Заев: Груевски го прислушувал и граѓанскиот сектор

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес-конференција, на која истакна: Според податоците што до овој момент ги имаме, во Македонија со години таргет на тајните служби на Никола Груевски и Сашо Мијалков се најмалку 10 активни граѓански организации. Службите на Управата за безбедност и контраразузнавање, под палките на Груевски и Мијалков во Република Македонија ги следеле и прислушувале: -НВО Инфоцентарот -Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија -Невладината организација Транспарентност Македонија -Фондација отворено општество Македонија (СОРОС) -Невладината организација ЦИВИЛ – Центар за слобода -Истражувачкиот центар за граѓанско општетство…

повеќе...

Адаптацијата и митигацијата во фокусот на Втората меѓународна конференција за климатски промени

„Сметам дека оваа конференција се организира во вистинско време, во услови кога сеуште се справуваме со еколошките, социјалните и економските последици предизвикани од неодамнешните екстремни временски непогоди кои ја зафатија не само Македонија, туку и регионот во целина и кога Република Македонија, како дел од меѓународната заедница презема напори за успешен климатски Договор во Париз на крајот годината“ – истакна министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири на отварањето на Втората меѓународна конференција за климатски промени, која се одржува од денес до 10-ти јуни  во Охрид. Конференцијата е во…

повеќе...

Министерот Цветков на конференција во ФАО

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска ќе учествува на изборот за генерален директор на ФАО за наредниот четири годишен период. Изборот ќе биде во рамките на 39-тата Конференција на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – ФАО во Рим. На Конференцијата која се одржува од 6-ти до 13-ти јуни, ќе учествуваат високи претставници од земјите членки на ОН, а во фокусот на интерес ќе бидат разговорите за постигнување на милениумските развојни цели за искоренување на сиромаштијата и обезбедување доволно храна за растечката популација во светот.…

повеќе...

Охрид домаќин на меѓународна научна конференција за безбедност

Денес во Охрид свечено ќе биде отворена Меѓународната научна конференција во организација на Факултетот за безбедност-Скопје. На научниот собир ќе учествуваат над 130 професори и научни работници од 15 земји и тоа: Италија, Руската федерација, Унгарија, Португалија, Чешка, Украина, Шведска, Бугарија, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија,Црна Гора, Република Српска, Босна и Херцеговина и од Република Македонија. Конференцијата во присуство на претставници од државните институции во земјата ќе ја отворат Ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ проф. д-р Златко Жоглев и Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Оливер Бачановиќ. По свеченото отворање…

повеќе...

Утре завршна конференција „Можности за заштита на животнатата средина преку оптимално наводнување и ѓубрење“

Во тек е проектот Рационална употреба на вода за земјоделие во сливот на Охридското Езеро финансиран од CEPF (Critical Ecosystem Partnership Fund) кој започна во септември минатата година и ќе трае до јуни овој месец. „Претходните месеци организиравме 8 јавни дискусии во 8 села од сливот на Сатеска и Коселска Река. Организирани се и 2 обуки, во општините Дебрца и Охрид на тема: Наводнување и заштеда на вода, со цел адаптирање кон климатските промени. “- велат од Еколошко друштво Грашница, Охрид. Утре ќе се одржи завршната конференција на тема: „Можности за заштита…

повеќе...

Арсовска Томовска на Конференцијата за затворање на IPA TAIB 2009 проектот финансиран од ЕУ

Денеска се одржа завршната конференција за IPA TAIB 2009 проектот „Зајакнување на административните капацитети на телата задолжени за телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски услуги“, во чии рамки обраќање имаше заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска. Осврнувајќи се на значењето на проектот таа истакна дека министерствoто даде свој придонес во поставувањето на основите, пред се во правно-нормативната регулатива, односно изготвувањето на нацрт-законот за електронски комуникации. „Преку проектот капацитетите на телекомуникациските и медиумските регулатори беа зголемени за неколку параметри, како што се:…

повеќе...

Арсовска Томовска на Конференција за затворање на проект финансиран од ЕУ

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, утре понеделник, ќе се обрати на Конференцијата за затварањето на проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на административните капацитети на телата задолжени за областите телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски услуги“. Настанот ќе се одржи во Агенцијата за електронски комуникации.

повеќе...

Манчевски: Лично НиколаГруевски стои зад огромниот криминал во Скопје 2014

Обраќање на Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ на дебата на тема „Скопје 2014 низ призма на граѓаните“. „Почитувани граѓани, драги кампери на слободата, На денешната трибина имав намера да ви се обратам како координатор на советничката група на опозицијата во советот на град Скопје. Да ви зборувам за над 40-те милиони евра кои само преку град Скопје оваа година ќе се потрошат за Скопје 2014. За нови барокни фасади, за нови плоштади и фонтани, за админстративна зграда на ЈП Водовод, за Градската куќа на Коце Трајановски, за нов карусел. Меѓутоа, се одлучивме…

повеќе...

Друловиќ го објави списокот на фудбалери за претстојниот дуел со Словачка

Новиот селектор на А репрезентацијата на Македонија, Љубинко Друловиќ го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојниот квалификациски натпревар против Словачка на 14 Јуни во Жилина. За натпреварот од квалификациите за Европското Првенство во Франција 2016 Друловиќ ги повика следните фудбалери: Голмани: Томе Пачовски (Вардар), Филип Гачевски (Брегалница), Столе Димитриевски (Гранада 2) Одбрана: Ванче Шиков (Австрија Виена), Владимир Димитровски (Керкира), Даниел Мојсов (Лирс), Александар Тодоровски (Заглебие), Кире Ристевски (Тирана), Стефан Ристовски (Латина), Езџан Алиоски (Шафхаузен), Жута Леонард (Хакен) Среден ред: Аријан Адеми (Динамо Загреб), Стефан Спировски (Вардар),…

повеќе...

Презентирани искуства и визии за регионално управување со отпад во Македонија за достигнување на европските стандарди

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, во Охрид имаше поздравно обраќање на четвртата по ред меѓународна конференција на тема “Регионално управување со отпад“. На настанот странски и домашни експерти од областа на управување со отпадот, ги презентираат своите трудови со цел да седаде визија за правецот во кој треба да се движиме и начинот на кој треба да ја третираме околината. Причините што сегашната состојба со управувањето со отпадотво Македонија, не ги задоволува посакуваните стандарди, според министерот Изаири се во неконтролираното фрлање на отпадот од страна на…

повеќе...