Уметниците Никоска и Маџунков и Софискиот камерен оркестар приредија прекрасен концерт во „Света Софија“

Софискиот камерен оркестар синоќа настапи на фестивалот „Охридско лето“. Солисти на вечерта беа виолинистката Софија Никоска од Македонија и пијанистот Филип Маџунков од Србија. Концертот под диригентската палка на Бедрос Папазјан кој се одржа во црквата „Света Софија“ претставуваше вистинско доживување за фестивалската публика. Младиот пијанист Филип Маџунков дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Белград, а своите пијанистички способности ги усовршува во школата „Алфред Корто“ во Париз. Неговите настапи секогаш се проследени со воодушевување од страна на публиката и критиката, која го нарекува пијанист со „богата творечка…

повеќе...

Концерт за виолина и пијано вечерва на „Охридско лето“

Програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на класична музика. Во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе настапат македонските уметници, виолинистката Сихана Бадивуку-Хоџа и пијанистката Маја Кастратовиќ.  Сихана Бадивуку-Хоџа своите студии ги започнува на возраст од само 16 години на Државниот конзерваториум во Киев, а една година подоцна заминува на Државниот конзерваториум во Москва, каде што ги завршува своите додипломски и постдипломски студии по виолина. Веднаш потоа започнува да работи како професор по виолина на Факултетот за уметности во Приштина, а подоцна и како концерт-мајстор…

повеќе...

Публиката на „Охридско лето“ не ги штедеше аплаузите за Дуке Бојаџиев

Блескав настап на познатиот македонски и светски композитор и пијанит Дуке Бојаџиев и совршен флуид помеѓу него и публиката понуди синоќа „Охридско лето“. На Антички театар се пееја „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Си заљубив едно моме“, „Не плачи мило либе, не жали“, но и нумерите од филмовите „До Балчак“, „Сенки“ и „Војната заврши“ и композициите од последниот албун на Бојаџиев под наслов „Љубовта е патот“. Дуке Бојаџиев со новиот проект „Сон, верба, љубов“ не само што ја воодушеви публиката , туку таа потпевнуваше заедно со ѕвездите на сцената…

повеќе...

Концерт на Дуке Бојаџиев утревечер на „Охридско лето“

Концерт за публиката на „Охридско лето“ ќе одржи светски познатиот музичар Дуке Бојаџиев, утревечер на Антички театар со почеток во 22 часот и 30 минути. Дуке Бојаџиев е композитор на филмска музика, музички продуцент и пијанист со живеалиште во Њу Јорк. Роден и растен во Македонија, Дуке почнал да свири пијано од мали нозе. Огледувајќи се на својот татко, кој успешно балансирал помеѓу двете кариери- музиката и медицината, Дуке завршува медицина истовремено негувајќи ја својата страст кон музиката. Неговата одлука професионално да се бави со музика го носи на Музичкиот…

повеќе...

Хорот „Света Злата Мегленска“ ги исполни срцата на публиката во „Света Софија“

Концертот на хорот „Света Злата Мегленска“ кој се одржа синоќа во црквата „Света Софија“ под диригентство на Летка Димовска- Полизова имаа можност да го проследат во живо и сите љубители на музичката уметност преку веб-страната на „Охридско лето“, кои не беа во можност да присуствуваат во акустичната црква. Овој реномиран хор и понуди на публиката уште една прекрасна фестивалска вечер. Женскиот хор „Св.Злата Мегленска“ исполни повеќе композиции од македонски и странски автори. Овој хор­ски ан­самбл, кој по­стои 19 го­ди­ни, има по­ве­ќе од 670 на­ста­пи низ све­тот, а мно­гу од овие…

повеќе...

Концертот на хорот „Света Злата Мегленска“ вечерва во живо и на интернет

Концертот на хорот „Света Злата Мегленска“, кој ќе се одржи денеска во црквата Св.Софија со почеток од 21:00 часот, под диригентство на Летка Димовска- Полизова а во рамките на фестивалот „Охридско лето“, ќе може да се следи во живо на веб страната на Охридско лето, www.ohridskoleto.com.mk. Сите љубители на музичката уметност, кои нема да се во можност да присуствуваат во акустичната црква , ќе може да уживаат преку преносот на интернет во делата од домашното и светско хорско творештво.

повеќе...

Концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ на „Охридско лето“

Целовечерен концерт на женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ под диригентство на Летка Димовска- Полизова ќе се одржи вечерва во 21 часот, во црквата „Света Софија“, во рамките на фестивалот „Охридско лето“. На програмата ќе прозвучат дела од домашното и светско хорско творештво. „Добра практика изминатите децении беше во рамките на фестивалската програма да има барем еден хорски концерт. И оваа година ваквата традиција ќе биде запазена, со настапот на женскиот хор „Св.Злата Мегленска“, на патрониот ден на Св. Климент Охридски, ќе исполни повеќе композиции од македонски и странски автори.…

повеќе...

Концерт за виолина и пијано вечерва на „Охридско лето“

Виолинистката Марија Солозобова и пијанистот Владик Броневецки вечерва ќе одржат концерт во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Тие ќе настапат во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Марија Солозобова е една од највпечатливите виолинистки на својата генерација. Нејзината кариера е во постојан подем. Активно настапува во некои од најпрестижните сали во светот како „Викторија хол“ („Victoria Hall“) во Женева, „Тонхале“ („Tonhalle“) во Цирих, „Концертхаус“ („Konzerthaus“) во Виена, Големата сала на Конзерваториумот „Чајковски“ во Москва и други, каде што соработувала со голем број еминентни диригенти, меѓу кои Владимир Спиваков,…

повеќе...

Концерт на Един Карамазов во „Света Софија“

Познатиот хрватски уметник Един Карамазов ќе настапи вечерва на „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.  Един Карамазов критичарите го вбројуваат во „највозбудливите и најхаризматичните лаутчии на денешницата“. Изведувач кој смело ги истражува крајните граници на двата инструмента што ги владее – гитарата и лаутата. Лаута студирал на Музичката академија „Скола канторум Базилиенсис“ („Schola Cantorum Basiliensis“) во Базел. Неговите фасцинантни настапи низ целиот свет, предизвикуваат воодушевувања кај публиката и кај критиката. Соработувал со голем број меѓународни оркестри и ансамбли, како: ансамблот „Хилијард“,…

повеќе...

„Амира Трио“ изведе балканска традиционална музика на уникатен уметнички начин

Извонредната Амира Медуњанин заедно со својата група „Амира Трио“ синоќа ја воодушеви публиката на „Охридско лето“. Иако наместо во предворјето, концертот заради дождот се одржа во црквата „Света Софија“, тоа не беше причина бројните посетители да не уживаат во нејзината спонтаност, смиреност и исклучително квалитетниот вокал. „Амира Трио“ изведе традиционална музика од овие простори на мошне посебен, уникатен и уметнички начин. Нејзиниот восхит кон убавината на усната традиција која се практикува на овие простори, ја наведува да се посвети на создавањето на специфичен уметнички израз што не е составен дел…

повеќе...