Селекторот Милевски го објави списокот за У21 квалификацискиот дуел со Ерменија

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски го објави спосокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификацискиот натпревар против Ерменија на 5 септември на гостински терен во Ереван. Милевски вели дека фудбалерите кои се наоѓаат на списокот го заслужија повикот, принципите за работа во оваа селекција остануваат исти. „Во принцип не сум некој што сака да менува. Овие фудбалери беа повикани на пријателскиот натпревар со Црна Гора, а и со игрите во своите клубови го заслужија повикот. Критериумите и принципите остануваат исти, сите кои се стандардни…

повеќе...

Започна летниот фудбалски камп на школата за фудбал на ФК Барселона

Започна летниот фудбалски камп на школата за фудбал на ФК Барселона. Во една одлична фудбалска атмосфера, под раководство на врвните фудбалски тренери од школата на Барселона, позната како BESCOLA, 7 дена, учесници од цела Македонија ќе можат да уживаат, да се дружат и секако да ги усовршат своите фудбалски знаења. Тука се и локалните фудбалски тренери кои што работат заедно со тренерите од школата на Барселона и исто така се на висина на задачата. Се тренира 2 пати на ден, и тоа во групи од по 10-12 деца. Атмосферата во…

повеќе...

Комплетирано второто коло од Првата МФЛ

Со денешниот натпревар помеѓу Шкупи и Шкендија беше комплетирано второто коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Ренова  0:3  Силекс Академија Пандев  2:0  Скопје Пелистер  1:1  Работнички Вардар  4:0  Победа Шкупи  0:3  Шкендија По две одиграни кола на врвот од табелата се Шкендија и Силекс со по 2 победи. WebOhrid

повеќе...

Селекторот Ангеловски го објави списокот на фудбалери за натпреварите со Израел и Албанија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери за квалификациските натпревари на А репрезентацијата против Израел и Албанија кои ќе се одиграат на 2 и 5 септември 2017 година. На повикот на Ангеловски на 28 август треба да се јават 23-ца фудбалери. По објавувањето на списокот повикани фудбалери за натпреварите со Израел и Албанија, селекторот Ангеловски даде свое видување за играчкиот кадар во селекцијата и очекувањата од натпреварите во рамки на циклусот за пласман на СП 2018 година. Предводникот на нашата најдобра селекција на прес-конференцијата…

повеќе...

Вардар со сензационална победа против Фенербахче, висок пораз за Шкендија во Милано

Вардар успеа да победи со 2:0 против Фенербахче во рамките од плеј-офот за Лигата Европа. На Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, Вардар поведе со 1:0 со голот на Басегјан во 20 минута. Во последните моменти од натпреварот Топал постигна автогол (90+2) со што Вардар дојде до предност од 2:0 и забележа сензационална победа пред повратниот дуел во Турција. За разлика од Вардар, Шкендија не помина добро во Милано. Милан забележа победа од 6:0 со што речиси го обезбеди пласманот понатаму. Останува уште средбата во Скопје каде Шкендија ќе има невозможна…

повеќе...

Чедомир Јаневски е нов тренер на Вардар

Чедомир Јаневски е нов тренер на Вардар. Поранешниот фудбалер на нашиот тим ја презеде клупата и го замени Гоце Седлоски кој што поднесе оставка на местото стручен штаб на Вардар. Јаневски после 28 години повторно се враќа во Вардар, сега прв пат како тренер и ќе ја води екипата во следните две години. На вечерашната прес-конференција беше претставен од страна на претседателот на клубот Мирко Спасески. „Ме радува што уште една вардарова легенда се приклучи во нашиот клуб. По 28 години во нашиот клуб се врати Чедомир Јаневски. Му посакувам…

повеќе...

Одиграно 1/16-финалето од фудбалскиот Куп на Македонија

Денес се одиграа натпреварите од 1/16-финалето од фудбалскиот Куп на Македонија. Постигнати беа следните резултати: Беласица  1:3  Пелистер Борец  4:0  Влазерими Трим & Лум Струга  1:0  Македонија ЃП Кожуф  1:1 (пенали 7:6)  Новаци Могила  0:6  Силекс Неготино  3:5  Еуромилк Осогово  1:2  Брегалница Плачковица  0:4  Победа ССК Нова  0:6  Академија Пандев Тетекс  2:1  Турново Тиквеш  0:1  Ренова Зајази  2:4  Шкупи Победниците се пласираа во 1/8-финалето од Купот на Македонија. Тимовите на Работнички и Скопје директно се пласираа во следната рунда. Поради настап во квалификациите за Лигата Европа, Шкендија и Вардар дополнително…

повеќе...

Натпреварот Вардар – Фенербахче ќе биде организиран по примерот на УЕФА Супер-Купот

Натпреварот помеѓу Вардар и Фенербахче кој што ќе се игра утре (четврток) со почеток во 20:00 часот на „Телеком Арената“, во договор со МВР, ќе биде организиран по примерот на европскиот Супер-Куп кој што се одигра минатата недела. ФК Вардар доби казни од страна на УЕФА за минатите два натпревари, за истакнување на неонацистички знамиња, за употреба на пиротехника, за седење на скали и за извикување против УЕФА. При влезот ќе бидат одземени секаков вид на знамиња и пиротехника, а секој оној кој ќе седи на скали ќе биде веднаш…

повеќе...

Одиграно првото коло од Првата МФЛ

Викендов се одиграа натпреварите од новата натпреварувачка сезона 2017/18 во Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Работнички  0:0  Ренова Шкендија  2:0  Вардар Победа  1:2  Пелистер Шкупи  1:1  Академија Пандев Силекс  1:0  Скопје #    Прва МФЛ 2017/18     Натпревари   Победи   Нерешени   Порази   Голови   Бодови  1. Шкендија 1 1 0 0 2:0 3    2. Пелистер 1 1 0 0 2:1 3    3. Силекс 1 1 0 0 1:0 3    4. Шкупи 1 0 1 0 1:1 1    5. Академија Пандев 1 0 1 0 1:1…

повеќе...

Познати имињата на фудбалските тренери од школата на Барселона кои ќе дојдат во Охрид

Jesus Almansa Monserat , Jonatan Lopez Albiach, Marc Montero Casado, Guillem Costa Pinazo, Albert Batalla Fernandez, Oriol Gutez Lopez, Hector Carmona Pastor, ова се имињата на тренерите од фудбалската школа од ФК Барселона кои во периодот од 21-27.08. 2017 год. ќе ги пренесат своите фудбалски вештини и знаења на учесниците во фудбалскиот камп кој што ќе се одржи на терените на СРЦ „Билјанини Извори“. На кампот ќе можат да земат учество деца од 6-16 години кои истите ќе ги учат фудбалските вештини од врвни фудбалски тренери на фудбалската школа на…

повеќе...