СДСМ: Кандидатот Ногачески и носителот Крцоски во посета на секој дом во Дебрца

Кандидатот за градоначалник Зоран Ногачески и носителот на листата за Совет во Општина Дебрца Игор Крцоски, изминативе неколку дена активно го посетуваат секој дом ширум територијата на општина Дебрца, со цел да им ја презентираат програмата за развој на општина Дебрца. „Ги посетуваме секој дом, секоја куќа секое семејство во Општина Дебрца сакајќи да им ја претставиме мојата програма и програмата на мојата политичка партија – „За Живот во Дебрца“,“ – изјави Ногачески и потсети дека кампањата „Врата до врата“ е носечката активност на „Коалицијата за Живот во Македонија“ предводен…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: СДС користи службени простории за партиски состаноци

Во врска со соопштението од СДСМ Дебрца, реакција испрати ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, во која стои: „Зарем уште еднаш би сакал Ногачески и СДС да има  лице да зборува за вистина и уште да обвинува, а притоа самите тие да пропаднат во сопствените лаги. Па за волја на вистината и како што секогаш сме се обраќале со факти и овај пат фактот кој е контра Ногачески е неизбежен. Прво би сакале да прашаме дали Ногачески има било каква дозвола за користење на дел од Зградата во училиштето во с.Мешеишта? Дали истата…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Општинската зграда во Мешеишта е претворена во изборен штаб на Трајкоски

ОО СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Општинската зграда во Мешеишта е претворена во изборен штаб на Трајкоски. Кој сега ги злоупотребува општинските простории за партиски цели? Четири години Трајкоски ги злоупотребува општинските простории и службените возила за партиски цели. За среќа, на 15 Октомври доаѓа крајот. По локалните избори наместо за партиски цели општинската зграда на поранешната општина Мешеишта, во село Мешеишта ќе ја ставиме во функција на граѓаните. Ќе отвориме општинска канцеларија и канцеларија на општинското комунално претпријатие, каде граѓаните ќе можат да добиваат дел…

повеќе...

Мацеска: Граѓаните многу добро знаат дека Општина Дебрца е подеднакво услужлива кон сите

ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца денес одржа прес конференција, на која говореше носителот на советничката листа Моника Мацеска. „Паднаа маските и се покажаа вистинските лица на кандидатите за градоначалници од редовите на СДС. Најдобар пример е нашата Општина Дебрца каде што кандидатот за Градоначалник г-дин Зоран Ногачески се декларира како противник на стотина реализирани проекти во интерес на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Г-не Ногачески, дали се борите против подобрување на животот во Општина Дебрца? Дали се борите против проектите кои на нашите Дебрчани им го олеснува секојдневното живеење? Реализацијата на проектите од…

повеќе...

Промоција на кандидатот за градоначалник од СДСМ за Дебрца Зоран Ногачески во Мешеишта

Вечерва во преполната сала од Домот на културата во Мешеишта, своја промоција имаше кандидатот за градоначалник на општина Дебрца од коалицијата „За Живот во Македонија”, Зоран Ногачески односно кандидатите за Совет во општината. Пред присутните прв свое обраќање имаше поранешниот пратеник во Собранието на Р.Македонија, Митре Велјаноски во својот инспиративен говор нагласи дека сега е клучната битка повторно да се врати животот во општина Дебрца. „Новата влада предводена од премиерот Зоран Заев, успеа во 100 дена, да направи многу повеќе одошто ВМРО-ДПМНЕ, изминативе 11 години. Се решија клучните работи. Се…

повеќе...

Трајкоски: Новата Програма од областа култура е од витално значење за Дебрца

Кандидатот за градоначалник за Општина Дебрца од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајкоски, денес одржа прес-конференција пред Културниот дом во Злести, на која ги презентираше досега реализираните проекти од областа на културата, како и проектите од новата програма кои ќе бидат реализирани во новиот мандат од областа на културата. „Нема повозвишено чувство од тоа кога знаете дека сте ја оправдале довербата…од тоа дека дадениот збор сте го одржале. Токму ваквата мисла не тера повторно пред вас да застанеме и заеднички со сплотени сили да започнеме уште многу проекти. Суштината да се…

повеќе...

Трајкоски: Вашата доверба не ја бараме напразно, туку врз основа на се она што го имаме направено за Дебрца

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Дебрца, Игор Трајкоски, денес во Оровник одржа прес-конференција на тема образование. На истата тој ги најави проектите во неговата четиригодишна програма, но и проектите кои ќе бидат спроведени. „Денес со мојот тим и советничката листа на ВМРО ДПМНЕ со кренати глави стоиме пред вас и бараме уште еднаш да ја покажете вашата доверба кон нас. А таа доверба не ја бараме само напразно туку ја бараме врз основа на се она што го имаме направено за Општина Дебрца, а верувајте ќе направиме уште…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: Кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници од СДС очигледно немаат контакт со реалноста

Во врска со одржаната прес-конференција на кандидатот за градоначалник од СДСМ Дебрца, Зоран Ногачески, реакција испрати ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца во која стои: „На самиот почеток на изборната кампања сведоци сме дека СДС од Дебрца не само што НЕ стои позади својот збор туку и она што за нив преставува потпишување на кодекс на однесување за време на престојните избори е сосема НЕвалидно. Имено нивниот кандидат за градоначалник кој е завземен од небулозната теорија дека има капацитет да ја води општината, денес сите не убеди во спротивното, кога без било каква дозвола и претходно одобрение одржа прес…

повеќе...

Кандидатите за градоначалник на Дебрца потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Денес во Општинската изборна комисија во с.Белчишта, кандидатите за градоначалник на Дебрца, Игор Трајкоски, Зоран Ногачески  и Јадранка Бибан потпишаа Кодекс за фeр и демократски избори.  Кодексот се однесува на почитување на Изборниот законик, како и овозможување изборниот процес во Дебрца да помине во фер и демократска атмосфера.

повеќе...

Основни училишта од Охрид и Дебрца добија прибор од акцијата „Дарувајте радост на првачињата“

Во рамки на хуманитарната собирна акција под мотото „Дарувајте радост на првачињата“, младите на Црвен крст Охрид собираа училишен прибор кој денес го донираа во 7 основни училишта во Охрид и Дебрца, наменета за 114 првачиња. Од Црвениот крст Охрид изразуваат благодарност до поединците, фирмите и институциите кои ја помогнаа оваа хуманитарна акција.

повеќе...