Попов повторно во акција

Горан Попов конечно доби шанса и се врати на теренот. И покрај „одлежувањето“ на неговата суспензија за плукање кон противнички играч, неговиот тренер Стив Кларк неколку натпревари по ред не го ставаше во игра, ниту пак го користеше како тактичка замена и покрај тоа што беше на располагање на клупата за резерви. Денес, Попов го одигра целиот натпревар во кој неговиот тим Вест Бромвич Албион ремизираше 1:1 на домашен терен против ЊуКасл. WebOhrid

повеќе...

Милан 1:1 Наполи, Пандев стрелец

Во 32 коло од италијанската Серија А, Милан и Наполи одиграа 1:1. Најпрво преку Метју Фламини во водство дојде домашниот тим во 30 минута, а само 3 минути подоцна нашиот репрезентативец Горан Пандев изедначи на 1:1.  И покрај тоа што Милан беше со играч помалку од 72 минута, исклучен беше Фламини, Наполи не успеа да постигне уште еден гол. WebOhrid

повеќе...

Величе Шумуликоски во Словачко

По подолга пауза без ангажман Величе Шумуликоски се врати во Чешка и тоа во тимот на Словачко каде играше од 2001 до 2004 година, тогашното име на клубот беше Синот. 31 годишниот репрезентативец верува дека за брзо време ќе се врати во форма и дека ќе се наметне во составот на македонската „А“ селекција. Во јануари, за време на зимскиот преоден рок, Шумуликоски го раскина договорот со кинескиот Тијанџин Теда. Оттогаш тој беше слободен играч, а а во тимот на Словачко ќе остане се до летниот преоден рок. WebOhrid

повеќе...

Шведска – Македонија на 3-ти јуни во Малме

“А“ репрезентацијата на Македонија на 3 јуни 2013 година во Малме ќе игра пријателски натпревар со “А“ репрезентацијата на Шведска. Договорот меѓу Фудбалската федерација на Македонија и асоцијацијата на Шведска официјално беше потврден денеска. Пресметката против Шведска, селекција рангирана на 21-то место на светската ранг листа ќе биде трет за нашата репрезентација против еден од најдобрите репрезентативни состави во светот. Во квалификациите за СП 2002 година, Македонија двапати загуби. Во Гетеборг, со 0:1, во Скопје, 1:2. Пресметката против Шведска ќе биде трет скандинавски тест годинава за Македонија. Во Скопје, “рисовите“…

повеќе...

Тони Савевски 6:0 Мирсад Јонуз

Тимот кој го води Тони Савевски, Омонија Никозија, со 6:0 го победи тимот на Неа Саламис, кој го води Мирсад Јонуз. Со оваа победа, Омонија Никозија се искачи на 3-то место и влезе во финалната рунда од 4 тимови кои ќе играат за нов шампион на Кипар. Тимот на Неа Саламис, по овој пораз падна на 11 место и остана во зоната од 4 тимови кои ќе играат меѓусебно за да обезбедат опстанок во Кипарската Прва Лига. Дали тренерското место на Мирсад Јонуз му го разниша Тони Савевски останува да…

повеќе...

Футсал, Шпанија 5:1 Македонија

Македонската футсал репрезентација со пораз од Шпанија ги започна квалификациите за пласман на Европското првенство. Домаќинот на турнирот, европскиот првак Шпанија славеше со 5:1 во првиот натпревар од групата “4’. Фернандао во 11. минута и Раул Кампос со два гола (17. и 18. минута) погодија во првото полувреме за предност од 3:0. Лозано и Мигуелин се запишаа во листата на стрелци во второто полувреме, Адријан Мицевски во 40. минута го даде голот за Македонија. Нашата репрезентација натпреварот го започна во состав: Удовалиев, Левески, Мицевски, Јовановски и Ранготов. Во вториот натпревар…

повеќе...

Никола Јакимовски го постигна својот првенец за Нагоја

Во јапонскиот куп Саган Тосу на домашен терен изгуби со 1:2 од Нагоја Грампус. Никола Јакимовски го постигна својот гол првенец за тимот на Нагоја. Тој го отвори резултатот уште во 15-та минута, домаќините изедначија 4 минути подоцна, а конечниот резултат неговиот тим го постави во 75 минута. Јакимовски „се пресели“ во Јапонија во зимскиот преоден рок. Оттогаш тој е стандарден во Нагоја, тим кој го води Драган Стојковиќ – Пикси, додека пак помошник тренер е Бошко Ѓуровски. WebOhrid

повеќе...

Македонија 0:2 Белгија

Фудбалската репрезентација на Македонија со 0:2 изгуби на Арената Филип Втори во Скопје. Нашите „рисови“ иако со оптимизам влегоа во овој дуел, сепак не можеа да се справат со белгиските „ѓаволи“. Храбро тргнаа нашите фудбалери уште од првата минута, кога Јаховиќ можеше да ја затресе противничката мрежа. Но среќата беше на страната на противникот, па топката заврши покрај стативата. Целосната иницијатива на нашата репрезентација спласна кон средината од првото полувреме, особено после голот на Де Брујн во 26 минута. Иако можевме веднаш да возвратиме во следната минута, сепак Пандев биеше…

повеќе...

Македонија – Бугарија на 14-ти август во Скопје

“А“ репрезентацијата на Македонија против најдобрата селекција на Бугарија ќе одигра пријателски натпревар во Скопје на 14-ти август 2013 година. Контролниот натпревар против нашиот источен сосед ќе се игра на националната арена “Филип Втори“ во Скопје. Дуелот со Бугарија е на неполн месец пред квалификациските пресметки против Велс и Шкотска на 6-ти и 10-ти септември. Македонската репрезентација против Бугарија има одиграно пет натпревари. Имаме скор од три порази, реми и победа. На натпреварот одигран во Струмица на 12.04.1995 година победивме со 1:0. Најдобрата репрезентација на Македонија во јунскиот термин за…

повеќе...

Пандев одличен, Лазевски солиден, Наумоски изгуби

Горан Пандев одигра одличен натпревар во италијанската Серија А, каде неговиот тим Наполи на домашен терен со 3:2 ја совлада Аталанта. Пандев асистираше во 65 минута кога Кавани постигна гол и го доведе Наполи во водство од 2:1, а во 81 минута Пандев постигна гол и го постави конечниот резултат. Партизан го победи ОФК Београд со 2:0. Нашиот репрезентативец Александар Лазевски го одигра целиот натпревар за Партизан. Матерзбург изгуби на домашен терен со 0:4 од Австрија Виена. Илчо Наумоски не успеа да постигне почесен погодок за Матерзбург, беше заменет во…

повеќе...