ФФМ вложува во развојот на женскиот фудбал

Фудбалската Федерација на Македонија вложува во развојот на фудбалот во сите сегменти и нивоа од играта, и во таа насока е и вложувањето во развој на женскиот фудбал. Еден од факторите за напредок се и тренерите кои директно влијаат во подобрување на ситуацијата во женскиот фудбал. За таа цел ФФМ заедно со УЕФА помогна во едукацијата на 14 жени тренери кои се определија да работат во женскиот фудбал и имаа желба да се стекнат со УЕФА Б Диплома. На покана од УЕФА дел од нив, тие кои се активни во…

повеќе...

Убедлив пораз за Вардар на стартот од Лигата Европа

На првиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа, Вардар убедливо беше поразен од Зенит. На Националната Арена „Филип Втори“, рускиот тим беше подобар противник, и заслужено си заминува со трите бода. Зенит ја оправда фаворитската улога и стигна до победа. Тоа е прва екипа која што со бодови си замина од Скопје. Уште во првото полувреме со трите гола во мрежата на Гачевски, Зенит се доближи до триумфот. Во шестата минута Вардар имаше негатива. Изведе корнер Нобоа од десната страна на првата статива каде што Кокорин со глава…

повеќе...

Македонија се искачи на 103 место на ФИФА рејтинг листата

Македонската репрезентација забележа скок на ФИФА рејтинг листата. Според најновата листа, Македонија се наоѓа на 103 место, благодарение на победата од 0:1 против Израел во гости, како и нерешениот резултат 1:1 против Албанија на домашен терен. Промени има и на врвот од ФИФА рејтинг листата каде се искачи Германија, пред Бразил кој падна на второ место, додека пак Португалија се искачи на третото место. Најголем скок од +47 места изминатиот месец забележа репрезентацијата на Кејп Верде островите која се искачи на 67 место. Најголем пад од -31 место забележа репрезентацијата на…

повеќе...

Упис за тренерски курсеви за добивање на УЕФА Б и УЕФА А тренерска диплома

Центарот за Едукација на Фудбалската Федерација на Македонија објавува упис за добивање на тренерски дипломи и лиценци, и тоа за следниве нивоа; УЕФА Б и УЕФА А. Кандидатите кои се заинтересирани за пријавување за еден од горенаведените курсеви во прилог на своето барањето треба да ги достават и следниве документи: За УЕФА Б Курс: – Најмалку 22 години старост, копија од лична карта или пасош – Најмалку 4 години активно играње фудбал во сениорска конкуренција во редовно натпреварување, во било која сениорска лига, потврда од клуб или потврда од ОФС…

повеќе...

Македонија 1:1 Албанија

Македонската фудбалска репрезентација го одигра осмиот натпревар во квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 во Русија. На стадионот „Младост“ во Струмица, нашата репрезентација ја пречека селекцијата на Албанија. Нашата репрезентација ја имаше првата шанса во 5 минута по една нафрлена топка од десната страна, но интервенираше албанската одбрана, па добивме само корнер. Несторовски имаше шанса во 14 минута, но не успеа да ја зафати најдобро топката од свртување. Во 23 минута Пандев се обиде со удар од далечина, но голманот на Албанија успеа да ја одбие оваа топка, а…

повеќе...

Македонија У21 со триумф ги започна квалификациите за ЕУРО 2019

Македонската млада репрезентација под 21 година (У21) ја започна одисејата во квалификациите за наредното Европско првенство, кое ќе се игра во 2019 година во Италија и Сан Марино. Избраниците на селекторот Благоја Милевски успеаа со 0:3 да ја совладаат Ерменија и со победа да ги стартуваат овие квалификации. Хет-трик за нашата репрезентација постигна Тихомир Костадинов со головите во 8, 26 и 72 минута. На табелата водат Русија и Ерменија со по 4 бодови. Русија има одиграно два натпревари, а Ерменија три. Следуваат Србија, Австрија и Македонија со по 3 бодови…

повеќе...

Израел 0:1 Македонија

Македонската фудбалска репрезентација го одигра седмиот натпревар во квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 во Русија. На стадионот „Сами Офер“ во Хаифа, нашата репрезентација гостуваше против Израел. Натпреварот започна без многу возбудувања. И обете страни внимателно, без многу ризикување, се обидуваа да го пронајдат патот до противничкиот шеснаесетник. Во 20-тата минута по изведениот слободен удар од Алиоски, топката стигна до Кире Ристевски кој ја смести во мрежата на Израел, но судиите го поништија тој погодок, поради играње со рака на Ристевски. Израелците имаа сериозна шанса во 27 минута од непосредна…

повеќе...

Нашите интернационалци во голгетерска форма

Езѓан Алиоски го постигна својот прв гол за тимот на Лидс Јунајтед во англискиот шампионат. Денес, неговиот тим гостуваше против Нотингем Форест и успеа да победи со 0:2. Стрелец на вториот гол за Лидс беше токму нашиот репрезентативец Алиоски. Во италијанската Серија Б, Палермо победи со 2:0 против Специја, а стрелци на головите беа нашите репрезентативци Александар Трајковски во 10 минута и Илија Несторовски во 53 минута. Во шпанската Ла Лига, Леванте и Депортиво ла Лоруња одиграа 2:2, а нашиот репрезентативец Барди го постигна својот деби гол за Леванте во…

повеќе...

Вардар ќе игра против Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг во групната фаза од Лигата Европа

Денес во Монако по групи беа распоредени тимовите за натпреварите од групната фаза во Лигата Европа. Во 12-те групи од Лигата Европа ќе играат вкупно 48 тимови, од кои 16 тимови директно обезбедија учество во групите од Лигата Европа, 10 клубови кои изгубија во плеј-офот за Лигата на шампиони, како и 22 тимови кои вчера победија во плеј-офот за Лигата Европа, меѓу кои и нашиот Вардар. Вардар ќе игра во Групата Л против Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг. Натпреварите ќе се играат на 14 и 28 септември, 19 октомври, 2…

повеќе...

Историски успех на ФК Вардар

ФК Вардар успеа да обезбеди учество во групната фаза од Лигата Европа. Со тоа, Вардар успеа да биде првиот македонски фудбалски тим кој обезбедил пласман во оваа фаза на натпреварување. Вечерва во Турција, Вардар успеа повторно да го надмудри тимот на Фенербахче. Овој пат со победа од 2:1 и со вкупни 4:1 Вардар оди понатаму, во групната фаза од Лигата Европа. Стрелци на головите беа Нојштадер за 1:0 за Фенербахче во 61 минута, на 1:1 изедначи Џигаури во 68 минута, а Глигоров во последните моменти од натпреварот (90+1) успеа да…

повеќе...