Љубинко Друловиќ не е повеќе селектор на Македонија

Љубинко Друловиќ не е повеќе селектор на македонската фудбалска репрезентација. Од една страна неговиот договор со македонската репрезентација заврши, а од друга страна Управниот одбор на ФК Партизан од Белград на денешната одржана седница едногласно го избра Друловиќ за нов тренер на клубот. „Договорот со Љубинко Друловиќ свечено ќе биде потпишан утре и ќе трае до јуни следната година. Причина за чекањето до утре е што раководството на Партизан ја почитува Фудбалската федерација на Македонија, која кон Друловиќ и Партизан беше искучително коректна, без да му застане на патот во продолжувањето…

повеќе...

Македонија ќе одигра пријателски натпревар против Црна Гора на 12 ноември во Скопје

„А“ репрезентацијата на Македонија на 12 ноември на националната арена „Филип Втори“ во Скопје ќе одигра контролен натпревар против репрезентацијата на Црна Гора. Репрезентација предводена од Бранко Брновиќ е рангирана на 72 место на ФИФА листата. Во групата „Г“ од квалификациите за Европското првенство во Франција 2016 година, црногорците се пласираа на четвртата позиција во конкуренција на Русија, Шведска, Австрија, Лихтенштајн и Молдавија. Црна Гора запиша три победи во циклусот за пласман на ЕУРО 2016. Македонија и Црна Гора досега одиграа два пријателски натпревари, имаме една победа во Скопје и…

повеќе...

ФФМ ја претстави програмата за национална академија пред 54-те членки на УЕФА

Во Братислава, Словачка се одржува едукативна работилница за тренери, експерти од областa на едукативните тренерски процеси и технички менаџери на која учествуваат претставници од сите 54-ри членки на УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија на 11-от УЕФА тренерски семинар ја претставуваат Зоран Стратев, координатор на младите национални тимови и фудбалската академија, Звонко Златановски, тренер во фудбалската академија, Марио Ѓурчиновски, член на УЕФА техничкиот комитет и Небојша Марковски, директор на центарот за едукација на ФФМ. „Создаваме иднина“ е слоганот на едукативниот семинар во Братислава, а главната тема на дискусиите и предавањата е…

повеќе...

Кампањата LIVE YOU GOALS по втор пат организирана во Скопје

Кампањата LIVE YOU GOALS повторно ја обедини играта, забавата и другарството на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Повеќе од двесте девојчиња на возраст од пет до 13 години беа дел од најпрепознатливата иницијатива на ФИФА за развој на женскиот фудбал. Многумина од нив за прв пат ја допреа фудбалската топка, но токму тоа е целта на LIVE YOU GOALS кампањата – поканети се сите кои ја сакаат играта и кои делат правилни спортски вредности. Настанот го отвори генералниот секретар на Фудбалска Федерација на Македонија, по што на учесниците им…

повеќе...

LIVE YOUR GOALS – Кампањата на ФИФА по втор пат во Македонија

LIVE YOURS GOALS, кампањата на ФИФА за развој на женскиот фудбал по втор пат ќе се одржи во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски” на 19 септември со почеток од 10:00 часот. „Преку кампањата „LIVE YOUR GOALS“ отворивме врата за девојките и младите жени во Македонија да се вклучат во играта. На настанот кој Фудбалската федерација на Македонија го организираше на 20. јуни учествуваа повеќе од двесте девојчиња, многу од нив добија инспирација да се вклучат во фудбалот и да покажат дека можат да ги остварат своте цели преку фудбалската…

повеќе...

Македонија претрпе минимален пораз од Шпанија

А репрезентацијата на Македонија доживеа минимален пораз од Шпанија, но одигра одличен натпревар. По еден центаршут на Мата од десната страна, Томе Пачовски несреќно интервенираше и постигна автогол во 8 минута од средбата. Нашата селекција претпре пораз со 1:0 од Шпанија во 8-миот натпревар од групата Ц во квалификациите за Европското Првенство што во 2016 ќе се одржи во Франција. Македонија одигра одличен натпревар против силната селекција на Шпанија, и беше рамноправен противник во сите 90 минути. Одлични можности за постигнување на гол кај нас не искористија Хасани и Петровиќ,…

повеќе...

Годишно лиценцирање на тренерите од Прва и Втора МФЛ за сезона 2015/16

Тренерската организација и Центарот за едукација на ФФМ, информира дека редовното годишно лиценцирање на тренерите во Стручниот Штаб на сенироската екипа за Прва и Втора МФЛ ќе се одржи на 31.07.2015 (петок) во Хотел „ТЦЦ Гранд Плаза“ – Скопје, со почеток во 11:00 часот. Присуството на сите тренери од Стручниот Штаб за екипите од Прва и Втора МФЛ, а согласно Правилникот за издавање на дозволи/лиценци за работа на тренерите во Македонија е задолжително. Лиценцирањето ќе заврши во 14:00 часот со доделување на лиценците за натпреварувачка сезона 2015/16. Дополнителни информации можете…

повеќе...

Македонија во група со Шпанија, Италија, Албанија, Израел и Лихтенштајн во квалификациите за СП 2018

Денес во Санкт Петербург се изврши ждрепката за квалификациите за Светкото првенство 2018 кое ќе се игра во Русија. Македонија ќе игра во Групата Г каде ќе треба да ги одмери силите против репрезентациите на: Шпанија, Италија, Албанија, Израел и Лихтенштајн. При извлекувањето присуствуваа селекторот на македонската репрезентација Љубинко Друловиќ, како и Саша Ќириќ – техничкиот менаџер на А репрезентацијата на Македонија. WebOhrid / фото: FIFA.com

повеќе...

Работен состанок на ФФМ со претседателите на клубовите од Првата лига

Денеска во „Куќата на фудбалот“ работен состанок одржаа раководството на Фудбалската федерација на Македонија и претседателите на клубовите од Првата фудбалска лига. Се дискутираше на актуелни теми кои значително влијаат и можат да придонесат за развој на натпреварувањето, а како главни точки беа издвоени – Телевизиските права на натпреварите од Првата лига за сезоната 2015/16, лиценцирањето на клубовите за националното првенство и системот за натпревари со Б тимовите. Свое обраќање на состанокот имаа и претставниците на комисијата за безбедност и судиската комисија при ФФМ. Претставниците на клубовите, главно позитивно го…

повеќе...

Претседателот Иванов се сретна со претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски. Поводот за средбата е добиената доверба од страна на УЕФА, Скопје и Националната арена „Филип Втори” да бидат домаќини на европскиот Суперкуп 2017-та година. Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов ја истакна важноста на добиената доверба од страна на УЕФА и упати честитки до претседателот на ФФМ за залагањето и промоцијата на Република Македонија во светски размери. Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, потенцираше дека за македонскиот фудбал е голема чест што ќе…

повеќе...