Сакам да ги информирам сите родители од основните училишта, поради екстремно високите цени на тендерите од страна на превозниците. Ние директорите од овие училишта бевме принудени истите да ги раскинеме, бидејќи ние доколку би ги прифатиле истите би сноселе кривична и морална одговорност, вели директорот на ОУ „Живко Чинго“, Велгошти, Ѓоко Чингоски. „Поради тоа, од понеделник (4ти септември) нема да има слободен и организиран превоз за учениците. Само за споредба ќе укажам: Месечната карта за Велгошти изнесува 600 денари, а тие настапија со износ од над 2000 денари. За Лескоец…
повеќе...Tag: директор
Пуштено во употреба Основното училиште во Лешани
Денес свечено беше пуштено во употреба реконструираното основно училиште во Лешани, кое ќе прерасне во подрачно Основно училиште во рамките на ОУ „ДЕБРЦА” – с.Белчишта. Реконструираниот објект ќе значи комплетно нови услови како за учениците, така и за наставниот кадар. Имено со пуштењето во употреба на училишната зграда, ќе се овозможи настава за ученици од прво до деветто одделение, кои наставата ќе ја следат во поприријатни услови. Училишната зграда се простира на површина од околу 400 квадратни метри со 6 училници, кои ги задоволуваат сите стандарди и нормативи за реализирање…
повеќе...Најавен стартот на Мавровскиот меморијал
Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод претстојниот, 54 ти по ред Мавровски меморијал. „Ми претставува особена чест и задоволство што оваа година на патеките на преубавото Маврово ќе се одржи традиционалниот 54-ти Мавровски меморијал, остварувајќи ги желбите и соништата на генерациите од далечната 1957 година, кои го организираа првиот меморијал – натпревар во нордиско скијање. Натпреварот се одржува во чест на загинатите 38 градители на електросистемот Мавровска хидроцентрала и 14 храбри граничари кои загинаа од снежната лавина во 1956 година. Токму со оддржувањето на Мавровскиот Меморијал…
повеќе...Средба помеѓу Директорот на Бирото за јавна безбедност Чавков и Генералниот Директор на СЕЛЕК Центарот, Јакимовски
Денес во Кабинетот на Директорот на Бирото за јавна безбедност беше реализирана официјална средба помеѓу Директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Митко Чавков и Генералниот Директор на СЕЛЕК Центарот, м-р Тони Јакимовски. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката во насока на сузбивање на транснационалниот организиран криминал, со посебен акцент на трговијата со дрога, оружје и компјутерскиот криминал. Во таа насока, од двајцата претставници беа изразени заложби за зголемена соработка помеѓу двете институции, преку зголемена размена на информации и иницирање на заеднички акции за сузбивање на криминалот во…
повеќе...Пуштени во употреба тениските игралишта во Охрид
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески денес официјално ги пуштија во употреба новите три тениски терени и новото повеќенаменско спортско игралиште во СРЦ “Билјанини извори” во Охрид, кои се наменети за граѓаните и спортистите на Охрид. Овие игралишта се инвестиција на Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт и се дел од проектот „Изградба на 120 тениски терени низ целата држава“ и од проектот „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава“. Директорот Спасески во своето обраќање…
повеќе...Завршува реконструкцијата на Основното училиште во Оровник
Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во посета на Основното училиште во Оровник, каде пред сам крај се градежните работи што се одвиваат околу целосната реконструкција на училиштето. Се работи за прва позначителна реконструкција на училиштето изградено во 1954 година. Градоначалникот истакна дека со почетокот на новата учебна година учениците од основното училиште во Оровник наставата ќе ја следат во пријатни услови и дека со замената на надворешната столарија, замената на кровниот покривач, поставувањето на топлинската изолација и со замената на светилките, ќе се штеди енергија и очекува да…
повеќе...Државната секретарка во МВР, Анастасија Илиеска, стана директорка на УЈП
Државната секретарка во МВР, Анастасија Илиеска, стана директорка на Управата за јавни приходи (УЈП), потврдија од Владата за „Мета“. „По изборот на Кирил Миноски за министер за финансии, заради тековно извршување на функциите на институцијата, Владата одлучи директорот на подрачната единица на УЈП во Скопје, Петар Есмеров, привремено да биде назначен за вршител на должноста директор на УЈП. На минатата седница, Владата ја именуваше Анастасија Илиеска за директор на УЈП, а Петар Есмеров ќе продолжи да ја извршува позицијата директор на подрачната единица на УЈП-Скопје “– изјави портпаролот на Владата,…
повеќе...Заменик министерот Муцунски на работен состанок во Охрид за новиот ЗОУП
Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со раководителите на секторите од локалната самоуправа и директорите на јавните претпријатија, денес имаше работна средба со заменик министерот за Информатичко опоштество и администрација, Тимчо Муцунски и директорот на Државниот управен инспекторат, Ромео Деребан. Целта на посетата беше разгледувањето на сите аспекти од примената на новиот Закон за општа и управна постапка. „Целта на овој состанок е претставниците на локалната самоуправа и јавната администрација, поблиску да се запознаат со одредбите на новиот Закон за општа управна постапка, кој ја носи најголемата промена во работата на јавната…
повеќе...Директорот на АМС, Спасески во посета на Летниот училишен спортски камп во Охрид
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска ги посети учесниците на „Летниот училишен спортски камп – Охрид 2016 “. „Имавме прилика да се запознаеме со најдобрите ученици и да им посакаме успешна работа. Заедно со нас се спортистите каратистот Мартин Несторовски и кошаркарот Огнен Стојановски, кои имаа можност да поразговараат и да ги пренесат своите искуства на учесниците на спортскиот камп. Воедно во текот на училишниот спортски камп учество ќе земат и други врвни спортски имиња кои се дел од македонските спортски легенди, меѓу кои Пепи Манасков,…
повеќе...ОУ „Братство Единство“ успешно ги претстави Охрид и Македонија во Турција
Директорот на ОУ „Братство – Единство“, Охрид, Муамер Доко, заедно со наставниците од училиштето Емилија Паункоска, Бурим Хидри и Ајнет Пашо, како и ученици од училиштето, викендов беа во посета на Република Турција, односно во градовите Текирдаг, Черкезкој, Едрене и Силиври. Тие, со 18 ученици од трите националности, со мултиетничко оро присуствуваа на Детскиот фестивал, со што го претставија училиштето, градот Охрид и нашата држава. Во рамки на посетата, делегацијата оствари средби со градоначалникот на Черкезој, Вахап Акај и заменик градоначалникот, претседателот на Советот на општина, заменик директорот за образование, директори на училишта и претседателот на…
повеќе...