ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: Кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници од СДС очигледно немаат контакт со реалноста

Во врска со одржаната прес-конференција на кандидатот за градоначалник од СДСМ Дебрца, Зоран Ногачески, реакција испрати ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца во која стои: „На самиот почеток на изборната кампања сведоци сме дека СДС од Дебрца не само што НЕ стои позади својот збор туку и она што за нив преставува потпишување на кодекс на однесување за време на престојните избори е сосема НЕвалидно. Имено нивниот кандидат за градоначалник кој е завземен од небулозната теорија дека има капацитет да ја води општината, денес сите не убеди во спротивното, кога без било каква дозвола и претходно одобрение одржа прес…

повеќе...

Кандидатите за градоначалник на Дебрца потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Денес во Општинската изборна комисија во с.Белчишта, кандидатите за градоначалник на Дебрца, Игор Трајкоски, Зоран Ногачески  и Јадранка Бибан потпишаа Кодекс за фeр и демократски избори.  Кодексот се однесува на почитување на Изборниот законик, како и овозможување изборниот процес во Дебрца да помине во фер и демократска атмосфера.

повеќе...

Потпишан Кодекс за фер избори помеѓу кандидатите за градоначалник на Охрид

Денес беше остварена средба помеѓу кандидатите за градоначалник на претстојните локални избори, на која беа договорени фер, демократски и легитимни избори. Тројцата кандидати за градоначалници, Јован Стојаноски, Стево Стевоски и Митко Тилевски воедно потпишаа и Кодекс за фер избори, со кој се обврзаа да го почитуваат Изборниот законик и да овозможат изборниот процес во Охрид да помине во максимално демократска атмосфера. „Социјалдемократскиот Сојуз веќе покажа на парламентарните избори дека цврсто стои зад демократските процеси, и во таа насока, и во согласност нашите социјалдемократски вредности се заложуваме овие локални избори да…

повеќе...

Отворен повик да ги ставиме децата во центарот на демократската дебата

Став на претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс Приоритетите кои денеска ги поставуваме пред изборите ќе го одредат светот во кој децата ќе живеат утре. 15-ти октомври ни дава можност да се запрашаме дали ние како општество сме направиле доволно за нашите деца и внуци да имаат просперитетна и среќна иднина.Постигнат е одреден напредок за децата, но фактите укажуваат дека треба да направиме уште повеќе. Речиси една третина од нашите деца живеат во сиромаштија, а поразителната реалност е дека сиромаштијата кај децата го нарушува нивниот здрав развој. Покрај повеќегодишниот напредок во…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Митко Тилевски кандидат за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков ќе ја предводи листата на советници

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид официјално го соопшти кандидатот за градоначалник, како и носителот на листата на советници на град Охрид за претстојните локални избори. „Со одлука на извршниот Комитет на огромно задоволство Ве известуваме дека д-р Митко Тилевски е кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори на 15 октомври. Носител на советничката листа е претседателот на ОК д-р Кирил Пецаков. Во ВМРО-ДПМНЕ владее победничка и еуфорична атмосфера. Членството никогаш не било посплотено и единствено, целосно подготвено да одговори на сите предизвици на локално ниво. Со голема мотивираност и водејќи се…

повеќе...

Стојаноски: Станови ќе има за граѓани кои се социјални случаи, а не за измислени бегалци

Обидите на ВМРО-ДПМНЕ да наметнува бесмислени и лажни теми во пресрет на Локалните избори не смееме да дозволиме да создаваат страв меѓу граѓаните. Тоа им е единствено што им преостанува, бидејќи самите се преплашени од правдата која што конечно ги стигнува и ќе ги стигне. Креирањето на лажни вести и сеењето на страв помеѓу граѓаните беше нивниот карактеристичен метод на владеење кој имавме можност повеќе од една деценија да го гледаме и за жал да го искусиме на сопствена кожа, истакна на денешната прес-конференција координаторот на советничката група на СДСМ Охрид, Јован…

повеќе...

„Одвојување на државата од политичките партии“ – заложба на сите во пресрет на локалните избори

Во организација на Граѓанска асоцијација МОСТ денес се одржа конференција на тема „Одвојување на државата од политичките партии“. Целта на настанот беше да се дискутира за механизмите кои треба да придонесат кон одвојување на државата од политичките партии, особено во пресрет на тековните локални избори, вклучувајќи ги и мерките предвидени во Планот 3-6-9 за справување со овој проблем. На настанот присуствуваа и говореа претседателот на Владата на РМ, шефот на делегацијата на ЕУ, а учесници беа и останати претставници на меѓународната заедница, претставници на институциите, политичките партии, како и граѓанскиот…

повеќе...

ММДЧП бара привремената влада на Македонија да спречи формирање на коалиција СДСМ/ДУИ и да објави датум за нови избори

Согласно Уставот на Република Македонија, Македонското меѓународно движење за човекови права бара од привремената влада на Македонија да спречи доделување мандат за формирање на влада, на коалицијата СДСМ/ДУИ, да спречи преземање на Собранието во нивни раце и веднаш да одреди датум за нови избори – слободни и без надворешни влијанија. Овие мерки се во надлежност на привремената влада и гарантирани со македонскиот устав. На коалицијата која што има поддршка од Западот не смее да и’ се дозволи да владее врз основа на анти-уставна и анти-македонска платформа. Нелегалното именување на претседател…

повеќе...

Внатрепартиски избори за кандидати за градоначалник и советници во СДСМ Охрид

Денес во СДСМ Охрид се одржуваат внатрепартиски избори за кандидати за градоначалник и советници, чии резултати значително ќе имаат значително влијание врз утврдувањето на конечните кандидатски листи од страна на партиските тела и органи во СДСМ. „Денешниот ден е празник на демократијата во СДСМ Охрид и нова страница во партиското делување, не само во нашиот град, туку и во државата. Изборната постапка во СДСМ Охрид е отворена, транспарентна и демократска! За живот во Охрид!“- велат од СДСМ.

повеќе...

„Мост“: Резултатот е претесен, не можеме да го предвидиме бројот на мандатите

Поради маргината на грешка што програмата ПВТ (паралелно пребројување на гласовите) ја продуцира, од граѓанската асоцијација „Мост“ соопштија дека не се во можност да ја проектираат распределбата на мандати по изборни единици. „Ја повикуваме јавноста на трпение сè додека ДИК не ги објави првичните резултати од изборите. Внимателно ќе ја следиме работата на ДИК во наредниот период и ќе ја известуваме јавноста за сите активности“, соопштуваат од „Мост“. Од асоцијацијата направија преглед на процентуално освоените гласови на коалициите и на политичките партии според изборни единици со маргиналната грешка што ја…

повеќе...