Претседателот на Комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски, денес одржа прес конференција, на која истакна: „Првава недела од проектот Визијата за Македонија е посветена на Првиот столб. Ние мислиме дека се додека не се постави одговорна власт, но и не се обезбеди независна контрола врз власта, секогаш мала група луѓе на власт ќе наоѓа начини како парите да завршат главно кај неа. И понатаму лесно таа група прави `се што е од нивна корист. Не е важно дали се зголемуваат, на пример, парите за вработување, надоместоците за социјална помош, субвенциите…
повеќе...Tag: конференција
Фестивал „Вардар филм прикажува – македонски филмски класици“ од 8-ми до 12-ти октомври во Скопје
Пет исклучително важни филмови кои од 1959 до 1991 година беа создавани подлогото на „Вардар филм“ и беа наградени со релевантни признанија ќе бидат прикажани во рамки на првото издание на Фестивалот „Вардар филм прикажува – македонски филмски класици“, кој ќе се одржи од 8-ми до 12-ти октомври во киното „Синеплекс“ во Скопје. Станува збор за дел од најзначајните филмски остварувања создавани во најдобрите и најплодните години на продуцентската куќа „Вардар филм“. „Љубителите на седмата уметност ќе може да ги видат класиците „Хај-Фај“ во режија на Владимир Блажевски (снимен 1987);…
повеќе...Охрид домаќин на меѓународна конференција „Миграција на море: перспективи на меѓународно право и регионални пристапи“
На 6-ти октомври (вторник) во Охрид, ќе се одржи меѓународна конференцијата „Миграција на море: перспективи на меѓународно право и регионални пристапи“. Конференцијата ја организира Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип во соработка со меѓународниот проект MARSAFENET – Network of experts on the legal aspects of Maritime safety and security (www.marsafenet.org), во којшто е вклучена Република Македонија преку Правниот факултет – Штип. Излагачите на конференцијата ќе бидат од редот на правни експерти од меѓународни организации (како Европската агенција – ФРОНТЕКС и Меѓународниот институт за поморско право при Меѓународната поморска организација), професори…
повеќе...Состанок во рамки на проектот за заштита на културното и природното наследство на Охридскиот регион
Утре во Охрид ќе се одржи работен состанок во рамките на Проектот за интегрална заштита на културното и природното наследство на Охридскиот регион поддржан од ЕУ и УНЕСКО. Главни цели на состанокот ќе бидат идентификација на постојните структури и процеси во Прекуграничната соработка и воспоставување на прекугранична платформа за управување со наследството во регионот околу Охридското езеро. На средбата ќе присуствуваат преставници од надлежните министерства од Македонија и Албанија, локалните самоуправи во регионот, како и преставници на UNESCO, ICOMOS, IUCN.
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Виртуелниот свет на СДСМ е само нивни и претставува утеха за се она што не може да го постигнат во реалноста
Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реагираше Советничката група на ВМРО ДПМНЕ. „Продолжува дезорганизираното и дезориентирано однесување на СДСМ- Охрид. Навистина е тешко човек да извлече некаков логичен заклучок за нивното однесување. Единствено што може да се констатира е дека се работи за обичен политички маркетинг и евтин обид за додворување до граѓаните на Охрид. Незамисливо е да се прават обиди за извртување на вистината и класично манипулирање со јавноста во врска со реализација на проектот, изградба на малото пристаниште во Охрид. Веројатно од СДСМ- Охрид…
повеќе...СДСМ: Така наречената „марина“ или „мало пристаниште“ всушност ќе биде приватен ресторан на лица блиски од власта
„Додека ВМРО-ДПМНЕ купува скапи партиски седишта, државниот имот којшто им припаѓа на сите граѓани буквално го распродава на свои блиски поддржувачи кои потоа стануваат финансиери на партијата. Дрскоста на власта на ВМРО-ДПМНЕ оди дотаму што на најубавиот дел од Охридското езеро лажно им ветува на граѓаните дека ќе биде изградено пристаниште за 20-тина пловни објекти. Така наречената „марина“ или „мало пристаниште“ всушност ќе биде приватен ресторан на лица блиски од власта. Со ваков проект ќе биде нарушен еколошкиот систем на Охридското езеро.“ – истакна на денешената прес-конференција, координаторот на советничката група…
повеќе...Меѓународни конференции и средба на деканите на електротехничките факултети од регионот во Охрид
Во наредните четири дена, почнувајќи од утре до 29-ти септември (вторник) во Охрид, ќе се одржат ренормирани меѓународни конференции и средба на деканите на електротехничките факултети од регионот. На сите овие конференции, главни носители се професорите и научниот кадар од Факултетот за електротехника и информациски технологииво Скопје (ФЕИТ).
повеќе...Конференција за „Образование 2030 и интеркултурен меѓурелигиски дијалог“
Мирот, образованието и културниот и религискиот дијалог се темел на благосостојбата на човековото постоење. Културата и образованието се оние фактори преку кои државата се интегрира во светот, благодарение на нив таа станува јасно препознатлива и се идентификува во меѓународниот контекст. Ова денеска го истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на отворањето на Меѓународната конференција „Образование 2030 и интеркултурен меѓурелигиски дијалог“ која се одржува во рамките на глобалното одбележување на 70 години УНЕСКО. „Република Македонија, веќе долго време успешно и ефективно е вклучена во големите европски и меѓународни проекти за партиципација…
повеќе...Кузески: Населбата Видобишта се уште нема асфалтирана улица
ОО на СДСМ Охрид денес одржа прес-конференција, на која говореше секретарот и портпарол на ОО СДСМ Охрид, Александар Кузески, на која истакна дека населбата Видобишта којашто се наоѓа на само неколку километри од центарот на Охрид, се уште нема асфалтирана улица. „Над 1.000 жители од ова место, над 250 семејства немаат достоен пристап до своите домови. Улиците „Момчилo Јорданоски “ и „ Сирма Војвода“ во лето се полни со прашина, а во есен и зима со кал. Погледнете, во 21 век, во Охрид нема асфалтирани улици, па жителите од оваа населба…
повеќе...Министерот Адеми учествуваше на Регионалната министерска конференција во Сплит, Република Хрватска
Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денес имаше свое обраќање на Регионалната министерска конференција која се одржува во Сплит, Република Хрватска, на која беше потпишан Договор за основање на Центарот за истражување и иновации на Западен Балкан – WISE. „Би сакал да истакнам дека Министерството за образование и наука на Република Македонија особено го цени основањето на Центарот за истражување и иновации на Западен Балкан – WISE. Цениме дека овој Центар е од особено значење за јакнење на поддршката на земјите од Западен Балкан во областа на истражувањето,…
повеќе...