ЛОТОС ќе ја испитува корупцијата во Охрид, Струга, Вевчани и Кичево

Дали локалните самоуправи во Охрид, Струга, Вевчани и Кичево работат транспарентно и отчетно и дали во нивното функционирање има коруптивни елементи ќе покажат резултатите од „ЛОТОС студијата“ која ќе се изготвува во рамки на проектот „Размена на најдобрите практики од ЕУ за следење и спречување на корупцијата на локално ниво“ што го спроведува „Локалната агенција за развој“ од Струга во партнерство со „Центарот за истражување и креирање политики (CRPM)“ од Скопје. „Главна цел на проектот е да се промовираат и  поттикнат практиките за антикорупција и добро владеење на локално ниво…

повеќе...

Кривична пријава за кичевчанец кој бил затекнат при користење дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Л.(31) од Кичево, поради постоење сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На ден 02.08.2013 година во Охрид од страна на полициски службеник забележано е патничко возило управувано од пријавениот кој во моментот е забележан при уживање на наркотична дрога марихуана, за што од страна на полициските службеници преземени се мерки и извршен е преглед во возилото во кое се пронајдени пет зипер кеси со околу 1,73 грама марихуана и еден џоинт.

повеќе...

Започна изградбата на автопатот Кичево-Охрид

Со инвестиција од 375 милиони евра Кичево и Охрид ќе се поврзат со автопат, со должина од 57 километри, кој треба да го олесни и забрза трансрпотот на патници и стока и да придонесе за економски и туристички развој. Активностите за изградба на автопатот почнаа денеска со поставување камен-темелник кај кичевското село „Извор“, во присуство на премиерот Груевски, министри, амбасадори и градоначалници. „Инвестицијата за овој капитален проект се проценува на околу 375 милиони евра со што ова е највисоката инфраструктурна инвестиција во последните 50 години во Македонија“, -истакна Груевски. Досега…

повеќе...

Пратеникот Николоски: После години работа почнуваме да го градиме најбитниот инфрастуктурен проект за Охрид и цела Западна Македонија

На 74-тата седница на Собранието на Република Македонија беа усвоени Предлог на законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево- Охрид и Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за „Проект за изградба на автопат – делница Кичево – Охрид”. Како што беше  најавено дека градежните работи ќе започнат во првиот квартал од 2014 година,  свеченото отпочнување со градба на автопатот од Кичево до Охрид е во сабота, на 22 февруари. Автопатот од…

повеќе...

Шестчлена криминална група од Кичево извршила тешки кражби во единаесет куќи

Поради постоење основи на сомнение за сторени вкупно единаесет казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.Е.(19), Ф.М.(20), И.Ј.(20), Е.Б.(37), М.К.(20) и Г.К.(26) од Кичево. Пријавените, серијата тешки кражби ги извршиле во периодот од август минатата до февруари оваа година, користејќи метален мајсторски алат „Штемајз“ и други подесни предмети со кои ги оштетувале бравите и ги отварале влезните врати од куќите во Кичево и неколку други околни села. А.Е. и И.Ј. посебно биле вешти за насилно отворање на прозорците од приземјето на куќите. Шестчлената група…

повеќе...

Кривична пријава за кичевчанец поради разбојништво

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Разбојништво“, полициската станица од Кичево, против М.И.(25) од Кичево поднесе кривична пријава. Пријавениот, казненото дело го извршил на седми овој месец во 18 часот и 45 минути на улицата „Партизански одреди“ во Кичево во момент кога под закана со нож од такси возачот А.М. противправно одзел 1800,оо денари. Настанот се случил во населбата „Раштански пат“ до каде пријавениот претходно од центарот на градот побарал да биде превезен. Седејќи на задното лево седиште од возило марка „Мерцедес“ пријавениот наместо да плати за такси…

повеќе...

Притворен сторител поради полов напад врз малолетник

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, полициската станица од Кичево против Н.М. (49)од Кичево, поднесе кривична пријава. По решение на основниот суд во Гостивар, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. На 18-ти овој месец околу 08 часот и 30 минути, пријавениот извршил полов напад врз осумгодишна малолетничка од Кичево. Настанот се случил откако притворениот ја повикал малолетничката која живеела во соседството да дојде во неговиот дом. Тука тој и ставил селотејп трака на устата…

повеќе...

Казни за четири странски државјанки со непријавен престој во кичевско

Четири странски државјанки се затекнати со непријавен престој во кичевското село Зајас при акцијата што викендов заеднички ја реализираа полициските службеници од граничната полиција-регионалниот центар Запад и полициската станица од Кичево. А.Т. (23),  М.У.(40),  Ј.Х. (25) сите од Република Албанија како и Е.Ш. (38) од Босна и Херцеговина се затекнати во мотелот „Лиридона“ во Зајас по што, согласно законот за странци им е поднесена прекршочна пријава. Нив им е изречена парична казна од 200 евра и забрана за влез во Република Македонија во времетраење од шест месеци до две години.…

повеќе...

Три лица ги загубија животите во сообраќајна незгода во Кичево

Три лица ги загубија животите а две имаат телесни повреди во сообраќајната незгода што рано утрово во четири часот и десет минути се случи на улицата „Ужичка република“ во Кичево.  Адмир В.(25) Јетон Е.(25) и Мурат А.(27) сите од Кичево, на лице место им подлегнале на повредите додека Г.С. (27) и Р.С.(26) од Кичево се здобиле со телесни повреди. Поради сериозноста на повредите Р.С. е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Тешката сообраќајна незгода се случила во момент кога патничкото моторно возило „Голф“ со кичевски регистарски таблици движејќи се по…

повеќе...

Едно лице го загуби животот при тешка сообраќајна незгода на магистралниот пат Кичево-Гостивар

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што денес во 03 часот се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на подвозникот на излезот од градот. Агрон С. (19) од кичевското село Поповјани  на лице место им подлегнаа на повредите додека Ј.Д. (24) од Кичево се здобил со  повреди и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Тешката сообраќајна незгода се случила во момент кога Ј.Д. управувајќи патничко моторно возило Застава“ со кичевски регистарски таблици, движејки се по магистралниот пат изгубил контрола над возилото и излетало…

повеќе...