Семинар за доктори и физиотерапевти за клубовите од Прва и Втора МФЛ

Комисијата за здравство и анти-допинг на 11. февруари 2017 година (сабота) во хотел Континентал, Скопје ќе го одржи годишниот лиценцен семинар за доктори и физиотерапевти од клубовите кои се натпреваруваат во Прва и Втора МФЛ. Во продолжение можете да ги пронајдете агендата за семинарот како и материјалите за истиот. Агенда (11.02.2017) Алатка за препознавање на потрес на мозокот СКАТ3 – помагало за оценка на потрес на мозокот

повеќе...

ПЗУ „Никодам-Медика“ – Велгошти

ПЗУ „НИКОДАМ-МЕДИКА“ е лоцирана на улица „Илинденска“ бр.96, во Велгошти – Охрид. Амбулантата по општа медицина работи со матичен лекар, а за своите пациенти врши бесплатни здравствени прегледи, совети за здравје, ЕКГ, мерење на шеќер во крвта, инхалации, интрамускулни и интравенски инјекции, земање крв за анализа и други здравствени услуги. Во рамки на амбулантата, отворена e и аптека, која работи секој работен ден (понеделник-петок) од 10:00 до 18:00 часот, а во сабота од 10:00 до 15:00 часот. Амбулантата има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Работно…

повеќе...

Реализирани 2.438 едукации во над 40 медицински центри во странство

Преку Програмата на Министерството за здравство за континуирана едукација на македонските лекари во најразвиените болници и здравствени системи досега се едуцирани 2.438 здравствени работници и тоа во врвни медицински центри во Европа и САД. Околу 70 проценти од докторите кои биле на едукација веќе применуваат нови методи во јавните здравствени установи во Република Македонија. Ова денеска на прес-конференција го истакна вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој рече дека оваа системска мерка воведена пред неколку години дава одлични резултати, добро е прифатена од страна на сите здравствени работници кои…

повеќе...

Започна со работа ПЗУ „Никодам-Медика“ Велгошти

Започна со работа ПЗУ „НИКОДАМ-МЕДИКА“, лоцирана на ул. „Илинденска“ бр.96, во село Велгошти Охрид. Амбулантата по општа медицина работи со матичен лекар, а за своите пациенти врши бесплатни здравствени прегледи, совети за здравје, ЕКГ, мерење на шеќер во крвта, инхалации, интрамускулни и интравенски инјекции, земање крв за анализа и други здравствени услуги. Во рамки на амбулантата, отворена e и аптека, која работи секој работен ден (понеделник-петок) од 10:00 до 18:00 часот, а во сабота од 10:00 до 15:00 часот. Амбулантата има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија…

повеќе...

Во Скопје се одржува Основна обука за воздухопловна медицина

Од денес до 21 мај, за прв пат, во Скопје се одржува Основна обука за воздухопловна медицина, во организација на ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ – Скопје. Обуката е акредитирана од Агенцијата за циивилно воздухопловство, согласно позитивните законски прописи во земјава од оваа област, а ќе ја посетат 24 лица- лекари, психолози како и медицински персонал од повеќе здравствени установи во земјава. Предавањата ќе ги реализираат еминентни стручни лица од сферата на воздухопловната медицина од Хрватска и Србија, како и врвни специјалисти од повеќе области од ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“…

повеќе...

Претседателот Иванов прогласен за почесен доктор на науки на Академијата за јавна администрација на Азербејџан

На претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вчера во Баку му беше доделено признанието Почесен доктор на науки на Академијата за јавна администрација на Азербејџан, највисоката образовна и научна институција за образување на кадри и раководители во државната и јавната администрација. По тој повод, претседателот Иванов пред присутните професори и студенти одржа предавање за Балканот, Кавказот и Блискиот Исток, предизвиците со кои овие региони се соочуваат, и нивните односи со Европската унија. Посочувајќи на македонскиот модел на почитување на различноста како пример, претседателот Иванов преку приказ на историскиот развој…

повеќе...

„Рурален доктор“ досега реализираше околу 160 илјади прегледи

Околу 160.000 прегледи се реализирани во периодот од март 2014 година досега, во рамки на проектот „Рурален доктор“ на целата територија на државата. Станува збор за проект со кој се опфатени жителите на населени места во Република Македонија кои немаат директен пристап до здравствени услуги од примарно ниво во близина на местото на живеење, со цел да се овозможи подостапна здравствена заштита на ниво на целата држава, односно континуитет во обезбедувањето здравствена заштита на жителите во тие населени места. Ова денеска на прес-конференција за реализацијата на проектот „Рурален доктор“ го…

повеќе...

Тодоров: Продолжува реализацијата на проектот „Отварање на 66 рурални аптеки“

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети новоотворената рурална аптека во радовишкото село Ињево. „Задоволен сум што продолжува реализацијата на проектот „Отварање на 66 рурални аптеки“, чија што реализација е заедничка на Министерството за здравство, Агенцијата за лекови и Фондот за здравствено осигурување. Со тоа овозможуваме пристап до лекови на околу 135.000 граѓани во рурални области во цела Македонија“, изјави Тодоров. Посочи дека за целосно заокружување на проектот ќе биде неопходно да се доближат и лекарските услуги. „Тука е и сегментот наподвижните аптеки, кој е за места до 1.500…

повеќе...

Се намалува бројот на Доктори на науки

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014 година, звањето доктор на науки го стекнале 206 лица што претставува намалување за 5.9% во споредба со 2013 година. Најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки, 41.8%; потоа на техничко – технолошките науки, 17.5%; следат медицинските науки со 15.5%, а останатите лица докторирале во областа на хуманистичките науки, природно-математичките и биотехничките науки. Бројот на жените кои одбраниле докторска дисертација во текот на 2014 година изнесува 106 кандидати што претставува 51.5% од вкупниот број на лица кои докторирале во…

повеќе...