Продолжуваат инфраструктурните зафати во Општина Дебрца

Градоначалникот на Општна Дебрца, Игор Трајкоски беше во работна посета во Мешеишта каде што се одвиваат дел од планираните инфраструктурни зафати во делот на подобрувањето на патната инфраструктура во Општина Дебрца, односно се врши асфалтирање на неколку улички кои се поврзуваат кон локалната патна инфраструктура во селото. Станува збор за асфалтирање на три локални улички во Мешеишта со ширина од 2,5 метри, во вкупна должина од 280 метри, каде што ќе се вгради 820 метри квадратни асфалт. Со завршување на асфалтирањето во Мешеишта, градежните активности ќе продолжат во селото Ботун…

повеќе...

Се уредува просторот околу изворите во село Велмеј

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во работна посета во село Велмеј каде што започнаа активностите за реализација на проектот за партерно уредување со поставување на урбана опрема на јавниот простор пред изворите Долни Исток во село Велмеј. Со проектот предвидено е изградба на паркинг простор, поплочување на пешачки патеки, уредување на просторот пред старата воденица, озеленување на просторот, поставување на клупи и канти за отпадоци и осветлување на просторот. „Со проектот за партерно уредување се задоволуваат потребите од озеленување на просторот, се оформува уреден паркинг простор, уреден пешачки…

повеќе...

Во тек се градежните активности околу санацијата на фудбалското игралиште во Волино

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во работна посета во село Волино каде што се одвиваат градежни активности околу Санацијата и реконструкцијата на фудбалското игралиште за голем фудбал. Моментално градежните работи се одвиваат со засилено темпо, поради почетокот на новата полусезона од Третата македонска фудбалска лига каде екипата на ФК „Сатеска” од Волино успешно се натпреварува. Градоначалникот информираше дека во рамките на овој проект ќе се изврши санација и реконструкција на објектот со соблекувални и простории за судии и делагати, изградба на кабини за резервни играчи, судии и делегати,…

повеќе...

Ќе се врши приклучување на објектите кон канализационата мрежа во Мешеишта и Горенци

Се известуваат сите физички лица и правни субјекти од селата Мешеишта и Горенци, кои се сопственици на објекти, дека ќе се започни со приклучување на нивните индивидуални канализациони мрежи кон уличнита фекална канализација во селата. Сите жители кои имаат потреба од приклучок потребно е да поднесат барање за приклучок кон канализациона мрежа до Јавното комунално претпријатие „ДЕБРЦА” – с. Белчишта, како давател на комуналната услуга.

повеќе...

Во тек е реконструкција на пумпната станица во Св.Еразмо

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во работна посета на Пумпната станица во Св. Еразмо, каде отпочнаа градежните активности околу реконструкција на Пумпната станица. Имено кај Пумпната станица во Св.Еразмо која е дел од водоснабдителниот систем за селата Оровник, Горенци, Требеништа и Подмолје, планирано е да се изврши прочистување на бунарот кој е длабок 80 метри, замена на старата пумпа со нова помоќна и поекономична пумпа, поставување на нов хлоринатор, замена на електрониката за автоматско функционирање на пумпата, како и замена на фасонските делови од истата. За реконструкцијата на…

повеќе...

Поради реконструкција на пумпната станица во Св.Еразмо можен прекин во водоснабудувањето

Поради изведување на градежни активности во врска со реконструкција на Пумпната станица во Св.Еразмо која е дел од водоснабдителниот систем за селата Оровник, Горенци, Требеништа и Подмолје, се информира населението и деловните субјекти кој ги користат услугите на ЈКП Дебрца, дека поради интервенцијата во прочустување на бунарот и замена на пумпата за вода, почнувајќи од утре и во наредните два дена, можно е да дојде до прекин со снабдувањето на вода за пиење во зависност од динамиката за работа и реалните услови на терен. „Го известуваме населението дека поради Реконструкцијата…

повеќе...

СДСМ: Трајкоски продолжи да ја задолжува општина Дебрца

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Откако ја задолжи општината Дебрца со кредит за изградба на рурална инфраструктура Трајкоски продолжува со задолжувањата на општината. Имено, во вчерашната изјава за медиумите тој се пофали дека општината набавила ново возило за собирање на комунален отпад, а притоа свесно избегна да соопшти дека истото е набавено со ново задолжување на општината, во износ од 4.010.820,оо денари или 65.000 евра. Неговото однесување е во стилот на францускиот апсолутистички крал, Луј XV, познат по неговата изрека “после мене потоп”. Затоа,…

повеќе...

Општина Дебрца набави специјализирано возило за собирање на комунален отпад

Во насока на обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на жителите Општина Дебрца набави ново специјализирано комунално возило за собирање и транспорт на цврст комунален отпад. Се работи за набавка на специјализирано возило за собирање на комунален отпад со капацитет од 8 метри кубни. „Со набавката на специјализираното возило за собирање на комунален отпад, ЈКП „Дебрца“ ќе се стекне со можност да го подигне степенот на комунални услуги на повисоко ниво. Со тоа ќе се подигне квалитетот на услуги што претпријатието ги дава на населението на Дебрца во…

повеќе...

Културниот дом во Лешани прераснува во Основно училиште

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во работна посета во селото Лешани каде интензивно се работи на санацијата на Културниот дом. Се работи за темелна санација на стариот Културен дом во Лешани, кој ќе прерасне во подрачно Основно училиште во рамките на ОУ „ДЕБРЦА” – с.Белчишта, реконструираниот објект ќе значи комплетно нови услови како за учениците, така и за наставниот кадар. Во рамките на објектот ќе има посебно одвоен простор кој ќе биде на располагање за локалното население, со што ќе добијат простор каде што ќе можат меѓусебно да…

повеќе...

СДСМ: Трајкоски нема што повеќе да ветува, во мај животот доаѓа и во Дебрца

ОО на СДСМ Дебрца, денес испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: Вчерашната прес конференција и наводниот Отчет на Градоначалникот на општина Дебрца, Трајкоски претставува само продолжение на четиригодишното замајување на граѓаните на Дебрца, со тавтолошко набројување на истите проекти. Добар дел и од тие проекти кои беа наброени, не се ниту завршени, ниту се ставени во функција. Од друга страна, Отчетот на Трајкоски е празен, бидејќи во него ги нема приоритетните проекти, кои беа ветени во неговата изборна програма, со кои ја доби довербата на граѓаните на Дебрца,…

повеќе...