општина Дебрца добила нов лик. Многу е лесно во функција на популистичка кампања сам да се фалиш, но сосема друго е каква е реалноста. За четирите години општината предводена од Трајкоски не само што не успеа да ги пушти во употреба…

повеќе...