Австралискиот драм енд бејс и хип хоп продуцент – MC Wasp, се приклучува на шоуто на Кирил Џајковски и ТК Вондер на 6-от Хајнекен Грин Бич Фестивал. Џајковски, ТК Вондер и MC Wasp ќе настапат на 1-ви август, вториот ден од најголемиот денс настан годинава. Со емсито кој ни доаѓа директно од Мелбурн, се комплетира составот на Џајковски за крунисување на грандиозниот викенд на плажа Парк. Главната ѕвезда на најексплозивната журка ова лето е Фед Ле Гранд, чиј диџеј сет ќе го чуеме на 31-ви јули, петок, на плажата Парк…
повеќе...Tag: фестивал
Концерт и изложба на дела од работилницата за ready made во Струга
Културниот центар „Кула“, го затвора фестивалот Дрим он, со концерт и изложба на дела од одпад од работилницата за ready made. Работилницата се одржа во Струга, во рамки на фестивалот Дрим Он од 22-26 јули. Концертот кој ќе се одржи на 26 јули со почеток во 21.00 часот ќе биде производ на соработката помеѓу културниот центар Кула и фестивалот за процесирање култура Дрим он. Учесниците на оваа работилница имаа прилика да се запознаат со основите на концептот ready-made и да творат во духот на неговите поимања. Предметите кои се изработија…
повеќе...Канческа-Милевска присуствуваше на филмскиот фестивал „Џифони иксуство“
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во текот на вчерашниот ден престојуваше во градот Џифони, Република Италија, каде што присуствуваше на еден од најголемите и најзначајни филмски фестивали за деца и млади во светот, „Џифони искуство“, на кој Република Македонија учествува по 14-ти пат. Во рамките на посетата, Канческа-Милевска оствари работна средба со градоначалникот на градот Џифони (Giffoni Valle Piana ), Паоло Русомандо, на која присуствуваа и амбасадорот на Република Македонија во Република Италија, Оливер Шамбевски; амбасадорот на Република Италија во Македонија, Ернесто Масимино Белели и директорот на Агенцијата за филм,…
повеќе...Џајковски и ТК Вондер за уште пограндиозен Хајнекен Грин Бич Фестивал
На 1-ви август, ден по настапот на Фед Ле Гранд на плажа Парк во Охрид, на истата локација ќе настаат Кирил Џајковски и ТК Вондер! Ова ќе биде нивен прв настап на Хајнекен Грин Бич Фестивал. Посетителите ќе имаат екстра можност да бидат дел од неверојатна дводневна забава на преубавата плажа Парк, и тоа со една единствена супер промотивна влезница од 400 денари. ВИП картите ќе чинат 700 денари. Имајќи предвид дека оние што ќе го сведочат сензационалниот диџеј сет на холандската денс супер ѕвезда, Фед Ле Гранд, нема да можат…
повеќе...Концертна вечер за историја – „Телонаука Совршена“ се враќа на сцената со прв концерт во Струга
По пауза од 23 години, култната група „Телонаука Совршена“ ќе настапи во живо во рамки на третото издание на „ДримOn“. Публиката ќе има ретка можност да присуствува на концертот, кој ќе биде во сабота, 25 јули на Летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Гитаристот и вокалист на бендот, Сашо Кленкоски рече дека идејата за повторно враќање на сцена била уште од пред нецела година и имаат намера групата да продолжи таму каде што запре во 1992 година. „Ова ќе биде нашиот прв настап во Струга. Верувале…
повеќе...Трето издание на фестивалот за процесирање култура во Струга – Инка го носи ДримОн3- „на мускули“
Дебати, работилници, изложби, проекции на филмови, концерти, дружење и поттикнување на размислувањата и делувањата на полето на уметноста и културата ќе бидат дел од третото издание на Фестивалот за процесирање култура „ДримOn“ кој ќе се одржи од 22 до 26 јули во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Креативното јадро на Здружението Иницијатива за независен културен активизам (ИНКА), на свој грб го носи и третото издание на фестивалот, чие мото е „На мускули“. „Од ова издание на „ДримОn“ очекувам да ги набилдаме уште повеќе мускулите за да можеме да…
повеќе...Ману Чао Ла Вентура за совршен крај на Д Фестивал
Ману Чао Ла Вентура разнесоа, за финиш на единствената фестивалска понуда летово, која се случи во Дојран од 17-ти до 19-ти јули. „Зад нас се 3 интензивни денови преполни со забава, уживање и славје. Вкупно 13.000 посетители, преку 1.000 шатори во фестивалскиот камп и неброени спомени од оваа историска приказна. Имавме сензационален старт на Д Фестивал во петокот (17.07), уште поуспешна сабота и очекувано, најатрактивната последна ноќ. Совршениот крај беше одбележан со настапот на Ману Чао Ла Вентура, состав чиј настап не се опишува со зборови. Моќно, јасно и гласно,…
повеќе...Втора вечер на Д Фестивал
Речиси десет илјади луѓе присуствуваа на втората вечер на Д Фестивал, која беше распродадена околу полноќ. Сабота, 18.07.2015 ќе остане запомнет како ден кога во Дојран се случи нешто, кое не само што не е видено во малиот град, туку е реткост во македонската фестивалска историја. „Паркингот Гранит беше полн, расположението на највисоко можно ниво, а забавата по највисоките стандарди. Но, пред нас е последната и главна вечер, за која се’ уште има достапни влезници, чиј број се намалува од час во час. Оние што беа дел од оваа историска ноќ…
повеќе...13-то издание на Пиво-Фест во Прилеп
Фестивалската атмосфера, веќе неколку дена се подгрева со оптимизам и амбиции, да се срушат сите рекорди. Прилепчани, со неповторливиот оптимизам, спремни се да се соочат со големата балканска фешта под Маркови кули. „Ќе бидеме гостопримливи би требало да имаме многу гости како и секоја година и пак да го урниме рекордот, посочија прилепчани.“ На првиот ден на фестивалот на пивото настапија Слаткаристика, Љубојна, Саша Ковачевиќ , DJ Slave, DJ Meto S, DJ Martin Antenna 5 и DJ Sinisa. Синоќа Прилепчани ги пречекаја Radio Activ, ZAA, DNK и Прљаво Казалиште, каде…
повеќе...Во Дојран се испишува историја!
Вечерва во македонската историја на фестивалскиот туризам со златни букви ќе бидат испишани Дојран и Д Фестивал. Со комплетно пополнети капацитети за сместување во цел Дојран и околината, организаторите очекуваат рекордна посета на Д Фестивал. „Интересот е огромен, камперите веќе го наполнија прекрасниот парк на влезот во Стар Дојран – нашиот официјален фестивалски камп, а според процените, посетата од странски туристи ќе биде најмалку десет пати поголема во споредба со минатата година.“- велат тие. Најголемиот број од странците доаѓаат од соседните земји, но најавени се многу добредојдени посетители од Западна…
повеќе...