ОО на СДСМ Охрид, денес одржа прес-конференција, на која зборуваше советничката Оливија Пирузева Јанева. „Бараме од градоначалникот Никола Бакрачески, наместо да замижува, да преземе соодветни мерки и да го прекине самоволието на директорката на градинката „Јасна Ристеска“. Постапките и однесувањето на директорката на оваа градинка се на штета на родителите и на воспитниот процес на децата. Директорката на оваа градинка без согласност на Советот на Општина Охрид ја покачила цената за полудневен престој, речиси двојно, од 800 на 1.500 денари. Исто така самоволно, преку ноќ, донела одлука престојот на дечињата…
повеќе...Tag: конференција
Меѓународна конференција „Охрид- Водици 2015“
Во организација на Институтот за Социо-културна антропологија на Македонија од Скопје, во соработка со МИРАС-Организација за поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот за аудио-визуелни уметности–ЕСРА и Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“ од Скопје и со подршка на општина Охрид, денеска во „ Куќата на Уранија“ започна дводневна Меѓународна конференција посветена на заштита на културното наследство, локалниот економски развој, туризмот и медиумите. Конференцијата на која учествуваат 75 експерти од 14 земји, ја отвори заменик градоначалникот Ангел Јанев. „Ви упатувам искрена благодарност за изборот…
повеќе...Темелковски: Неопходни се јаки, опремени и капацитетно оформени јавни комунални претпријатија
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски се обрати на отварањето на Годишното собрание на Асоцијацијата на даватели на комунални услуги (АДКОМ) кое се одржа во Охрид. Поздравувајќи го претседателот на АДКОМ, Игор Спасовски и изразувајќи задоволство од 11 годишната плодна и успешна соработка помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата, заменик министерот Темелковски изјави: „Како во повеќето европски држави, така и кај нас, комуналните услуги, урбанистичкото планирање, следењето на состојбите на локално ниво и донесувањето на одредени прописи веќе е во надлежност на…
повеќе...Лазаревска: Локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ не може да одговори на основните потреби и барања на граѓаните на Охрид
ОО на СДСМ Охрид денес одржа прес-конференција, на која зборуваше советничаката во Советот на Општина Охрид, Жаклина Лазаревска. „Градоначалникот Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ постојано изјавуваат дека општинската администрација во Охрид е неефикасна и пренатрупана а сепак континуирано вработуваат нови партиски војници. Токму за време на новогодишните и божиќните празници течеше рок за пријавување на конкурс за 10 нови вработувања во општинската администрација во Охрид. ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески не реализираа ниту еден од ветените капитални проекти за Охрид, а немаат ниту капацитет да организираат ефикасна и професионална општинска администрација. Локалната самоуправа…
повеќе...Безбедносната состојба во Скопје за време на новогодишната ноќ на највисоко ниво
Безбедносната состојба во Скопје за време на новогодишната ноќ беше на највисоко ниво и со исклучок на неколку поситни нарушувања и сообраќајни несреќи без смртни последици, вечерта помина со многу помалку ициденти и случувања во кои беше потребна полициска интервенција од која било друга вечер во годината. Ова беше истакнато од страна на новиот Началник на СВР Скопје, Ивица Вучевски на брифингот со Министерката Гордана Јанкулоска. Сите полициски службеници, согласно предвидениот план максимално професионално ги извршиле своите задачи обезбедувајќи ги локациите каде што имаше организиран дочек и поголема фреквенција на…
повеќе...СДСМ: Цели реони се без струја, власта се крие
СДСМ денес одржа прес-конференција, на која зборуваше Атанаско Тунески, член на Комисијата за енергетика. Во целост ја пренесуваме изјавата : „Во темно, повеќе од 48 часа, се жителите на 10- на села во општина Могила. Струја од неделата нема во Ивањевци, Новоселани, Подино, Лознани, Свето Тодори, Трновци, Вашарејца, Ношпал. Струја нема и во Маврово Ростуше. Од сабајле има испади на далекуводите на МЕПСО кај Вруток Тетово. До Комисијата за енергетика на СДСМ синоќа стигна информација од Вевчани дека и таму жителите два дена се без струја. Луѓе стравуваат дека ќе…
повеќе...Усвоен буџетот на Општина Охрид за 2015–та година
Според охридскиот градоначалник Никола Бакрачески предлог буџетот за 2015 година ги одразува реалните состојби во општина Охрид ако се земе во предвид она што значи задолжување и обврска на општина Охрид да ги сервисира долговите кон сите доверители на кои општината им должи. Сепак буџетот за 2015-та година овозможува развој онака како што е проектиран по структура на расходи односно приходи. Според охридскиот градоначалник Никола Бакрачески предлог буџетот за 2015 година ги одразува реалните состојби во општина Охрид ако се земе во предвид она што значи задолжување и обврска на…
повеќе...Бакрачески: Општинскиот наследен долг е огромен и не треба да се злоупотребува за ниски дневно политички поени
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, денеска на новинарско прашање по којзнае кој пат во детали го обелодени астрономски големиот наследен долг на општина Охрид и потенцира дека секој друг износ на долгот изнесен од страна на опозициските советници е обид за популизам и водење на дневна политика. „Ние сме навикнале претставници на опозицијата да даваат крајно лажни и исконструирани изјави во јавноста без многу факти и аргументи со многу извртувања на фактографијата која што можат да ја добијат на увид. Јас навистина жалам што и понатака охридската јавност буквално се…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески ја најави инвестицијата на „Костал“ во Охрид
Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески денес на прес-конференција ја најави инвестицијата на „Костал“ во Охрид. „Имам чест да ја известам јавноста за една од најдобрите вести во 2014 година, а тоа е дека германскиот индустриски гигант „Костал“, даде официјална и дефинитивна потврда на одлуката да инвестира со свој производствен капацитет во Охрид. Ова е уште една потврда на нашите приоритетни определби и силни напори и како Влада на Р. Македонија и како Локална самоуправа да чекориме кон патот кој го трасиравме од самото добивање на мандатот од граѓаните, пат…
повеќе...Оглас за вработување на 4 нови високо раководни државни функции
Владата на Република Македонија продолжува со реализација на политиката на отвореност и давање на еднакви шанси и еднакви можности на сите квалитетни и способни кандидати за извршување на раководни позиции на ниво на државната управа. Во оваа смисла објави јавен повик за пројавување на интерес за ангажман на четири позиции и тоа: -директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој; -генерален конзул на Република Македонија во Минхен, Сојузна Република Германија; -економски промотор во Шангај, Народна Република Кина; -економски промотор во Монтреал, Канада. Повикот за првите две позиции…
повеќе...