Орав: На 19 февруари ќе процениме дали има услови за избори

На 19 февруари ќе излеземе со процена дали Македонија ќе биде подготвена за предвремени парламентарни избори на 24 април. Во оваа фаза нема проценка дали ситуацијата ќе се одвива во еден или друг правец. Сè е во рацете на партиите. Ова денеска го изјави евроамбасадорот Аиво Орав на новинарско прашање на прес-конференција за ИПА-фондовите. Запрашан дали в петок ќе дојде еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, тој изјави дека денеска не може ништо да потврди. Орав не сакаше да коментира што ќе се случи доколку изборите се…

повеќе...

Пендаровски: Би било не само луксуз туку и опасно за Македонија да оди на избори на 24 април

Дел од раководството на СДСМ, предводен од Стево Пендаровски, денес престојува во работна посета на Охрид. Пендаровски оствари средби со граѓаните на Охрид и охридско, со раководството и сo членството на партијата во Охрид. „Доаѓам во еден исклучително интересен временски период кога не очекуваат веќе следната недела неколку битни решенија за иднината на Македонија, пред се мислам на одлуката на Меѓународната заедница, во однос на еднострано договорениот датум за избори на 24ти април, знаете тоа следи по неуставната одлука да се распушти Собранието, а да продолжи  да работи, и ако тоа…

повеќе...

Три дена до проценката на странците кога ќе има избори, медиумите остануваат во ќор-сокак

Посредникот во преговорите за спроведување на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, деновиве има билатерални средби со политичките партии и со претставници на здруженијата и на организациите на новинарите, со надеж да се постигне решение за реформите во медиумите. Ова е едно од клучните прашања од кои ќе зависи оценката на меѓународата заедница за тоа дали на 24 април ќе може да се одржат фер, демократски и регуларни избори. Во пресрет на оцената, најавена е и средба со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан. Шпекулациите, пак, се од…

повеќе...

Кундерс: Договорот од Пржино целосно да се спроведе и да се поддржи работата на СЈО

Европа го поддржува Договорот од Пржино и тој мора целосно да се спроведе, изјави денеска во Скопје шефот на холандската дипломатија Берт Кундерс, по средбата со министерот за надворешни работи Никола Попоски. Вие подобро знаете од мене колку е важно да се има фер и кредибилни избори, пречистен список и еднаков пристап кон медиумите. Македонија има долга традиција и историја, сте имале и претходно фер, демократски избори и затоа е важно да се спроведе договорот од Пржино за да се овозможи понатаму да се работи на европската перспектива – рече…

повеќе...

Судот потврди дека нема притвор за неколкумина осомничени во „Титаник“

Основниот суд Скопје 1 го отфрли барањето на Специјалното јавно обвинителство за изрекување мерка притвор за осумтемина осомничени за изборни нерегуларности од акцијата „Титаник“. Судот донел одлука со која се одбива барањето на СЈО за притвор на Едмонд Темелко, Миле Јанакиески и уште две лица осомничени во акцијата „Титаник“, со иницијали М.П. и К.М. Како што детално информираа од судот, останатите четворица осомничени, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и генералниот секретар Кирил Божиноски, преку своите адвокати го известиле судот дека поради патување не биле во…

повеќе...

Димитриев: Носителите на државни и јавни функции да обезбедат слободно право на глас

Во функција на одржувањето на фер, кредибилни и демократски избори на 24 април 2016 година и со цел унапредување на довербата во изборниот процес од страна на сите субјекти и заради превенција и оневозможување на каков било притисок врз граѓаните во поглед на нивното гласање на изборите, претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев испрати инструкција и писмена изјава до сите носители на државни и јавни функции во која повикува на обезбедување на слободата на правото на глас на граѓаните на Република Македонија, информираат од…

повеќе...

Али Ахмети: Изборите мора да се одржат на 24 април

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека изборите треба да се одржат на 24 април затоа што мора да се почитува договореното, на кое потпис ставиле и домашните и странските преставници. „Сите се прашуваа дали да се одржат или да не се одржат избори на 24 април. Но, јас ќе ви кажам дека за 24 април е разговарано и дебатирано со комесарот Хан, другите странски преставници, четирите политички партии и сите го прифатија тој датум. Сега тие истите што го договориле овој датум, треба да го сменат. Не треба да…

повеќе...

Охрид: Жестока, но пристојна дебата за изборите

Пред полна сала високи претставници на општина Охрид, членови на Советот, раководители на јавни претпријатија и подрачни единици на државните институции, активисти на политичките партии, медиуми и граѓанки и граѓани на Охрид, ЦИВИЛ го претстави проектот „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“. На Средбата со граѓанките и граѓаните на тема „Сите за слободни избори“, се поведе дебата за политичката криза и за условите за одржување избори во Република Македонија. Иако на моменти жестока и антагонизирана, дебатата беше пристојна и протече во демократски дух.de Редакцијата ЦИВИЛ Медиа го документираше овој…

повеќе...

Димитриев: Изборите ќе бидат фер, демократски и кредибилни по сите европски стандарди

По средбата со амбасадорите на САД и на ЕУ во Македонија, Џес Бејли и Аиво Орав, техничкиот премиер Емил Димитриев, на прес-конференција истакна дека изборите ќе бидат фер, демократски и кредибилни по сите европски стандарди. „Тоа ќе бидат фер, демократски и кредибилни избори по сите европски стандарди. Стандардите се јасни и прецизни, има услови и има и време и ресурси сето тоа да се организира. ДИК има јасен мандат и сите членови на ДИК имаат одговорност пред Уставот, законите и народот на нашата земја да ја исполнат својата обврска на време. Ова…

повеќе...

Заев: На 24-ти април избори не може да има

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес одржа прес-конференција, на која истакна: „За Македонија да тргне напред потребни се слободни, фер, кристално чисти демократски избори. На 24 април такви избори не може да има. СДСМ, коалициските партнери и многу други партии нема да учествуваат на еднострано закажаните избори на 24-ти април. Договорот во Пржино беше склучен да се надмине политичката криза а не да се продлабочи. Сега секој граѓанин на Македонија лично се увери дека Никола Груевски не сака слободни и фер демократски избори затоа што знае дека ќе ги изгуби.…

повеќе...