Кривична за жители од Горенци и Требеништа кај кои е пронајдено нелегално оружје

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(36) од охридското село Горенци како и против Н.С.(54) од селото Требеништа. На 20-ти минатиот месец, по писмена наредба од Судија на претходна постапка, полициските оперативци извршија претрес во домот на С.Т. во селото Горенци. Притоа, пронајдоа 3 пушки, 127 куршуми различен калибар, 3 празни кожни реденици за муниција и 2 прибори за чистење на оружје. Тој, оружјето и муницијата ги поседувал нелегално односно немал…

повеќе...

Ќе се врши приклучување на објектите кон канализационата мрежа во Мешеишта и Горенци

Се известуваат сите физички лица и правни субјекти од селата Мешеишта и Горенци, кои се сопственици на објекти, дека ќе се започни со приклучување на нивните индивидуални канализациони мрежи кон уличнита фекална канализација во селата. Сите жители кои имаат потреба од приклучок потребно е да поднесат барање за приклучок кон канализациона мрежа до Јавното комунално претпријатие „ДЕБРЦА” – с. Белчишта, како давател на комуналната услуга.

повеќе...

ЈПК „Дебрца“ воведе рестрикции за користење вода во Оровник, Подмоље и Горенци

Поради зголемената потрошувачка на вода, Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ апелира до корисниците да не се злоупотребува водата, освен за неопходните потреби. Од ЈПК „Дебрца“ истакнуваат дека се принудени да воведат рестрикции за следните денови во следните населени места: 01.08.2016 (понеделник) вода нема да има во населените места Оровник и Подмоље; 02.08.2016 (вторник) вода нема да има во населеното место Горенци; 03.08.2016 (среда) вода нема да има во населените места Оровник и Подмоље; 04.08.2016 (четврток) вода нема да има во населеното место Горенци; 05.08.2016 (петок) вода нема да има…

повеќе...

ЈПК „Дебрца“: Водата да се користи само за неопходни потреби

Јавно претпријатие за комунална дејност „Дебрца” поради зголемената потрошувачка на вода апелира до корисниците да не се злоупотребува водата освен за неопходните потреби. „Поради зголемена потрошувачка принудени сме да воведеме рестрикции за следните денови во следните населени места: На ден 12.07.2016година вода нема да има во населните места Оровник и Подмоље  -На ден 13.07.2016 година вода нема да има во населеното место Горенци  -На ден 14.07.2016 година вода нема да има во населено место Оровник – Подмоље и -На ден 15.07.2016 година вода нема да има во населено место Горенци“– информираат од претпијатието.

повеќе...

Прекин со водоснабдувањето во Подмоље, Оровник и Горенци

ЈП за комунална дејност Дебрца ги информира жителите на населените места Подмоље, Оровник и Горенци дека денес и утре од 14 часот до 18 часот ќе има прекин во снабдувањето со вода порди недостаток на вода и големта потрошувачка и Честите дефеци на главната мрежа како последица на изградба на автопатот. ЈПК Дебрца апелира до жителите на истите населени места на совесно и рационално користење на водата за пиење.

повеќе...

Во тек е изградбата на фекалната канализација во Горенци

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во посета на селото Горенци каде се одвиваат градежни активности околу изградбата на новата фекална канализација. Досега поставени се 5.3 км полиетиленски цевки и бетонирани 157 шахти, а целокупната должина на канализациона мрежа согласно проектната документација изнесува 7.6 километри и ќе се изградат 236 шахти. Од увидот на лице место се оцени дека иведбата на градежните работи се одвиваат согласно предвидената динамика од договорот. Градоначалниот Трајкоски истакна дека покрај тоа што се реализираат ветените проекти од Програмата за локални избори 2013, секогаш ќе…

повеќе...

Интензивно се работи на изградбата на фекална канализација во Горенци

Општина Дебрца продолжува со реализација на капиталниот проект Изградба на фекална канализација за прифаќање на отпадните води во Горенци. Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид во селото Горенци каде се одвиваат градежни активности околу изградбата на фекалната канализација. Изградбата на фекалната канализација е проект на Општина Дебрца во соработка со Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како мерка 321.3 за Подобрување на квалитетот на живот во руралните средини. „Со изградба на оваа фекалната канализација ќе се приберат отпадните води од селото Горенци и ќе се…

повеќе...

Рестрикции во водоснабдувањето во општина Дебрца

Од Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ поради зголемената потрошувачка на вода апелираат до корисниците да не се злоупотребува водата освен за неопходните потреби. „Принудени сме да воведиме рестрикции за следниве денови во следните населени места: денес вода ќе има во населените места Оровник и Подмоље, утре  вода ќе има во Горенци, во недела вода ќе има во населените места Оровник и Подмоље и во понеделник вода ќе има во Горенци. Овој редослед ќе биде се додека има недостиг на вода и не се стабилизира состојбата.“ – информираат од ЈПК „Дебрца“.

повеќе...

Градоначалникот Трајкоски оствари средба со жителите од Горенци

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски оствари средба со жителите од Горенци, на која ги запозна со проектот за изградба на фекална канализација во Горенци. На средбата, на жителите им беше образложена трасата каде ќе поминува канализационата мрежа. Изградбата на фекалната канализација ќе биде во должина од 8 500 метри, а цевките ќе се поставуваат на длабочина од 2 до 4 метри и истата ќе биде приклучена на главниот колектор Мешеишта кој е во фаза на реализација. „Овој голем зафат ќе чини 19 милиони денари кои ќе бидат обезбедени преку…

повеќе...

Поради дефект прекин во водоснабдувањето во делови на општина Дебрца

Поради дефект на главната водоводна мрежа, во близина на село Горенци, од Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“, ги информираат жителите на с.Горенци, с.Оровник, с.Подмоље, дел од с.Требеништа, аеродром св. Апостол Павле, дека во вечерните часови, и попладневните часови утре – понеделник, ќе нема вода за пиење.

повеќе...