СДСМ бара директен пренос од седниците на Советот преку интернет

Координаторот на Советничката група на СДСМ,  Дамјан Манчевски, и коалициските партнери во Советот на Град Скопје, одржа прес-конфернција, на која истакна: „Советничката група на СДСМ и опозицијата на денешната седница бара да се донесе одлука за директни преноси на седниците на Советот преку интернет. Со ова ќе се зголеми транспарентноста на работата на Советот, а граѓаните ќе имаат лесен начин да следат како градот ги носи одлуките кои се директно поврзани со нивните интереси. Ова го бараме, особено имајќи предвид дека седниците на Советот упорно се закажуваат да почнуваат во…

повеќе...

Заев: Нема правда, ниту државен систем

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес конференција, на која истакна: Доказите што ги објавивме досега ги открија вистинските лица на тесната група на власт. Соголено е и најмаскираното лице на сите времиња –лицето на Никола Груевски, кој заедно со неговиот братучед Сашо Мијалков стои зад сите зла што им се нанесени на луѓе, судбини, закони, Устав, држава, само тој да остане на фотељата на Илинденска б.б. Денес никој нема повеќе дилема кој е Никола Груевски и кој е неговиот братучед Сашо Мијалков и дека позади `се што правеле…

повеќе...

ЈП „Градски Пазар“ Охрид со позитивни финансиски резултати од работењето

Директорот на ЈП „Градски Пазар“ Охрид, Тони Коталески денес одржа прес-конференција, на која даде отчет за сработеното за изминатите две години. Директорот посочи дека изминатите две години ги завршиле со позитивни финансиски резултати  и тоа вкупно од 745,866,00 денари или за 2014 година 351.901,00 , и за 2013 година 393.965,00 денари. Платите и паушалите редовно се исплаќаат без доцнење, исплатени се сите обврски. „Финанасиската состојба во Јавното претпиријатие во периодот на преземање на претпријатието истото по основ на обврски должеше 1.107.885,00 денари од кои обврски према добавувачи 556.958,00 денари, четири неплатени паушали кон УО и…

повеќе...

СДСМ: Докази за насилствата на Талески и власта на Груевски врз битолчани

Претседателот на ОО СДСМ Битола и пратеник , денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Проектот Вистината за Македонија продолжува. И Битола се вклучува во враќањето на слободата, демократијата и правдата во нашата држава. Јавноста слушна што мислат Зоран Ставрески и Гордана Јанкуловска за Градоначалникот на Битола, Владимир Талески. За Ставревски, Талески бил „тежок криминалец“ и „перфиден актер“ а Јанкуловска го дополнува дека тоа му било „професија“. На почеток ќе се потсетиме на еден веќе објавен разговор. Не поради погрдните зборови од Јанкуловска и Ставрески за Градоначалникот Талески. Тие нам не ни…

повеќе...

ЈП „Билјанини Извори“ со позитивни резултати од работењето

Директорот на ЈП „Билјанини Извори“, Ристе Мишев денес одржа прес-конференција, на која даде отчет за сработеното во изминатите две години. „Го имам задоволството да ги презентирам пред јавноста позитивните резултати од работењето на ЈП „Билјанини Извори“ во изминатите две години, период во кој соочени со бројни потешкотии во елементарното функционирање кое е последица од наследените долгови од минатото, сепак успеавме да го стопираме задолжувањето, да го намалиме вкупниот долг, да исплаќаме редовно плати, но и да се избориме за средства кои се инвестираа во нови објекти кои ќе останат за…

повеќе...

По трет пат меѓународна регулаторна конференција во Охрид

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, денес оствари работна средба со претставници од Агенцијата за електронски комуникации –АЕК. На состанокот беше истакнато дека Општина Охрид ќе даде целосна логистичка поддршка околу организација на Меѓународната регулаторна конференција што од 18 до 20 мај ќе се одржува во Охрид . На конференција се очекува присуство на околу 300 учесници од Србија, Бугарија, Црна Гора, Финска, Турција, Хрватска, Романија, Кипар, Молдавија, Кралството Белгија, Албанија, Косово и останати држави од регионот и од Европа. Дел од настанот ќе бидат и претставници на Меѓународната унија за…

повеќе...

Охридски „Водовод“ успешно ја консолидира финансиската состојба

Работната единица „Водовод“ која е дел од Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“, од доаѓањето на новото раководство во месец април 2013 година до денес, успешно ја консолидира наследената лошa финансиска состојба, информираше денес на прес-конференција, директорот на МЈП „Проаква“- РЕ Водовод, Томе Паскалоски. „Состојбата која ја затекнавме пред две години беше финансиски катастрофална, наидовме на една несоодветна неликвидна фирма со голем долг кон добавувачите, со блокирана жиро-сметка, над 100 милиони денари, со неможност за набавка на репроматеријали и материјали за тековно одржување и оперативно водење на фирмата, од причина што на…

повеќе...

Стојаноски: Која е причината за нелогичната зделка за осветлување во Охрид?

ОО на СДСМ Охрид, денес одржа прес-коференција, на која говореше координаторот на советничката група на СДСМ Охрид,  проф. Д-р Јован Стојаноски. „Одлуката за одржување на осветлувањето во општина Охрид преку Јавно приватно партнерство, значи откажување на приходи во буџетот на општината во наредните години и тоа во износ од над 5 милиони евра. Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ наместо да ги внесат овие средства во градскиот буџет, тие “великодушно” ги отстапуваат на приватна компанија од Чешка. Зошто? Аргументите за исплатливоста на инвестицијата во јавното осветлување се прикажани во Физибилити студијата која беше…

повеќе...

Заев: Падна и најсаканата маска на „патриотот“ Груевски

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес одржа прес-конференција, на која истакна: „За вистинското лице на Никола Груевски, многу работи открија, потврдија и дорасветлија обелоденетите материјали во рамки на проектот Вистината за Македонија. Никола Груевски бил нечесен, бил алчен, кршел закони, нарачувал и толерирал криминали, грабал за себе `се што ќе му дојдело под рака без да избира средства за тоа, замислувајки се феудалец – запоседнал цели парцели, оттуѓувајки ги од скопјани за своја сметка. Сето тоа Груевски го правел од комотната позиција на премиер на Република Македонија, што ја обезбедувал…

повеќе...

СДСМ: Со леснотија делеле огромни казни, рушеле и затворале фирми во Прилеп

Претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Сашо Велески, денес одржа прес конференција, на која истакна: „Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Проектот Вистината за Македонија продолжува од Прилеп. Градот херој, како што му доликува, се вклучува во враќањето на слободата, демократијата и правдата во нашата држава. Јавноста слушна за изборниот криминал на Никола Груевски. Денеска ќе слушне нови, скандалозни докази за најдиректна злоупотреба на власта. Јавноста ќе слушне што значел упадот во Прилеп. Како ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески и Марјан Ристески затворале приватни фирми, угостителски објекти и кафетерии во Прилеп, по список. Со која…

повеќе...