ФФМ го објави конечниот список за Спортската гимназија – Фудбалска паралелка во Гостивар и финалниот список за Спортска гимназија – Фудбалска паралелка во Охрид. Напомена: Еден ученик од Кичево од селектирањето во Гостивар се запишува во паралелката во Охрид. ФИНАЛЕН СПИСОК Паралелка Гостивар 2015.pdf ФИНАЛЕН СПИСОК Паралелка Охрид 2015.pdf
повеќе...Tag: ффм
УЕФА клубско лиценцирање за сезона 2015/2016
Согласно временската табела од постапката за лиценцирање за натпреварувања во УЕФА за сезона 2015/2016, 9 (девет) клубови доставија пријави за лиценцирање, и тоа: ФК Вардар АД – Скопје; ФК Хоризонт Турново АД – с.Турново; ФК Металург АД – Скопје; ФК Работнички АД – Скопје; ФК Шкендија АД – Тетово; ФК Ренова АД – с.Џепчиште; ФК Силекс АД – Кратово; ФК Пелистер АД – Битола; и ФК Тетекс АД – Тетово, По извршениот преглед на документацијата, Одделението за лиценцирање при ФФМ достави извештај за секој клуб поединечно до Комисијата за лиценцирање…
повеќе...Наскоро започнува запишувањето во фудбалските паралелки за учебната 2015/16
Се известуваат сите кандидати кои се селектирани за запишување во фудбалските паралелки во СПОРТСКАТА ГИМНАЗИЈА во Скопје и дисперзираните паралелки во средните училишта низ Република Македонија (ОУТУ Ванчо Питошевски – Охрид, ОСЗУ Кузман Шапкарев – Битола, Гимназија Кочо Рацин – Велес, СОУ Мирче Ацев – Прилеп, СОУ Никола Карев – Струмица, СОУ Коле Нехтенин – Штип, ССОУ Моша Пијаде – Тетово и СОУ Методиј Митевски Брицо – Скопје), а согласно списоците кои се објавуваат како конечни (освен за Гостивар и СОУ Гостивар – се очекува тоа да биде во текот…
повеќе...Одржана редовна седница на Управниот одбор на ФФМ
Денес се одржа редовна седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија. Донесени беа следните одлуки: -Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го назначи поранешниот македонски репрезентативец Саша Ќириќ за технички менаџер на А репрезентацијата на Македонија. -Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ги усвои измените и дополнувањата на правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери и го усвои новиот стандарден договор за професионални фудбалери. Усвоените измени и дополнувања се во насока на усогласување на актите на ФФМ со барањата и критериумите на УЕФА и ФИФА…
повеќе...Македонија на 100 место на најновата ФИФА рејтинг листа
Репрезентацијата на Македонија забележа скок од 5 места и се наоѓа на 100 место според најновата ФИФА рејтинг листа. На врвот на ФИФА рејтинг листата и понатаму се наоѓа Германија, додека пак Белгија се искачи на второ место, потоа следуваат Аргентина, Колумбија, Бразил, Холандија, Португалија, Уругвај, Франција и Шпанија. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Мадагаскар, со скок од +37 места се најде на 113 место, додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Малдиви од -38 места која се најде на 178 место. WebOhrid
повеќе...ФФМ донираше опрема на 114 екипи во младинските конкуренции
Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (спортска опрема и фудбалски топки) на екипите од Супер и Првата лига (пионери, помлади пионери, кадетска и младинска конкуренција). Во просториите на „Куќата на фудбалот“ донација примија претставници на повеќе од 100 екипи кои се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија. „Ние го реализираме тоа што го прифативме како наша обврска. Развојот на младинскиот фудбал е приоритет и ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои посветуваат големо внимание на фудбалската иднина.…
повеќе...Лицата со телесен инвалидитет и фудбалот со здружени сили за јакнење на победничкиот дух
ФФМ ја зајакнува својата определба за поддршка и придонес кон подобро општество со проектот „Капитени на промени“. Проектот „Капитени на промени“ е иницијатива на УЕФА за креирање на еднакви можност за сите во фудбалскиот свет, без разлика на полот, религијата, националната припадност или физичките способности. Фудбалската Федерација на Македонија истиот го поддржува и ќе го имплементира во Македонијана повеќе нивоа, почнувајќи со подобрување на инфраструктурата на стадионите, едукација и активности во рамките на федерацијата и на сите клубови. Мисија на ФФМ е да привлече, чува и негува различности за одржување…
повеќе...Следното коло од Прва и Втора МФЛ ќе се игра без публика
Согласно безбедносните препораки од Министерството на внатрешни работи на Македонија, ФФМ информира дека сите закажани натпревари во Прва МФЛ (31 коло) и Втора МФЛ (26 коло) ќе се играат без присуство на гледачи во закажаните термини на 16-ти мај и на 18-ти мај 2015.
повеќе...Информатичкиот систем на ФФМ како темел за модерна фудбалска организација
Фудбалската федерација на Македонија заедно со претставници од асоцијациите на Уругвај, Кипар и Хрватска по барање на Фудбалската асоцијација на Обединетите Арапски Емирати во Дубаи од 5. до 8. мај одржаа презентација на COMET имформатичкиот систем и начинот на кој системот се користи во унапредување на управувањето со натпреварувањата, дисциплинските мерки, тимската и индивидуалната статистика во националните првенства. Поканата за учество на работниот семинар во Дубаи, Фудбалската федерација на Македонија ја доби по имплементираниот информатички систем во нашето првенство и одличната презентација на меѓународната конференција за информатизација на фудбалските сојузи…
повеќе...Утврден почетокот за УЕФА Б лиценца
Уписот за УЕФА Б курс е завршен и закажан е првиот семинар за периодот од 31.05 – 06.06.2015 во Спортскиот Комплекс на Хотел Истатов, со почеток во 12 часот. Упис за добивање на УЕФА А Диплома сеуште трае а терминот ќе биде дополнително утврден. Сите заинтересирани тренери да ја достават следнава документација до архива на ФФМ: -Копија од важечка УЕФА Б Диплома -Потврда за тренерски стаж од најмалку 2(две) години како носител на УЕФА Б Диплома, од кои најмалку една како тренер на сениорска екипа. -Важечко лекарско уверение -Уплатница за…
повеќе...