И оваа година, како зачеток на една мала традиција, во Охрид по втор пат се организира маратонот за програмирање, Codefest 2014. Овој настан е единствен од својот тип, особено со тоа што е организиран од и за студенти, и опфаќа маратонско програмирање, кое минатата година траеше 24 часа, а за оваа година е најавено да трае 32 непрекинати часови. Овогодинешниот настан се организира под слоганот Celebrating Code (Го прославуваме кодот), и се очекува да биде поголем и уште поуспешен од оној минатата година. За таа цел, Организациското Тело на настанот,…
повеќе...Tag: фестивал
Ќе се снима првиот документарец за „Охридско Лето“
Фестивалот „Охридско Лето“ за прв пат од своето, повеќе од половина век, постоење ќе добие документарен филм. Љубителите на уметноста конечно ќе имаат прилика да го погледнат патот на успехот на најпрестижниот фестивал на филмско платно, да ја видат сцената која преставува собиралиште на најпознатите светски звезди, најголемите македонски уметници, најатрактивните театарски куќи. Видео материјалот, кој ќе биде во траење од најмалку 40 минути, ќе го содржи патот на Фестивалот, од далечната 1961 година кога првенката на македонската Опера, Ана Липша Тофовиќ заедно со својот сопруг и неколку пријатели разгледувајќи…
повеќе...КУД „Пирамида“ при Здружението на балканските Египќани во Македонија учествуваа на првата мултикултурна манифестација „Македонија наш дом“
Во Драмскиот театар Скопје под покровителство на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Мисијата на ОБСЕ во Скопје КУД „Пирамида“ при Здружението на балканските Египќани во Р.Македонија зеде учество на првата мултикултурна манифестација „Македонија наш дом“. Со автентични ора на Египќаните од Охридско-Струшкиот регион КУД „Пирамида“ презентира дел од културното богатство на Египќаните во РМ што секако беше најубава прилика изворно да се запознаат останатите заедници и присутни со културата и традицијата на Египќаните. На манифестацијата со свои културно уметнички перформанси учество зедоа 13 етнички заедници од Македонија,…
повеќе...Во вторник ќе се одржи четвртиот интернационален Фестивал на филмови снимени со мобилен телефон
Четвртиот Интернационален Фестивал на филмови снимени со мобилен телефон Мобил Фестивал на 17-ти Декември (вторник) ќе се одржи и во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид со почеток во 20:00 часот во големата сала. Фестивалот е во организација на КТ Филм и Медиа продукција од Скопје и со поддршка од Филмски Фонд на Македонија. Генерални партнери на фестивалот се T-Mobile и T-Home. Мобил Фестивал како и изминатите години патува низ другите градови во Македонија, на фестивалот има 2 програми, натпреварувачка и ревијална, инаку фестивалот е интернационален и има…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески го отвори фестивалот на Египќаните – „Sound of Egypt“
Градоначалникот Никола Бакрачески, вчера во Центарот за култура „Григор Прличев“ со пригодно обраќање, го отвори Четвртиот по ред фестивал на музичко и фолклорно творештво на Египќаните – „Sound of Egypt“. „Вечерва имам особено задоволство да ги поздравам присутните во Центарот за култура во Охрид, изведувачите, организаторите на Четвртото издание на „Sound of Egypt“ – фестивалот на музичкото и фолклорното творештво на Египќаните од Република Македонија и посебно претставниците на Здружението на Египќаните од Охрид, со кои очекувам натамошна интензивна соработка. Искрено се надевам дека низ шаренилото на звуци и напеви…
повеќе...Директорката на „Охридско Лето“ Елизабета Јанкуловска на средба со хрватските новинари
„Охридско Лето“ и врвните хрватски Фестивали треба да ја продлабочат и онака успешната соработка преку заеднички проекти. Ова беше потенцирано на денешната средба на директорката на „Охридско Лето“, Елизабета Јанкуловска со истакнатите хрватски новинари – уредници од влијателни медиуми, кои престојуваат во Македонија. Тие се запознаа со програмата и настапите на врвните уметници и пројавија желба медиумски да помогнат за остварување на уште поголема соработка во областа на културата преку презентирањето на Фестивалот во Хрватска и доближивање на хрватската култура во Македонија и македонската во Хрватска. На средбата беше истакнато…
повеќе...„Охридско Лето“ – најуспешен туристички настан за 2013
Фестивалот „Охридско Лето“ е најуспешен туристички настан за 2013 година според Министерството за економија. На денешната свеченот по повод светскиот ден на туризмот- 27 септември, признанитето за најкултурен настан и беше врачено на директорката на најреномираната културна манифестација, Елизабета Јанкуловска. Според неа заслугата е на целиот тим кој посветено работи во насока на продолжување на успешната традиција од 53 години на врвот на светската уметничка сцена. „Навистина сме благодарни но и почестени што го добивме ова признание кое ги потврдува нашите заложби, културата да биде еден од главните чинители во…
повеќе...На 28-ми септември ќе се одржат охридските староградски средби
Охридските староградски средби годинава ќе се одржат на 28-ми септември. Охридски староградски средби е фестивал во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид што ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува по долгогодишна пауза старите добри градски музички традиции. На годинешното фестивалско издание ќе настапат над 200 учесници од повеќе познати староградски состави: -Хорот при Центарот за култура Охрид, Градски Тамбурашки оркестар од Штип, Октет Прилеп од НУ Центар за култура Прилеп, Распени гевгеличани од Гевгелија, Крива Паланка од Дом на култура Крива Паланка,…
повеќе...Со „Браќа Карамазови“ вечерва се спушта завесата на уште едно успешно „Охридско Лето“
Со претставата „Браќа Карамазови“, од македонскиот режисер Дејан Пројковски, а во изведба на театарот „Марин Држиќ“ од Дубровник, вечерва во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот се спушта завесата на годинешното 53-то издание на „Охридско Лето“. Интересот кај публиката е голем, а картите се распродадени од пред неколку дена. Токму затоа љубителите на театарот ќе можат да ја погледаат исклучително брилјантната претстава и ден по свеченото затворање. Според оценките на стручната јавност ансамблот на театарот „Марин Држиќ“ токму со „Браќа Карамазови“ која премиерно беше претставена…
повеќе...Виолинистот Немања Радуловиќ од Србија и пијанистката Сузан Маноф од САД вечерва на „Охридско Лето“
Вечерва во Црквата „Св.Софија“ со почеток во 21 часот на програмата на „Охридско Лето“ ќе настапат Виолинистот Немања Радуловиќ од Србија и пијанистката Сузан Маноф од САД, со изведба на дела од Чајковски, Моцарт, Бах, Франк, Равел. Немања Радуловиќ се вбројува меѓу највпечатливите уметници од младата генерација на денешната музичка сцена, со своите атрактивни настапи одушевувајќи го аудиториумот. Радуловиќ е добитник на престижните награди „Јоахим“ во Хановер, „Џорџе Енеску“, „Антонио Страдивари“ „Јехуди Мењухин“, „Вијенјавски-Липински“ во Полска. Тој беше прогласен за International Revelation of the Year” од Victoires de la Musique…
повеќе...