Со свеченост ќе се одбележат 73 години од формирањето на Првата МКНОУПБ

Делегации на Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, утре во селото Сливово ќе организира свеченост. П Р О Г Р А М А 10:30ч с.Сливово – Положување на свежо цвеќе на споменикот во с.Сливово. – За борбениот пат на бригадата и нејзиното значење за конечното ослободување на земјата ќе зборува Наце Иваноски – Професор по историја. – Посета на спомен домот. 11:15ч с.Белчишта – Посета на спомен собата. 11:30ч – Положување на свежо…

повеќе...

Интензивно се работи на санација на културниот дом во Лешани

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во посета селото Лешани каде интензивно се работи на санацијата на Културниот дом. Се работи за темелна санација на стариот Културен дом во Лешани, кој ќе прерасне во подрачно Основно училиште во рамките на ОУ “ДЕБРЦА” – с.Белчишта, реконструираниот објект ќе значи комплетно нови услови како за учениците, така и за наставниот кадар. Во рамките на објектот ќе има посебно одвоен простор кој ќе биде на располагање за локалното население. Инаку од пожарот што во ноември 2011 година го зафати Културниот дом ,…

повеќе...

Започна реконструкцијата на водоводната мрежа во Требеништа

Градоначалникот Игор Трајкоски изврши увид врз градежните активности кои се одвиваат во Требеништа, каде започна да се врши Реконструкција на водоводната мрежа во селото. Согласно проектната документација предвидено е да се изгради целосно нова водоводна мрежа, со вкупна должина од 6,5 км, изведена од полиетиленски цефки со дијаметар ф-110мм, ф-90мм и ф-75мм, во моментов изведени се над 2,0 км водоводна мрежа. Реконструкцијата на водоводната мрежа во Требеништа е дел од Проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води” кој го реализира Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Каде се осумте мини винарии во Мешеишта ?

ОО на СДСМ Дебрца денес испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: Во изборната програма на ВМРО ДПМНЕ за парламентарните избори во 2008 година, позната како “Преродба во 100 чекори-надоградена и проширена “, во рамките на проектот “100 мини винарии” беше ветена изградба на осум мини винарии во Мешеишта. За таа цел, претходната локална власт донесе и Урбанистички план за местноста “Лабинци”, каде што требаше да бидат изградени винариите. Ако ја погледнете веста објавена на ден 20.12.2012 година на официјалната веб страница на Владата на РМ, http://vlada.mk/node/5391, ќе ја…

повеќе...

Сојузот на борци од Охрид и Дебрца со честитка по повод 11ти Октомври

ОО на СБ-Охрид и Дебрца упати честитка до граѓаните по повод 11ти Октомври, во која се вели: „11 Октомври 1941 година претставува врвен израз и логичен продолжеток на револуционерните и слободарски традиции на македонскиот народ, изразени на сите претходни востанија во минатите векови и децении. Македонскиот народ во тие судбоносни моменти се определи за борба против ропството, против фашизмот – заедно со светската антифашистичка коалиција, борба за остварувањето на вековниот сон за национална слобода и своја држава. Учеството во вооруженото востание во Народноослободителната борба беше револуционерен и патриотски долг на…

повеќе...

Првачињата од ОУ „Дебрца“ во посета на Општината

Под мотото „И децата се прашуваат“, од 3-ти до 7-ти октомври, во ОУ „Дебрца“ се одбележува Детската недела. По повод Детската недела во посета на Локалната самоуправа беа првачињата од ОУ „Дебрца“ заедно со нивните наставници. При посетата учениците накратко се запознаа со работата на градоначалникот и како оваа институција се грижи за заштита на правата на детето. Оваа недела во ОУ „Дебрца“ ќе се дискутира за правата на децата. Целта на Детската Недела е да допре до децата за да се поттикнат самоиницијативно почесто да размислуваат за своите права.

повеќе...

Одбележан патрониот празник на Општина Дебрца

Со низа свечености се одбележа денот на Општина Дебрца. Чествувањето започна со полагање цвеќе во село Црвена Вода на спомен обележјето на Манифестот на генералштабот на НОВ и ПОМ, потоа во салата на Основното училиште во Белчишта, пред присутните гости, со поздравен говор се обрати Градоначалникот Игор Трајкоски, потоа следеа настапи на учениците од Основното училиште „Дебрца”. На одбележувањето на настанот присутни беа и гостите од пријателската Општина Баточина од Република Србија. „Почитувани гости, почитувани борци, почитувани пријатели од Општина Баточина, Република Србија, почитувани Дебрчани! Ми Причинува особено задоволство да…

повеќе...

Охрид пулсираше во ритамот на хуманоста, спортот и здравјето

Денес Охрид пулсираше во ритамот на хуманоста, спортот и здравјето. Бројните посетители и учесници од сите возрасти, во хуманитарната спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“, која денес во организација на Црвен крст Охрид и во соработка со Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“ и Сојузот на училишен спорт, се реализираше на Градскиот плоштад во Охрид, уживаа во разновидните спортско-рекреативни, здравствено-едукативни и културно-забавни содржини. Главната трка го означи стартот на оваа акција на која младите го покажаа својот спортски дух натпреварувајќи се во фудбал, баскет, бадминтон, тенис, хокеј на трева,…

повеќе...

Охридските пензионери на прием во општината

По повод јубилејот 70 години од пензионерското организирање во Македонија,66 години од постоењето на ЗП Охрид и Дебрца и 25 години од независноста на Републикава, денеска заменик градоначалникот на Охрид Ангел Јанев и претседателот на Советот на општината Охрид Гордана Коњаноска, организираа прием за преставници на ЗП Охрид и Дебрца.На приемот присуствуваа и спортистите кои и годинава по шести пат го освоија првото место на Републичките пензионерски спортски натпрвари и членови на КУД ,,Далги,, кои на меѓународниот фолклорен фестивал Илинденски денови во Битола освоија признание за најуспешна музичка група за…

повеќе...

СДСМ: Каде завршија кантите за отпад кои општина Дебрца ги набави преку Бирото за регионален развој?

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „На почетокот на оваа година општина Дебрца преку Бирото за регионален развој набави 250 индивидуални канти за отпад, со капацитет од 120 литри, чија вкупна вредност изнесува 375.000 денари. Во таа прилика, сликајќи се пред кантите, градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски истакна дека истите ќе бидат наменети за домаќинствата во општината и дека со нивната набавка значително ќе се придонесе за подигнување на јавната чистота во општината. И се би било добро да беше така. Откако кантите…

повеќе...