„Во 21 век за жал на Охрид и тоа му се случи. Охриѓани да живеат покрај вода, а да останат без вода за пиење. Од осамостојувањето до денес, граѓаните на Охрид за прв пат останаа без вода за пиење. Ова се последиците на 4 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со градоначалникот Бакрачески.“, рече на денешната прес – конференција Ѓоко Танасоски, член на Извршен Одбор на СДСМ. Тој рече дека ова е уште една потврда, дека за ВМРО-ДПМНЕ граѓаните не се важни. „Во Охрид условите за живот никогаш не биле полоши. Сето ова е…
повеќе...Tag: конференција
Конференција „Управување со безбедноста на патниот сообраќај во Југоисточна Европа – предизвици и насоки за дејствување“
Oбраќање на претседателот Иванов на конференцијата „Управување со безбедноста на патниот сообраќај во Југоисточна Европа – предизвици и насоки за дејствување“ „Живееме во време на брза храна, брзи автомобили и брз живот, кој понекогаш, за жал, бргу завршува. Над 1.200.000 луѓе гинат на патиштата во светот годишно. Меѓу 20 и 50 милиони имаат полесна или потешка повреда како последица на сообраќајна несреќа. Но, од целиот свет, најмалку жртви има во Европа. А во Европа, најмалку жртви има во најразвиените држави на Европската Унија. Верувам дека секој од вас ќе се…
повеќе...Дводневна работилница „Техничка помош за подготовка на сеопфатна Стратегија за образованието 2016-2020“
Министерот за образование и наука, м-р Пиштар Лутфиу, денес присуствуваше на отварањето на дводневната работилница во рамките на ЕУ Проектот „Техничка помош за подготовка на сеопфатна Стратегија за образованието 2016-2020.” „Министерството за образование и наука започнувајќи од февруари оваа година води еден широк консултативен процес за креирање на нов релевантен стратешки документ за образование. При што амбициите се насочени кон вклучување на што е можен поширок круг на образовни практичари од сите нивоа на образование, организации што работата за унапредување на образованието, но и институции и организации кои се повразни…
повеќе...Шести невролошки конгрес во Охрид
Во хотелот Метропол, синоќа започна шестиот по ред Македонски невролошки конгрес, со интернационално учество и вторите по ред интернационални Охридски средби. Настанот е во организација на Универзитетската клиника за неврологија – Скопје, Здружението на невролози на Република Македонија и Лига за борба против епилепсија. Како претставник на градот домаќин, свое обраќање имаше градоначалникот Никола Бакрачески. „Почестен сум, да се обратам на 6. Македонски невролошки конгрес со интернационално учество и да Ви посакам топло добредојде во овој убав град. Дозволете ми да го изразам своето задоволство што го избравте Охрид за…
повеќе...Државниот секретар Шехаби учесник на конференцијата за заштита на верската слобода и борбата против дискриминацијата
Државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехаби учествува на дводневната конференција на тема „Заштита на верската слобода, спречување на дискриминацијата и насилството по основ на религијата и верата“ организирана од страна на Амбасадата на САД во Република Македонија. На конференцијата, на која присуствуваат и претставници на други државни институции, верски заедници и невладини организации, присутните ги поздрави државниот секретар Шехаби, кој денеска ќе има свое обраќање на темата.
повеќе...Во Охрид ќе се разменуваат регионални и ЕУ практики и дијалог за развој на национален модел
Од денес до 22ри септември (четврток) во хотел Климетица во Охрид ќе се одржи конференција „Модели на ефективни политики за младинска работа: размена на регионални и ЕУ практики и дијалог за развој на национален модел“. Конференцијата се организира во рамките на проектот „Обединети младински работници“ од страна на Младинскиот културен центар – Битола и Креактив – Скопје, а во соработка со Агенцијата за млади и спорт. Проектот е поддржан од Европската Унија во рамки на програмата IPA TAIB 2011 „Понатамошно јакнење и финансиска одржливост на граѓанското општество“. Целта на конференцијата е споделување…
повеќе...Наумоски: Бакрачески и ДПМНЕ повторно решиле нови партиски кадри да сместуваат по општинските канцеларии
ОО на СДСМ Охрид, денес се одржа прес-конференција на која говореше портпаролот на ОО СДСМ Охрид, Мишел Наумоски. „Режимот на Никола Груевски и фамилијата се обидува до крај да ги урниса темелите на сите институции во Република Македонија, пред да замине на буништето од историјата. Токму затоа, по теркот на веќе познатите нивни криминални практики, сведоци сме дека без око да им трепне и натаму ги полнат институциите со нестручни и неквалификувани кадри, нивни послушници, кои потоа на товар на вредниот и чесен македонски граѓанин ќе ги прават валканите работи на…
повеќе...Во Охрид ќе се одржи Меѓународна конференција „Богомилство без граници“
На 2-ри септември (петок) со почеток во 10.00 часот во куќата „Уранија“ во Охрид ќе се одржи Меѓународна конференција „Богомилство без граници“. Конференцијата претставува дел од активностите во рамките на проектот „Богомилското движење и богомилската книжевност“, што се реализира помеѓу Македонската академија за науки и уметности и Бугарската академија за науки. Учесници на проектот од Република Македонија се академик Блаже Ристовски – раководител, проф. д-р Маја Ангеловска-Панова – координатор, и проф.д-р Вера Стојчевска-Антиќ. Проектот е дизајниран за историско и културолошко проследување на богомилството сфатено како универзална придобивка. Идентификацијата на цивилизациските вредности…
повеќе...СДСМ: Охрид и охриѓани сеуште се без современа автобуска станица
Советниците на опозицијата во Советот на општина Охрид, денес одржаа прес-конференција, во чие име се обрати д-р Јован Стојаноски, координатор на советничката група на ОО СДСМ Охрид. „Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ ниту донесоа напредок, ниту реализираа еден приоритетен проект за Охрид и охриѓани. Од многуте ветувања, ниту еден од зацртаните приоритени проекти не е реализиран, ниту има некаква трага и почеток за нивна реализација.Ја нема ветената автобуска станица којашто му е потребна на Охрид, туристичкиот бисер на Македонија. Изградбата на нова, современа, меѓународна автобуска станица која беше прв приоритетен проект во…
повеќе...Николовски: Катастрофална негрижа за безбедноста на храната, не се испитува присуство на ГМО
Членот на Извршен одбор на СДСМ, Љупчо Николовски, денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Огромниот скандал што го откривме, за катастрофалната негрижа за безбедноста на храната во Македонија е потврден од самата Агенција за храна и ветеринарство во нејзиниот Годишен извештај за работа за 2015 година. Ова е извештајот. Извештајот констатира дека иако во програмата на Владата за мониторинг на безбедноста на храната во Македонија за 2015 година предвидено било да се земат 2.075 мостри за анализа, вкупно се анализирале само 1.194 мостри и тоа во рок од само три месеци…
повеќе...