Василевски: Еден од најзначајните постулати за изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ претставува обезбедувањето на соодветно ниво на социјално најранливите категории

На денешната прес-конференција ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид најави тематски пресови, за кои како што рече кандидатот на листата за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ Охрид, д-р Сашо Василевски, во следниот четири годишен мандат тие како пратеници и Владата на Р.Македонија ќе ги имплементираат. Социјалната политика беше темата посветена за денешниот прес. „Еден од најзначајните постулати за изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ претставува обезбедувањето на соодветно ниво на социјално најранливите категории на луѓе. Чекор кој покажува дека ВМРО-ДПМНЕ во целост се осврнува на потребите на граѓаните и им овозможува зголемување на животниот стандард. Ако се направи…

повеќе...

МСО започна со едукативна кампања за здрава исхрана

Младински Совет Охрид, по повод денот на здравјето, 7-ми април ја започна едукативната кампања за ЗДРАВА ИСХРАНА. Со делење на едукативни брошури по охридската чаршија, кафетериите, бутиците, продавниците, банките и другите институции, но и низ градскиот пазар, волонтерите на МСО ги едуцираа граѓаните за значењето на здравата и правилна исхрана. Во текот на денот, вакви акции беа реализирани и во основните училишта, каде е предвидено, во периодот кој следува да се организираат интерактивни едукативни работилници, додека за претставниците на здруженијата еднодневни работилници. Денот на здравјето, 7-ми април се одбележува секоја…

повеќе...

Милошоски: Охрид и охридско во следните 4 години ќе биде едно градилиште, како што не било во последните 50 години

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид денес на прес-конференција истакнаа неколку работи во однос на изборната програма на партијата, односно работи кои ќе бидат важни за охридскиот регион. „Она што ни е најважно дека како и до сега така и понатаму ВМРО-ДПМНЕ настапува со проверена програма, програма во која што имаме рокови, проекти, носители на проекти, кога треба да се завршат и отчет кој што ќе се даде откако секој проект ќе биде реализиран. 2046 проекти се предвидени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, кредибилитетот се остварените работи во изминативе 8 години и…

повеќе...

Општина Охрид се вклучува во одбележувањето на „Часот на планетата Земја“

Општина Охрид во соработка со Црвениот крст од Охрид, утре ќе се вклучи во одбележување на „Часот на планетата Земја“. „Часот на планетата Земја“ е глобално еколошко движење креирано од Светски фонд за природа (WWF). Како една од првите кампањи креиарана од луѓето за луѓето, „Часот на планетата Земја“ прерасна во симболичен настан кој се одбележува во многу градови и земји, поддржан од индивидуалци, бизнис организации и влади, со цел да се подигне еколошката свест кај граѓаните. Општина Охрид се вклучува во одбележувањето на акцијата со исклучување на осветлувањето на…

повеќе...

Царинската управа започна кампања за борба против наркотрговијата

Денес, Царинската управа започна кампања за последиците од неовластено производство, трговија и конзумирање на дрога. Кампањата стартуваше со презентација од стручни лица на Царинската управа пред учениците од СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје. Во секојдневното работење царинските службеници откриваат случаи во кои се инволвирани многу млади луѓе кои свесно или несвесно се согласиле да бидат искористени за потребите на нарко трговијата. Ова, но и фактот дека злоупотребата на дрога претставува проблем со светски размери, придонесе Царинската управа како една општестевно одговорна институција да започне кампања со што би…

повеќе...

УИНТ „Св.Апостол Павле“ зема активно учество во одбележувањето на Светскиот ден за елиминација на насилството врз жените

Универзитеот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ зема активно учество во одблежување на Светскиот ден за елиминација на насилството врз жените.  Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден за елиминација на насилството врз жените, Обединетите нации оваа година кампањата ја проширија на 15 дена, почнувајќи од 25 ноември до 10 декември. За таа цел Сороптимист клубот од Струга и Лајонс клубот „Деница“ од Охрид, организираат серија презентации и трибини на темата.  Една од презентациите за елиминација на насилството врз жените беше денес одржана и на УИНТ „Св. Апостол…

повеќе...

Започна со реализација образовниот проект „Сите сме еднакви“

На  17 ноември во Охрид започна со реализација проектот „Сите сме еднакви“ чија цел е да развие едукативен, воннаставен модел кој ќе промовира меѓуетничка и меѓукултурна интеракција и кохезија меѓу децата од основните училишта во Македонија. Во рамките на проектот ќе се одржуваат обуки за 320 наставници од дваесет и едно основно училиште во Република Македонија вклучени во реализација на проектот „Сите сме еднакви“.  Преку „Сите сме еднкави“ ќе се надополнуваат активности во тековната учебна година, а воедно ќе се подобри понатамошниот формален наставен план со образовен воннаставен модел, кој…

повеќе...

Кампања за пензиско штедење наменета за учениците и студентите

Под мотото „Моето друштво е мој избор, а штедењето мојата иднина“, министерствата за образование и наука, за труд и социјална политика, МАПАС, КБ Прво пензиско друштво, НЛБ Нов пензиски фонд, започнаа информативно -едукативна кампања со цел учениците од завршните години од средните стручни училишта и студентите да се запознаат со нивните права и обврски кои произлегуваат од пензиската реформа. Министерот за образование и наука Спиро Ристовски рече дека ваквата кампања е од особен интерес за учениците бидејќи добрата информираност ќе придонесе тие правилно да бидат вклучени во системот без можност…

повеќе...

Црвен крст ја одбележува Неделата на солидарност „Вашиот прилог – Значајна помош“

Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, Црвен Крст Охрид традиционално организира кампања по повод одбележување на Неделата на солидарност од 22 – 30 април, под мотото „ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ“. Целта на оваа хуманитарна акција е подигање на нивото на свеста кај населението во Охрид и Дебрца за потребната помош и поддршка на социјално ранливото население. „Нашите сограѓани можат во текот на целата недела кога ја одбележуваме солидарноста од 22 до 30 април да дојдат и да донираат во Црвен Крст Охрид од 8 до 15 часот. Можат да донираат храна,…

повеќе...

Груевски: Време е и Дебрца да влезе во победничката екипа која работи, прави дела и решава проблеми

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг во населеното место Мешеишта ги повика жителите на општина Дебрца својот глас да го дадат за кандидатот за градоначалник на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајкоски. На 7 април важно е да се излезе и да се даде доверба на човек кој што ќе помогне Дебрца да се придвижи, да оди напред и да се решат по некои проблеми. Време е и Дебрца да се приклучи на победничката коалиција, да влезе во победничкиот табор, во победничката екипа…

повеќе...