Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во „Вила Билјана” во Охрид ги прими организаторите на фестивалот „Охридско лето”, како и светски познатиот сопран, оперската ѕвезда од Италија, Барбара Фритоли, италијанскиот баритон Лео Нучи и аргентинскиот диригент Луис Горелик, со чии настапи свечено ќе биде отворено годинешното 54 –то издание на фестивалот. Во пресрет на утрешното отворање на „Охридско лето”, македонскиот претседател изрази задоволство од годинешната програма, посочувајќи дека фестивалот дава исклучителен придонес за промовирање на македонската култура во светот, како и на најзначајните светски културни достигнувања пред македонската…
повеќе...Tag: фестивал
Свечено затворање на Балканскиот фестивал на народни песни и игри 2014
Вечерва,11 јули (петок) свечено на сцената Долни Сарај со почеток во 21.оо часот, ќе биде затворен Балканскиот фестивал на народни песни и игри 2014. Фестивалот ќе биде затворен со настапите на Ансамблот „Туфаг” од Јалова , Турција- КУД „Илинден”од Велгошти, МАКЕДОНИЈА- КУД „Отекс”, Охрид, МАКЕДОНИЈА. Влезот е слободен.
повеќе...Јанкуловска: Фестивалот „Охридско лето“ од година во година е се поуспешен
Предизвикот што го имавме минатата година со добивање на највисоката награда за туристички настан за 2013 година за нас беше поттик да направиме нешто што ќе биде уште подобро. Меѓу другото се концентриравме на две полиња. Едното беше средување на сите прашања кои беа врзани со финансиските обврски на установата, а другиот дел беше поврзан со реализација на уште подобра и поуспешна програма, изјави директорката на фестивалот „Охридско лето“ Елизабета Јанкуловска денеска по средбата со охридските пратеници Александар Николовски и Сашо Василевски при што се разговараше за условите и начинот…
повеќе...Започна 53-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри
На реконструираната летна сцена „Долни Сарај“, синоќа започна 53-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Охрид деновите од 6 до 11 Јули ќе сјае во колоритот на носиите и ќе бие во ритамот на песната и играта на многу народи. „Охрид, деновиве ќе сјае во колоритот на носиите и ќе не разгалува со песната и играта на многу народи, во чија основа е фолклорот како темел на специфичните култури и национални идентитети. Тоа е амбиент во кој се растреперуваат срцата и се будат сите човекови сетила, амбиент…
повеќе...Заврши фестивалот „Канеофест“ 2014
Синоќа на летната сцена Долни Сарај се одржа втората(поп) вечер од фестивалот „Канеофест“, 2014, со што фестивалот беше затворен. На фестивалот се натпреваруваа изведувачи на новокомпонирани, дотогаш неизведени поп мелодии, каде публиката во ревијалниот дел од фестивалот уживаше во настапите на неколку познати имиња од македонската естрада. Инаку, фестивалот „Канеофест“, годинава се одржа во 13-ти пат. Ангелче Андриоски
повеќе...Започнува Балканскиот фестивал на народни песни и игри 2014
Од утре, 6 јули започнува овогодинешното 53-то реномирано издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид. На свеченото отворање ќе говорат претседателот на Собрание на Република Македонија,Трајко Вељаноски и градоначалник на Општина Охрид Никола Бакрачески. Фестивалските вечери ќе се одржуваат на позната летна сцена Долни Сарај, со почеток во 21.00 часот, а влезот е слободен за сите љубители на фолклорот. Организирањето на фестивалот е овозможено со финансиска поддршка на Министерството за култура на Р.Македонија и пријателите на…
повеќе...Свечено отворено 13-то издание на фестивалот „Канеофест“ 2014
На летната сцена „Долни Сарај“, синоќа свечено беше отворено тринаесетото издание на фестивалот „КАНЕОФЕСТ 2014“, што го организира ТВ Морис, со поддршка на општина Охрид и бројни помагатели. На свеченото отворање, заменик- градоначалникот Ангел Јанев на учесниците им посака успешни фестивалски денови и многу хитови. „Ќе се согласите со мене, традиција, достојна за почит, за гордост, како на организаторите така и на сите нас, гордост на овој волшебен Охрид … Заеднички, посакуваме, со песната на овие млади луѓе, и ова фестивалско издание на КАНЕОФЕСТ, да ја остави трагата која ја оставаше…
повеќе...Учесниците на фестивалот „Разиграно оро“ на прием во Општина Охрид
Претседателката на советот на Општина Охрид, Гордана Коњаноска и заменик градоначалникот, Ангел Јанев денес во зградата на Локалната самоуправа ги примија учесниците на меѓународниот фолклорен фестивал “Разиграно оро“ што од 30 јуни до 3 јули се одржува во Охрид. Претседателката на советот, Гордана Коњаноска на учесниците на фестивалот од Русија, Полска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Бугарија, од свое и од име на градоначалникот Никола Бакрачески им посака и преостанатите фестивалски денови да им бидат успешни со многу дружење и пријатен престој во Охрид. На средбата беше…
повеќе...По 13-ти пат ќе се одржи „Канеофест“ 2014
По 13-ти пат ќе се одржи фестивалот „Канеофест“ 2014, во организација и покровителство на Телевизија Морис од Охрид. Традицијата на фестивалот до неговото 11 издание беше да се натпреваруваат само интерпретатори на новокомпонирани мелодии од областа на поп музиката, но од минатата година фестивалот прерасна во 2 фестивалски вечери, односно беше воведена уште една вечер на фолк музиката. „Стручното жири ќе го сочинуваат исклучиво професори по музика кои што ќе ги оценуваат натпреварувачите. Натпреварувачите исто така ќе бидат оценувани и од публиката, која ќе гласа со самите влезници кои воедно ќе…
повеќе...Меѓународен фолклорен фестивал „Разиграно оро“
На летната сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“, синоќа свечено беше отворен осмиот Меѓународниот фолклорен фестивал „Разиграно оро“. Фестивалот за отворен го прогласи заменик- градоначалникот Ангел Јанев, кој истакна дека Охрид деновиве ќе биде полн со младост, музика, песни и ора. „Нашата порака, како Ваши домаќини е да се чуствувате како дома. Најдете слободно време да прошетате и да посетите дел од богатото културно наследство, старо околу седум илјади години. Почуствувајте го духот на прекрасниот Охрид. Дури тогаш ќе видите зошто Охрид и Охридското Езеро, како светско културно и…
повеќе...