Јанкулоска : „Тоа што го ветивме тоа и го остваруваме“

„Како Влада низ еден партнерски дијалог во интерес на сите засегнати и во соработка со македонскиот полициски синдикат, работевме на Стратегија за усогласување на основната плата во МВР со основната плата со слични служби од јавната администрација и постигнавме договор усогласувањето да биде со платите во Царинската управа, при што освен тоа што ќе се обезбеди: етапно усогласување на платите во МВР ќе се признае и посебната улога на МВР во општеството заради ризиците, функциите кои ги врши и специфичните задачи во кои не се вклучени други структури на јавната…

повеќе...

Конференција на тема „Состојбите во образованието – Каде понатаму“

Комисијата за образование и наука на СДСМ, одржа тематска Конференција на тема „Состојбите во образованието – каде понатаму“, на којашто учествуваа претставници од повеќе општински организации на СДСМ. Се разговараше за решенија за клучните проблеми во образованието, поврзани со наставната програма во основните и во средните училишта, проблемот со неквалитетните учебници, моделите на евалуација и на оценување, несоодветното финансирање на науката и целосно нарушената автономија на универзитетот. Констатирано е дека нашиот образовен систем треба да се потпира и да ги користи искуствата на успешните европски образовни модели, прилагодени на автентичните…

повеќе...

Турција: ЕКО Конференција за климатски промени

Денес, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири присуствуваше и зборуваше на состанокот на високи претставници на земјите членки на ЕКО Секретаријатот (Economic Cooperation Organization), на балканските држави и на интернационалните организации, што се организираше во рамките на EКO Конференцијата за климатски промени која од 25-27 март се одржува во Сафранболу во Турција. Во овој висок сегмент од конференцијата, министерот Изаири ги презентираше досегашните и идни акции на Македонија за намалување на емисиите на стакленички гасови и за справување со климатските промени, а во контекст на активности што…

повеќе...

Ѓуровски: Храбро, борбено, агресивно

Фудбалската репрезентација на Македонија денес одржа прес-конференција.  „Ќе се бориме да победиме за да бидеме пред Белорусија во квалификациската група за ЕУРО 2016. Мораме да бидеме единствени, храбри и пожртвувани. Најискусните во тимот веројатно ќе треба да го понесат и најголемиот товар, и со својот пример и залагање на теренот да ги мотивираат и останатите наши фудбалери. Ме радува тоа што технички и тактички го одработивме на тренинзите, посебно односот на играчите од средниот ред и нападот. Се надевам дека и дефанзивниот дел од екипата ќе биде концентриран и на…

повеќе...

Заев: Груевски е фатен во мега корупциски тендерски скандали

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес одржа прес-конфернција, на која истакна: „Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Ветивме дека целата вистина за злосторството што е правено врз нашиот народ и на нашата земја, ќе ја дознаат сите. Тоа го докажавме досега и продолжуваме да го докажуваме. Денеска, на домашната и на меѓународната јавност им е повеќе од јасно дека во Македонија нема слобода и демократија, дека европските вредности целосно се уништени. Досега, меѓу другото покажавме колку бил нечесен Никола Груевски кога се работело за неговиот личен интерес. Купувал огромни, атрактивни…

повеќе...

Заев: Груевски лажел за неговите парцели на Водно и за Космос

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес-коференција , на која истакна: „Целокупната јавност во земјава, во Европа, па и пошироко, ја следи актуелната состојба во Република Македонија, сите случувања и сите докази што откриваат огромни и незапаметени злоупотреби од страна на една власт, како што тоа го правела во случајов, власта на Никола Груевски. Стана јасно кои се виновниците за деветгодишното чмаење на државата – дека Македонија и нејзините граѓани се заложници на тесна група, којашто владее за личен интерес, на Груевски и неговата криминална дружина. Да се случеше…

повеќе...

Министерска конференција во Виена

„Џихадизмот, преку радикалниот екстремизам и тероризмот, претставуваат сериозна безбедносна закана за сите земји од светот, вклучувајќи не и сите нас. Поради тоа, сите ние треба да соработуваме и преку соодветни мерки за навремена превенција и одговор, да ги спречиме можните безбедносни проблеми кои овие групи би ги направиле во нашите земји“. Ова, меѓу другото го истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во своето денешно обраќање на министерската Конференција што во организација на австриските министерства за внатрешни и надворешни работи се одржува во Виена, а на тема “Справување со џихадизмот…

повеќе...

Заев: Тројца од врвот на власта се обвинители и судии

Претседателот на СДСМ,  Зоран Заев, денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Ова што се случувало во Македонија, ова брутално, дрско и недозволиво по ниеден основ самоволие, на Никола Груевски, неговиот братучед Сашо Мијалков и на неколкумина нивни помагачи во врвот на власта, буквално го срозило функционирањето на државниот систем и еден од неговите темели, правната држава. Во зарѓаните запци на ланецот што треба да биде мотор на иднината на државата, се заглавени невини луѓе, судбини, “човечиња“ како што им изгледале жртвите на суровите владетели. Со право домашната и меѓународната јавност…

повеќе...

СДСМ: Силни притисоци, рекет, местенки на Груевски да ја добие Струмица

Пратеникот од Струмица на СДСМ Панче Орцев, денес на прес одржа прес-конференција, на која истакна: „Проектот Вистината за Македонија, како најпатриотски чин за спас на државата и враќање на слободата, демократијата и правдата во нашата татковина го децентрализираме, за вистината да допре насекаде и до секого. По општина Центар, денеска сме во Струмица, рак-раната на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, градот којшто и покрај многуте валкани и недемократски криминални дејствија, никогаш не успеаја да го освојат. Знаевме дека се врши класична и брутална злоупотреба на власта. Денеска и ќе слушнат граѓаните на…

повеќе...

Заев: Груевски немал мерка колку му е доволно

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес конференција, на која истакна: „Секоја прес конференција досега од проектот Вистината за Македонија откри по едно лице на Никола Груевски, што тој со сите сили се обидувал да го држи покриено пред јавноста. Бил суров, бил злобен, бил непресметлив, учествувал во изборни фалсификати… во што ли уште не. Прислушувал илјадници граѓани! Денеска ќе видите колку овој човек, Никола Груевски бил нечесен. Колку бил користољубив. Што правел, во што `се вовлекувал, лично тој, кога биле во прашање неговите сопствени интереси. Денеска ќе стане кристално…

повеќе...