Градоначалникот Бакрачески на претстава на филиграни на „Охридско лето“

Градоначалникот Никола Бакрачески и израелскиот амбасадор Дан Ориан, синоќа присуствуваа на претставата „Мојот клас“ – мултимедијален перфоманс на израелскиот ансамбл Кармелим. Низ музиката и танцот на младата актерска екипа, беше претставен начинот на живот на младите израелци и нивниот стремеж за соживот, толеранција и мир. Кармелим е основана пред 30 години, и оттогаш до денес е активна. Се состои од 25 до 30 млади луѓе, на возраст од 15 до 18 години, од кои повеќето се студенти во Лео Баек (Leo Baeck), средно училиште во Хаифа, како и други училишта…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески се сретна со израеслкиот амбасадор Дан Ориан

Во пресрет на вечерашниот настап на израелскиот ансамбл Кармелим во рамките на фестивалот „Охридско Лето“, градоначалникот Бакрачески оствари средба со израелскиот амбасадор Дан Ориан. На средбата беа потврдени пријателските врски на Македонија и Охрид со државата Израел и искрените напори за сесрдна соработка. Израелскиот амбасадор го информираше градоначалникот Бакрачески за остварените средби со ректорот на универзитетот „Свети Апостол Павле“, за учеството на израелски професори и експерти во работата на Меѓународната конференција која во септември ќе биде организирана во Охрид. Амбасадорот Ориан изрази и подготвеност за поблиска соработка со фестивалот „Охриско…

повеќе...

Австриската амбасадорка во посета во Охрид

Амбасадорката на Република Австрија во нашата земја, Ренате Коблер, денес беше примена од градоначалникот Никола Бакрачески. Во срдечна и пријателска атмосфера, соговорниците разменија мислења на повеќе теми – европската мигрантска криза, политичката состојба во Република Македонија, а во средиштето на разговорот беше откривањето на Охрид како туристичка дестинација за австриските граѓани. Бакрачески и Колбер се согласија дека надминувањето на политичката криза во Република Македонија треба да е што поскоро, со создавње на услови за фер избори. Австриската амбасадорка го изрази своето искрено воодушевување од Охрид и вети дека ќе работи…

повеќе...

Бакрачески: Програмата за времени објекти е во интерес на Охрид

Точката од педесет и седмата седница на градскиот совет, за усвојување на Програма за поставување на времени објекти, разбирливо предизвика најмногу внимание на денешното заседание. Градоначалникот Никола Бакрачески по дебатата на советниците го изнесе ставот во врска со ова прашање: „Добро е што имаме можност да чуеме што мисли опозицијата по ова прашање. Нивните критики и гледишта за недонесувањето на оваа програма, проблем, кој трисетина години се провлекува и се одложува да се регулира, а кој морало до сега да биде решен. Драго ми е што денес граѓаните имаа можност…

повеќе...

Заврши асфалтирањето на улиците во Ботун

Пред сам крај е изградбата на улиците во село Ботун, каде градоначалникот на општина Дебрц, Игор Трајкоски изврши увид на лице место врз градежните активности каде заврши поставувањето на асфалтен слој. „Извршено е реконструкција на улици со надградба над постојниот асфалт со нов асфалтен слој со д=7см со ширина но коловозот од 3.0-3.5 метри банкини од 0.75 см и проширување на улицата на одредени места потребни за паркирање. Во наредниот период ќе следи поставување на тротоари поплочени со бехатон плочки. Инвестицијата е дел од проектот за реконструкција на улица во…

повеќе...

Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод празникот Рамазан Бајрам

Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до припадниците на исламската вероисповед во општина Охрид. „На сите сограѓани, припадници на исламската вероисповед, најискрено им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам и им посакувам добро здравје, љубов, добрина и милосрдие. Во духот на вековната традиција, посакувам разбирање и меѓусебно почитување на универзални вредности кои ги поврзуваат луѓето и религиите. Взаемното почитување и славењето на празниците на различните верски заедници, се столб на градењето соживот и се завет дека тоа ќе го прават и идните генерации. Празникот…

повеќе...

Асфалтиран патот Рача – Кромидишта

Патот кој ги поврзува двете населени места Рача и Кромидишта конечно се реализира. Со пригодна свеченост градоначалникот Никола Бакрачески го пушти во употреба овај пат кој е повеќе децениско барање на жителите од Рача. „Имаше дилеми и сомневања дека е невозможно да се реконструира патот и тешко е да се ангажира градежна механизација која ќе има пристап за работа. После три месеци подготвителни градежни работи ние денес успеавме да ја реализираме една од потешките задачи, од оние кои што ние ги имаме од програма во секторот за комунални дејности. Воедно…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на ифтар вечера со сограѓаните од муслиманска вероисповед

Вчера на плоштадот кај Чинарот, градоначалникот Никола Бакрачески приреди Ифтар за граѓаните од муслиманската верисповед. Во пријатна атмосфера повеќе од 300 граѓани муслимани и бројни нивни пријатели христијани, споделија заедничка вечера, разменувајќи зборови на разбирање и чувства за заедничка припадност кон заедницата. На вечерата присуствуваа и дел од советниците и директорите на јавните препријатија, а забележитено беше и присуството на странски туристи. Градоначалникот Бакрачески истакна дека “идејата за ваквото организирање на Ифтарот заедно со Исламската верска заедница е овај настан да прерасне во традиција, за подобра комуникација, разбирање и сплотеност…

повеќе...

Заменик министерот Муцунски на работен состанок во Охрид за новиот ЗОУП

Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со раководителите на секторите од локалната самоуправа и директорите на јавните претпријатија, денес имаше работна средба со заменик министерот за Информатичко опоштество и администрација, Тимчо Муцунски и директорот на Државниот управен инспекторат, Ромео Деребан. Целта на посетата беше разгледувањето на сите аспекти од примената на новиот Закон за општа и управна постапка. „Целта на овој состанок е претставниците на локалната самоуправа и јавната администрација, поблиску да се запознаат со одредбите на новиот Закон за општа управна постапка, кој ја носи најголемата промена во работата на јавната…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески организира ифтар вечера

По повод големиот муслимански празник Бајрам градоначалникот Никола Бакрачески, утре (30.06.2016), на плоштадот Чинар организира Ифтар вечера. Вечерата која ќе започне во 20 часот претставува израз на соживот и градење на меѓусебни пријателски односи и почитување меѓу сите етнички заедници што живеат во Охрид.

повеќе...