ВМРО-ДПМНЕ: Каков е тој економски развој во овие 8 години без ниту едно капитално дело за подобрување на состојбите

Во врска со денешната прес-конференција каде Сојузот за иднината го претстави делот од нивната изборна кампања за локален економски развој, со реакција излезе ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. „Креаторите на Зоки Поки програмата денес излегоа на прес конференција да зборуваат за Локалниот екомомски развој. Тоа се истите тие кои 8 години го водеа Локалниот економски дел за Охрид и кои ништо не успееа да направат, а денес без трунка срам зборуваат за економски развој. Од нив видовме  8 годишно уништување на Охрид  за кое се сите свесни. Остануваат само прашањата.  Господине…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: За секоја инвестиција треба време, ќе изградиме уште многу дела за Охрид

На реакцијата на Сојузот за иднината, дека Охрид 4 години е оставен без болница, возврати со реакција и ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид. „Владата на ВМРО-ДПМНЕ  инвестираше. За секоја инвестиција треба време. Болницата т.е. реконструкцијата на истата започна и ја заврши и Охрид сега има најмодерни одделенија и болница во регионот. И ќе изградиме уште многу дела за Охрид. Вие ништо нити започнавте, нити завршивте. Вие немате идеја, освен нормално идеите за корупција, создавање долгови, станови и богати лични сметки. Тука е разликата и сите ја знаат“. – стои во реакцијата од…

повеќе...

Сојуз за иднината: Размислете дали е морално да го оставите Охрид 4 години без болница

Во врска со изјавата за катните гаражи на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески, реакција испрати Сојузот за иднината, во која стои: „Наместо да ветувате катни гаражи, размислете дали е пред се морално да го оставите Охрид четири години без болница. Ако граѓаните ве судат според делата и според начинот на кој колку “одговорно“ се однесувате кон она што е во ваша надлежност, тогаш повеќе од јасно е дека не ви веруваат во идните лажни ветувања.  Денешната реалност зборува дека е расипан апаратот за стентови, што значи дирекно…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе потсетиме на најфлагрантните случаи на непотизам и бизнис интереси

На денешната прес-конференција, ОК ВМРО-ДПМНЕ се одлучи да ги потсети граѓаните за непотизмот и бизнис интересите, како што велат, за да знаат граѓаните што им се нуди како иднина. „Креаторите на Зоки Поки програмата за Охрид од СДСМ во Охрид се на  власт веќе 8 години, но нивното партицирање на истата никако да се стави  во интерес на граѓаните на Охрид, туку напротив во интерес нa еден потесен круг на луѓе кои се дел од највисокото раководство на СДСМ во Охрид. Падот на Охрид е реализиран токму од тие луѓе…

повеќе...

Стојаноски: Ако никој не презема за нас, тогаш мораме да си преземеме сами за себе

Сојузот за иднината на денешната прес-конференција ја презентираше на програмата за локален економски развој и особено оној дел кој што се однесува на  изборната програма во доменот на туризмот, како две клучни подрачја во кои што најголема мерка ги засегаат сите граѓани на Општина Охрид. „Во овој контекст би сакал да споменам дека презентацијата на изборната програма која што е содржана во оваа книга ќе ја започнам со тоа ние дека сме Сојуз всушност политичка партија која што е континуитет на власта осум години во Охрид, што значи дека и…

повеќе...

Петрески: Од Месечината се гледа лажната љубезност на Бакрачески

„Деновиве гледаме спотови од страна на ДПМНЕ и нивниот кандидат Бакрачески во кои се појавуваат сериозни интелектуалци од овој град, односно кампања која е плагијат на претходната која ја водеа со Кирил Трендафилов Нанче. Дека прават лицемерна политика и дека вршат класична злоупотреба на интелектуалецот зборуваат скандалите кои овие денови го тресат Универзитетот „Св.Апостол Павле“. ДПМНЕ со ваквото однесување прави класичен упад во автономијата на Универзитетот навредувајќи ги сите интелектуалци кои работат за нив. Во оваа прилика сакам да истакнам дека јас не се лутам на никој од луѓето кои што…

повеќе...

Бакрачески: Ви ветувам на сите дека на ова место ќе изникне современа катна гаража

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески го посети паркингот позади градскиот пазар. „Денес се наоѓаме пред уште еден споменик на лагите на градоначалникот во заминување и на луѓето од локалната самоуправа. Се наоѓаме на уште едно од стотиците и илјадниците локации на истрошени догми и празни фази и лажни и неостварени ветувања. Денес сме сите сведоци во 21 век наместо да ги согледуваме придобивките од она што многу одамна требаше да биде градено во сферата на урбанизмот во градот, се наоѓаме во ситуација да почнеме проекти…

повеќе...

Станкоски: Мојата визија е Советот да биде она што навистина законски треба и да биде

Денес кандидатот за советник во Општина Охрид и носител на советничка листа, адвокат Александар Станкоски одржа прес-конференција, на која ја претстави неговата програма и деталната визија за Охрид после 24-ти март. Неговиот мотив за кандидирање на независна листа е неговото работно животно искуство, дел од тоа да пренесе во Советот на Општина Охрид. „Како една од основните задачи ми е донесување на странски инвеститори. Таквиот мој пристап и сега во овој момент е исполнет, бидејќи јас сум еден од иницијаторите кои наши македонски државјани од Америка инвестираа значителен дел од…

повеќе...

Сојуз за иднината: Место да зборувате за нас и за нашата програма, фатете се за работа и бидете одговорни кон она што е во ваша надлежност

По денешната прес-конференција на кандидатот за советник Дејан Пановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со реакција излезе Сојузот за иднината во која се вели:  „Програмата која ја нарекувате извор на желби, несериозност и комичност е програма произлезена од граѓаните и е наменета за сите нив без оглед на политичката определба. За разлика од вашата која е бронзена, кичеста, пренапумпана и пишувана за 2050 година. Доколку сакавме да бидеме како вас, верувајте дека можевме да направиме многу пообемна, преполна со лажни ветувања и со неостварливи проекти. Но, ние се решивме да имаме…

повеќе...

Пановски: Мора да има промени, сега е прашањето или Охрид ќе допотоне или ќе се воздигне

„СДСМ и Петрески вчера презентираа тнр. Програма за Охрид. Презентацијата им беше иста какви што им беа изминативе 8 години, закани, лаги, манипулации. Со вицеви и навреди не се води Охрид. Никаква реална идеја, никаква иднина за Охрид. А програмата, само извор на желби, несериозност и комичност. Ве молам да ги споредите стратегиите, проектите, роковите, финансиската конструкција на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и она што е набзрина и несериозно напишано во оваа тнр. програма на СДСМ. И зад таа тнр. програма, а ни се нудат кадри кои 4 години наназад ги…

повеќе...