На помошното игралиште на фудбалскиот клуб „Работнички“ се одигра ревијален натревар помеѓу селекцијата на Фудбалската федерација на Македонија и екипа составена од припадниците на Армијата на Република Македонија. Средбата се одигра во чест на Денот на Македонската Армија – 18 август. Селекцијата на нашата федерација ја сочинуваа ветерани, поранешни фудбалски звезди. Петар Милошевски, Илчо Ѓорѓиоски, Тони Мицевски, Митко Стојковски, Светозар Станковски, Ванчо Мицевски, Игор Ангелковски, Драган Поповски, Есад Чолаковиќ, Влатко Љушев, Борче Димовски, Жикица Лазаров, Марјан Андревски и Гоце Марковски во дресот на Фудбалската Федерација на Макеоднија беа доволна гаранција…
повеќе...Tag: ффм
Селекторот Јаневски го објави списокот за пријателскиот натпревар со Бугарија
Селекторот на Фудбалската репрезентација на Македонија Чедомир Јаневски го објави списокот на играчи на кои ќе смета за пријателскиот натпревар со Бугарија, кој ќе се одигра на 14 август во Скопје. Со оглед на тоа дека се работи за последна проверка пред квалификациските натпревари во септември, Јаневски се одлучи на проверени имиња, a за прв пат на А селекцијата и се приклучува Давид Бабунски од Барселона. Од домашното првенство е повикан најдобриот стрелец од минатата сезона, Јован Костовски од Вардар. “Ова е последна проверка пред квалификациските натпревари со Велс и…
повеќе...Годишно тренерско лиценцирање на 5 август
Тренерската Организација и Центарот за Едукација при Фудбалската федерација на Македонија го организираат редовното годишно лиценцирање на тренерите во сениорските екипи во Прва и Втора МФЛ. Лиценцирањето ќе одржи на 5 aвгуст 2013 година (понеделник) во хотел „Континентал“ Скопје, со почеток во 10:30 часот. На лиценцирањето ќе има презентации од областа на професионалниот менаџмент, психологија на врвни спортисти, а своја презентација ќе има и Селекторотот на „А“ репрезентацијата на Македонија, Чедомир Јаневски. Лиценцирањето е предвидено да трае до 15:00 часот кога тренерите ќе ги добијат своите лиценци/дозволи за работа за…
повеќе...Во Охрид беше одржана обука за КОМЕТ системот
Продолжуваат активностите на ФФМ за воведување на COMET (КОМЕТ) системот. Во организација на Фудбалската федерација и во соработка со Универзитетот за Информатички Науки и Технологија, Св. Апостол Павле од Охрид, се одржа дводневна обука во периодот од 24 – 25 јули 2013, која опфаќа обука на администратори на фудбалските клубови од Прва и Втора лига и администратори на општинските фудбалски сојузи за користење на COMET (КОМЕТ) систем. COMET (КОМЕТ) e глобален информатички систем за процесирање на сите податоци врзани за евиденција на натпревари и наптреварувања, а ги интегрира сите елементи во…
повеќе...Одржана тркалезна маса на тема „Справување со насилството и национализмот во спортот“
Фудбалската федерација на Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организираше тркалезна маса на тема „Како против национализмот и насилството во спортот“. Тркалезната маса се одржа во просториите на ФФМ, а на средбата во „Куќата на фудбалот“ учествуваа претставниците на Мисијата на ОБСЕ (Виачеслав Воробиев – началник на Одделот за јавна сигурност и поддршка на зедниците, Пјер Олдони – шеф на мониторинг и Мауро Калво – службеник за демократско владеење), генералните секретари на кошаркарската, ракометната и одбојкарската федерација на Македонија (Дејан Лекиќ, Филип Милошевски и Зоран Карановиќ), државни…
повеќе...Охрид има потенцијал да прерасне во врвен спортско-туристички центар
На иницијатива на раководството на СРЦ „Билјанини Извори“ и на Локалната самоуправа на Охрид, денес беше одржана работна средба со претставниците на спортските федерации на Македонија и со Агенцијата за млади и спорт. Целта на оваа работна средба беше омасовување на спортот во Охрид и развој на спортските клубови и спортските друштва во Охрид и со една координирана акција како со Агенцијата за млади и спорт, така и со спортските федерации на Република Македонија. „Она што е наша цел како Локална самоуправа и цел на СРЦ „Билјанини Извори“ е да ја…
повеќе...Одлуки од седницата на Управниот одбор на ФФМ
-Управниот одбор на ФФМ, пред почетокот на натпреварувачката 2013/14 година ги донесе пропозициите за натпреварување во Прва МФЛ, Втора МФЛ, пропозициите за Куп натпреварување за сениори, пропозициите за натпреварување во Третите лиги, пропозициите за натпреварување во млади категории, како и пропозициите за натпреварување во Прва женска лига и Куп натпреварување во женска конкуренција. -Управниот одбор на ФФМ го усвои правилникот на федерацијата за инфраструктура и стадиони. -Покрај носењето на пропозициите, Управниот одбор на својата седница ја избра судиската комисија на ФФМ. Емил Божиновски и понатаму ќе ја врши функцијата –…
повеќе...Ѓорѓиоски ја доби довербата за претседател на ФФМ на редовното изборно собрание во Охрид
Илчо Ѓорѓиоски е избран за Претседател на Фудбалската федерација на Македонија на редовното Собрание кое се одржа во Охрид. Делегатите на собранието едногласно му ја дадоа довербата на Ѓорѓиоски да раководи со македонскиот фудбал во наредните четири години. „На човек како мене, на луѓе како нас – фудбалот ни е се. И нужност и полза и законитост. Ќе продолжиме да градиме однос полн со доверба, но и со обврски. Тука сме да создаваме и да бидеме одговорни за постапките. Ви благодарам што на вистински начин ја препознавте нашата програма за…
повеќе...Претседателот на ФФМ Ѓорѓиоски оствари работен состанок со Петриашвили
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски оствари работна средба со Давид Петриашвили, одговорен за „хет трик“ програмата на УЕФА во одделот за развој на национални асоцијации и Маркус Келер, експерт на УЕФА и ФИФА за тревни подлоги. На состанокот во „куќата на фудбалот“ Претседателот на ФФМ, Ѓорѓиоски детално ја презентираше програмата на ФФМ за изградба на 10 терени со вештачка трева во различни општини во нашата земја и го образложи планот и динамиката за остварување на проектот „10 терени со вештачка трева“ поддржан од европската фудбалска куќа. Фудбалската…
повеќе...Преку пријателски однос до драгоцено искуство
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и Директорот на националната репрезентација, Петар Милошевски на официјалната средба со раководството на Фудбалската асоцијација на Шведска во пријателски разговор ја потенцираа добрата соработка меѓу двете федерации, зборуваа за стратешките проекти на на асоцијациите, тековните мундијалски квалификации и шансите на Македонија да оствари позитивен резултат вечерва против Шведска во Малме. Претседателот на шведската фудбалска асоцијација, Карл-Ерик Нилсон потенцираше дека е големо задоволството што Македонија гостува во Малме. „Ова е начин да ја продлабочиме соработката со нашите пријатели од Македонија. Се надевам дека…
повеќе...