Потпишани договорите за изградба на 19 мали хидроцентрали

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска потпиша договори со 12 концесионери за изградба на 19 мали хидроцентрали. Вредноста на еднократниот концесиски надоместок е околу 150 милиони денари. Договорите ги потпишаа министерот Нурхан Изаири и претставници на концесионерите. Концесијата е на 23 години, односно три години период за изградба и 20 за користење на малите хидроцентрали. Мали хидроцентрали ќе се градат на реките Ехлоечк , Смиљанска, Падалишка, Рибничка, Конска, Ковачка, Крапска, Тополка, Брегалница, Клепалска, Беличка и Железна „По завршувањето на евалуацијата и усвојување на Извештајот на Комисијата за спроведување…

повеќе...

Зголемен бројот на издадени одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2015 се издадени 226 одобренија за градење што е за 6.6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 788 919 илјади денари што е за 49.2% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 149 (65.9%) се наменети за објекти од високоградба, 36 (15.9%) за објекти од нискоградба и 41 (18.2%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 226 објекти,…

повеќе...

Зелената градба ќе ги намали трошоците за живот

Градежниот сектор и институциите ќе промовираат користење технологија на зелена градба, како чекор кон намалување на влијанието на градењето врз човековото здравје и животната средина, но и заштеди. Формиран е совет за зелена градба, поддржан од Сојузот на стопански комори, кој треба да ја зголеми свеста за користење нови практики за градење. „Трошоците при зелена градба се само 1 до 5 проценти повисоки и корисникот на станбениот или деловниот простор преку заштедите кои ќе ги оствари ги враќа овие средства во првата година, бидејќи заштедата на електрична енергија е околу…

повеќе...

Кривична пријава за две лица од Дебар поради бесправно градење

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „бесправно градење“, полициската станица од Дебар против П.П. (61) и Г.Ц. (50) двајцата од Дебар, поднесе кривична пријава. Пријавениот П.П. во својство на раководител на Секторот за урбанизам и комунални рабооти во Општина Дебар и Г.Ц. како архитект во општината, во периодот од јуни до семптември 2011 година, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување со пречекорување границите на своето службено овластување и надлежни за вршење на работите од уредување на просторот, од инвеститорот З.Ш.…

повеќе...

Кривична пријава за лице од Дебар поради бесправно градење

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Бесправно градење“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против Б.И. (55)  од Дебар. Во текот на 2011 година, пријавената на сопствено замјиште на улицата „Видое Смилевски-Бато“ во Дебар, изградила индивидуален стамбен објект со површина од 184,5 метри квадратни што било спротивно на одобрението и на деталниот урбанистички план според кој на таа градежна парцела требало да се изгради објект со површина во основата од 166 метри квадратни. Практично, пријавената Б.И. изградила објект со поголема површина од 18 метри квадратни односно…

повеќе...

2015-та ќе биде година на градежна експанзија во Охрид

На почетокот од 2015 година во месец март или април, општина Охрид започнува со реализација на крупни инфрастуктурни проекти пред се во делот на градба, односно реконструкција и адаптација на неколку главни сообраќајници. Ќе се започне и со градба на капитални објекти во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески обелодени дека во наредната година ќе бидат изградени пет кружни текови. Од нив од нив два ќе се градат со средства од Светска Банка а останатите три ќе се градат со пари од буџетот на Општина Охрид. „Двата кружни токови кои ќе бидат…

повеќе...

Кривична пријава за стружанец поради бесправно градење

Полициската Станица Струга поднесе кривична пријава против А.Б. (25) од Струга, за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во септември 2014 година во Струга во нас. Езерски Лозја, пријавениот без одобрение за градење започнал доградба на индивидуална станбена зграда со деловен простор.

повеќе...

Четири луксузни хотели ќе се градат на брегот од Охридското Езеро

На брегот од Охридското езеро ќе се градат четири луксузни хотели кои се дел од инвестицискиот бум што се случува во Охрид во рамки на хотелскиот бизнис. Брендот “Small luxury hotels“ веќе е дел од Охрид . На јужната страна од брдото кај „Инекс Горица“ Дивелоп Груп“ ги започна активностите за изградба на луксузниот хотел кој ќе биде алка од овој ланец на 520 хотели кои ги има во преку 70 земји на сите континенти . Објектот ќе биде на површина од околу 7 илјади метри квадратни со 100 соби…

повеќе...

ДЗС: Во август се издадени 155 одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2014 се издадени 155 одобренија за градење што е за 10.7% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 904 534 илјади денари што е за 54.2% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 100 (64.5%) се наменети за објекти од високоградба, 11 (7.1%) за објекти од нискоградба и 44 (28.4%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 155 објекти, на…

повеќе...

Целосно конзервирана црквата „Свети Никола“ во село Косел

Со поддршка на Министерството за култура, деновиве стручните екипи на Заводот и музеј Охрид ја завршија шестата, последна фаза од проектот за конзервација и реставрација на архитектурата и на фрескоживописот на црквата„Свети Никола“ во охридското село Косел … Министерството за култура, во континуитет, од 2008 до 2014 година финансираше проекти кои се однесуваа на непосредната заштита на одделни секции од оваа црква која датира од 15 век. Во текот на шесте етапи беше извршена конзервација на архитектурата на црквата, која беше целосно распадната и за која постоеше опасност од уривање.…

повеќе...