Италија, Германија и Франција со најуспешни кајакари се враќаат од Европското во Македонија

Четиристотини кајакари и кајакарки, стручни штабови и навивачи кои ги бодреа своите миленици, тоа беше сликата на Матка изминативе четири дена, за време на одржувањето на Европското првенство во кајак на диви води за јуниори и сениори до 23 години. Организацијата, според очекувањата помина во најдобар ред, а натпреварувачите задоволни од она што им го понуди една од најнепредвидливите кајак патеки во Европа, со позитивни импресии се вратија во своите матични држави. „Слободно можам да кажам дека ова е едно од најдобро организираните првенства во кајак за јуниори и морам…

повеќе...

Европско првенство во кајак слалом за јуниори и сениори до 23 години

На Плоштадот „Филип Втори“ официјално отворено Европското првенство во кајак слалом за јуниори и сениори до 23 години-СКОПЈЕ 2014, чиј домаќин е Кајакарската федерација на Македонија, а кое од 03 до 06 јули, се одржува на кајак патеката во Спортско рекреативниот центар Матка.  Официјалните тренинзи на гостинските реперзентации почнаа на 28 јуни и траеја до 2 јули, а од 3 до 6 јули (недела) кога и официјално ќе им бидат доделени наградите на најдобрите, натпреварите ќе почнуваат во 9 часот, а ќе завршуваат помеѓу 17 и 18 часот. Натпреварите во…

повеќе...

Започнува ЕП во кајак на диви води за јуниори и сениори до 23 год

Денес во просториите на Агенцијата за Млади и Спорт се одржа втората прес-конференција посветена на европското првенство во кајак на диви води за јуниори и сениори до 23 години, кое по втор пат во десет години се одржува кај нас. Во периодот 03-06 Јули Македонија ќе биде домаќин на повеќе од 400 кајакари од 28 држави. Поголемиот дел од нив веќе може да се забележат низ скопските улици, но и на стазата на Матка, каде што ги одржуваат своите тренинзи и каде што ќе се случува првенството. „Македонија е подготвена,…

повеќе...

Македонија домаќин на Европско првенство во кајак слалом за јуниори и сениори до 23 години

Во периодот од 3 до 6 јули, Македонија ќе биде домаќин на Европското првенство во кајак на диви води за јуниори и сениори до 23 години. На големиот настан за нашата земја кој ќе се одржи во Матка ќе учествуваат повеќе од 400 кајакари од 35 држави. Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Марјан Спасески како и спортскиот директор на кајакарската федерација на Македонија, Атанас Николовски се задоволни од севкупната организација на првенството и најавија дека Европското првенство ќе биде вистински празник за нашата земја. „Агенцијата за млади и…

повеќе...

Македонската репрезентација во кајак на мирни води замина на Светскиот куп кој се одржува во Сегедин – Унгарија

Македонската репрезентација во кајак на мирни води замина на Светски куп во кајак на мирни води кој се одржува од 23 до 25 мај во Сегедин – Унгарија. Боите на Македонија ќе ги бранат:  – Костантин Дејкоски во натпреварите на 1000 м. и 500 м.  – Илија Николиќ во натпреварите на 200 м. Двајцата натпреварувачи се членови на кајак кану клубот „Црн Дрим“ од Струга. Според раководството на комитетот за Спринт, секој резултат до 30-то место, во конкуренција од 700 натпреварувачи од целиот Свет ќе биде успех.

повеќе...

Атанас Николовски победник на ИКАС 2014

Нашиот кајакар имаше одличен кам-бек по година дена пауза и доминираше во К1 дисциплината со време 94.36 секунди. Тој го оправда епитетот македонска надеж како победник на 46. издание на Илинденскиот кајак слалом одржан викендов на Матка. Најдобриот македонски кајакар воедно имаше и одличен кам-бек по речиси една година пауза. Николовски во дисциплината К1 патеката ја мина со време од 94.36 секунди, додека Хрватот Марко Мркочи заостана две секунди, додека третото место му припадна на уште еден хрватски претставник Динко Мулиќ. Огнен Бражански, Борче Мирчевски и Игор Стефановски се „тројката“…

повеќе...

Радован Попоски избран за селектор на Македонската репрезентација во кајак на мирни води

Комитетот за Спринт при Македонската кајакарска федерација на редовна седница избра нов селектор, тренер и помошен тренер на Македонската репрезентација за кајак на мирни води. За селектор на Македонската репрезентација во кајак на мирни води е избран Радован Попоски од Кајак кану клуб „Стрмец“ од Охрид. За тренер на репрезентацијата е избран Николиќ Илија од ККК „Дрим“ Струга, а за помошен тренер е избран Константин Дејкоски од  ККК „Дрим“ од Струга. Ново избраниот селектор на Македонската репрезентација во кајак на мирни води Радован Попоски најави успешни и навремени припреми на…

повеќе...

Избран нов претседател на комитет за спринт (кајак на мирни води)

На годишното собрание на Комитетот за спринт (кајак на мирни води) кое се одржа во Охрид, присуствуваа делегати од сите кајакарски клубови за мирни води од Република Македонија. На собранието е избран нов извршен и надзорен одбор. За претседател на Комитетот за мирни води е избран Димитар Пендовски од кајакарскиот клуб „ЕХО“ од Охрид.

повеќе...