ВМРО-ДПМНЕ најавува голем собир на граѓаните во СЦ „Борис Трајковски“

ВМРО-ДПМНЕ в недела напладне во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје ќе одржи голем собир на граѓаните, од кој ќе бидат испратени политички пораки од повеќе личности, меѓу кои и од претседателот на партијата, Никола Груевски. Организирањето на овој собир, кој е планиран како трибина, доаѓа како резултат на автохтона иницијатива на повеќе општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ и искажаната енергија што членството ја чувствува по најновите политички настани и потребата од одговор. Не се исклучува можноста овој настан да биде почеток и дел од еден можен карван, кој би продолжил…

повеќе...

Отворен ден на Агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор со граѓаните на Охрид

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката, известува дека денес се спроведува проектот „Отворен ден со граѓаните“. Граѓаните ќе можат да се информираат за сите прашања кој што ги имаат по одност на конкретната Подружница во Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката,како и подетално да се информираат за последното  намалувањето на цените на комерцијалните станови во Охрид. Средбите со граѓаните ќе ги одржи Генералниот Директор на АД за изградба…

повеќе...

Вечерва собир на граѓани од УЗ „15-ти Корпус“

Се известуваат граѓаните жители на Урбаната заедница 15 – „15-ти Корпус“ дека денес(четврток) со почеток во 19:00 часот ќе се одржи Собир на граѓани, жители на Урбаната заедница 15 „15-ти Корпус“ за избор на членови на Совет на Урбана заедница. Собирот на граѓани е свикан од страна на Градоначалникот и објавен на ден 16.02.2015 година. Собирот ќе се одржи во просториите на општина Охрид сала 1.

повеќе...

Известување – Се презакажува собирот на граѓани на Урбана заедница Воска

Се известуваат граѓаните, жители на Урбана заедница 4 Воска Охрид дека Собирот на граѓани за избор на членови на Совет на Урбана заедница 4 Воска свикан од страна на Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески се презакажува за 18-ти март ( Среда) со почеток во 19:00 часот. Собирот ќе се одржи во просториите на зградата на општина Охрид сала 1. Урбаната заедница 4 Воска го зазема најголемиот дел од западното крајбрежје и се граничи со: од Исток со ул. Бистрица, од Запад река Даљан, од Север булевар Туристичка – клучка…

повеќе...

„Црвен тепих за граѓаните“ во Владата

Граѓаните денеска имаа можност да ја посетат Владата на Република Македонија, да прошетаат низ објектот и во работните сали и да видат како работат институциите, во рамки на манифестацијата „Црвен тепих за граѓаните“. „Манифестацијата „Црвен тепих за граѓаните“ е дел од проектите што ги реализира Владата со цел да се овозможи отвореност и транспарентност на работата на институциите и непосреден увид на граѓаните во она што го работат институциите. Граѓаните да бидат во институциите затоа што тие им припаѓаат нив, тие се бирани од граѓаните и во крајна истанца им…

повеќе...

Отворена владина седница и „Црвен тепих за граѓаните“

Во рамки на политиките за отвореност и транспарентност кон граѓаните, Владата в недела ќе одржи отворена седница која ќе се пренесува во живо преку медиумите. Како што информира владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, на оваа седница ќе се разгледаат над 100 точки кои досега се пријавени, а во следниве два дена тој број се очекува да порасне. „Ќе имаме точки од секој ресор, од секое Министерство, точки кои ќе значат реализација на проекти, односно согледување на статусот на напредок во реализација на поединечни проекти или разгледување на извештај на ефектите за…

повеќе...

Развојните програми на увид пред граѓаните

На последната, 33 седница на Советот на општина Охрид, беа донесени нацрт-развојните програми за 2015 година. Водејќи се од принципот на транспарентност и учество на граѓаните во креирањето на развојот на градот, локалната самоуправа ги објавува донесените развојни програми и ги повикува граѓаните, граѓанските здруженија и фирми со свои предлози и идеи да учествуваат во конечното формирање на истите. По завршувањето на увидот ќе биде организирана и јавна расправа. Програмите можете да ги преземете тука… РАЗВОЈНИ ПРОГРАМИ 2015

повеќе...

Министeрот Јолевски ги повика сите граѓани масовно да се приклучат кон акцијата „Ден на дрвото“

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, заедно со началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Горанчо Котески, одбранбените аташеи акредитирани во Република Македонија, градоначалникот на Општина Чашка, претставници од граѓанската асоцијација ,,Ден на дрвото”, од извидничкиот сојуз и од Црваниот крст, денес со засадување на првите садници во с.Папрадиште (Велешко) го означија почетокот на активностите на есенската акција „Ден на дрвото“. По повод денешната акција која се изведува под мотото ,,Стоп за катастрофите”, министерот Јолевски во изјава за медиумите испрати порака до сите граѓани, на денот на засадувањето, масовно да излезат…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески оствари средби со жителите на Долно и Горно Лакочереј

Во рамки на агендата за посета на месните и урбаните заедници, градоначалникот Бакрачески синоќа оствари средби со жителите на Горно и Долно Лакочереј. На средбите покрај соработниците на градоначалникот беа присутни и претставници од јавните претпријатија. Ваквите средби се организираат со цел, запознавање на градоначалникот со секојдневните проблеми кои ги имаат жителите и заеднички изнаоѓање на решенија за истите. За голем дел од проблемите кои ги имаат жителите се пронајдени решенија токму преку ваквите средби. Покрај решавањето на проблемите од ваквите средби произлегуваат и голем број на идеи кои понатака како…

повеќе...

Секторот за комунален развој, улици и патишта со нови термини за прием на граѓани

Се известуваат граѓаните на општина Охрид, дека Секторот за комунални дејности, сообраќај и патишта од денес започна со прием на граѓани. Сите граѓани кои имаат потреба од средба со претставниците на секторот, можат да ја остварат во период од 14 до 16 часот во простории на секторот кои сега се лоцирани во општинската зграда. Од секторот се надеваат дека со оваа нова форма на комуницирање со граѓаните, побрзо и поефикасно ќе се лоцираат и решаваат проблемите од комуналната сфера.  

повеќе...