Општина Дебарца распишува јавен оглас за бесплатна обука со компјутери за почетници

Врз основа на член 50 од законот за локална самоуправа, градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски распишува Јавен оглас за бесплатна обука со компјутери за почетници. Кандидатите кои се пријавуваат на јавниот оглас треба да достават копија од лична карта и контакт телефон. Заинтересираните потребната документација да ја достават до Општина Дебарца со назнака „за јавен оглас“. Јавниот оглас ќе трае 5 дена од денот на објавувањето. На крајот на курсот кандидатите ќе полагаат, со што ќе се стекнат со соодветни сертификати. По завршување на јавниот оглас, пријавените кандидати ќе бидат…

повеќе...

Објавен огласот за учество на обуки за напредни ИТ вештини за невработени лица

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски информираа за огласот за учество на обуки за напредни ИТ вештини за невработени лица и спроведувањето на ново анкетирање на активни и пасивни невработени. „Еден од приоритетите на Владата на Р.Македонија е превземање на конкретни мерки за подобрување на вработливоста на невработените и нивно вработување, преку оперативниот план за вработување и  активните мерки, се реализираат и обуки со кои на невработените лица ќе им се овозможи надградба на вештините од областа…

повеќе...

УИНТ „Св. Апостол Павле“ изработи апликација за Фудбалската Федерација на Македонија

Tимот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ за потребите на Фудбалската федереација на Македонија изработи апликација за прикажување на резултатите од фудбалските натпревари организирани од ФФМ. Оваа Апликацијата дава можност преку користење на мобилни уреди, официјалните лица да ги внесуваат резултатите од натпреварите кои се играат во моментот. Истите податоци во реално време се прикажуваат на веб страницата на ФФМ. Тоа им овозможува посетителите на страницата во секој момент да знаат кои натпревари се играат, тековниот резултат, број на жолти и црвени картони, измени и слично.…

повеќе...

Ивановски го промовираше проектот Е-потсетник

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес го претстави проектот Е-потсетник, како систем во облик на веб базирано решение, кој им овозможува на граѓаните добивање информации за услуги од различни институции. Со проектот Е-потсетник на веб апликацијата www.e-potsetnik.mk, се воведува систем кој преку СМС пораки и електронска пошта, ќе испраќа известувања, односно потсетници до граѓаните и фирмите во случаи: на наближување на рокот на важноста на одредени документи, кога бараниот документ е подготвен, при воведување на нови услуги и други слични случаи. „Станува збор за автоматизирано праќање на…

повеќе...

Околу 220 општински службеници проследија дополнителна обука за користење на софтверскиот систем за издавање на е-дозволи

Oколу 220 службеници од локалната власт, учествуваа на дополнителна обука, што ја организираше ЗЕЛС, за користење на софтверскиот систем за водење на електронска постапка за издавање на одобрение за градење. Обуката претставува дел од континуираната поддршка што ЗЕЛС им ја дава на своите членки на патот на обезбедување на епитетот „Е- општина“. Обуката се одржа на 12, 13, 16 и 17 септември, 2013 година, во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот, на која беа повикани претставниците од сите општини кои работат на постапките за издавање на одобрение за градење, односно службениците…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на првиот академски час на Универзитетот „Св.Апостол Павле“

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска присуствуваше на првиот академски час на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле. Почетокот на новата академска година, на студентите и професорите им ја честитаа ректорот проф. д-р Нинослав Марина, градоначалникот Никола Бакрачески и пратеникот во Собранието на Р.М. Александар Николоски. „Образованието е неограничено патување. Тоа никогаш не завршува за оној што сака движење и откривање на нови светови и нови видици. Оваа фаза од вашето надградувањето на знаење, ќе Ве однесе на нови простори со кои ќе бидете побогати за едно поголемо искуство…

повеќе...

Интернационална конференција за ICT иновации

Во Факултетот за туризам и угостителство, денеска, во присуство на министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, свечено беше отворена Петтата интернационална конференција  за ИКТ иновации. Во името на градоначалникот Никола Бакрачески, учесниците на конференцијата ги поздрави советникот Ангел Јанев, кој им посака топло добредојде во Охрид и успешна работа на овој еминентен собир. „Мисијата на ИКТ асоцијацијата е да го  подржува развојот на информациската и комуникациската технологија како во Македонија така и во поширокиот регион. Посебен аспект се дава на ИКТ во образованието. Лично, години наназад учествувам во…

повеќе...

Во Охрид се одржува 5-тата интернационална конференција „ICT Innovations 2013“

Од 12-ти до 15-ти септември 2013 година, во Охрид, под покровителство на претседателот на Р.Македонија и градот Охрид, се одржува 5-тата интернационална конференција „ICT Innovations 2013“. Конференцијата е во организација на асоцијацијата ИКТ- АКТ која обединува поголем дел од универзитетските професори по информатика и компјутерско инженерство од Македонија. Конференцијата е подржана од сите поголеми универзитети во Р. Македонија, и спонзорирана од поголем број на меѓународни ИКТ компании. Главна тема на конференцијата оваа година се ИКТ иновациите во образованието. Оваа конференција е единствена меѓународна конференција од областа на техничките науки која…

повеќе...

Промовиран концептот е-учење за администрацијата

Континуирана едукација, подобрување на знаењата и вештините се целите на новите електронски курсеви што од идната година ќе бидат задолжителни за државните службеници. Како што рече денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, секој вработен во администрацијата годишно ќе треба да помине минимум 30 часа електронска обука. „Со тоа очекуваме ефикасноста, љубезноста, транспарентноста и услугата на јавната администрација да бидат на многу повисоко ниво“, истакна Ивановски, промовирајќи го системот. Проектот е изготвен со британска поддршка, а ќе стартува на крајот од 2013. Први ќе го користат вработените во…

повеќе...

Промовиран проектот за асистивни уреди

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, директорот на УСАИД Џејмс Стејн  и Владимир Лазовски од  Здружението „Отворете ги прозорците“ денеска го промовираа проектот за асистивни уреди. Асистивните технологии се однесуваат на помошни уреди кои ги користат лицата со посебни потреби при работа со компјутери, како што се тастатури со големи копчиња, издвоени кликови итн. „Ценејќи дека овој проект во голема мера има заеднички цели со активностите на Министерството, решивме да го поддржиме проектот со набавка на пакетите на уреди од асистивни технологии за избрано 31 основно училиште во…

повеќе...