При извршување тешка кражба приведен албански државјанин

На 05.04.2014 година во село Корошишта, струшко при извршување на казнено дело тешка кражба во куќа сопственост на Ј.Б.(40), приведен е албанскиот државјанин Л.А.(16) од с. Градиште Албанија. По целосно расчистување на случајот против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

повеќе...

Кражби во цркви во Куратица и Завој

На 26/27.03.2014 година, во с.Куратица, охридско, непознат сторител насилно влегол во црквите „Св. Богородица“, „Св. Димитрија“ и „Св. Никола“, по што извршил тешка кражба одземајќи 3.700 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот. Во периодот од 16 до 27.03.2014 година, во с.Завој, охридско, непознат сторител насилно влегол во црквата „Св. Богородица“ и извршил тешка кражба од каде одзел околу 3.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

повеќе...

Во три сефа во куќа во Охрид пронајдени вредни артефакти

Вчера, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со СВР Охрид, врз основа на претходно добиени оперативни сознанија и информации, изврши претрес на дом и други простории во Охрид кај сопруга на лице осомничено во врска со истрагата за НУ Музеј Македонија, кое се товареше за сторено кривично дело – “кражба“ извршена на 06.11.2013 година. За време на претресот беа пронајдени три сефа, кои беа отворени под сомнение дека во истите се наоѓаат предмети кои можеби потекнуваат од кривични дела. Во еден од сефовите пронајдени се 8…

повеќе...

Тешка кражба во црквата „Св.Климент Охридски“ во Климештани

Црквата „Св.Климент Охридски“ во охридското село Климештани беше мета на засега непознат сторител, кој според кажување на член на црковниот одбор извршил тешка кражба и однел односно против-правно присвоил седум икони, еден сребрен крст и 600 денари. Тешката кражба во црквата е извршена во периодот од 17 часот на ден 28-ми февруари до втори март оваа година. Во црквата „Св.Климент Охридски“ во селото Климештани влезено е откако претходно насилно и со подесен алат скршени се двата цилиндри од бравите на влезната врата и помошната просторија. Сторителот, потоа се упатил во…

повеќе...

Шестчлена криминална група од Кичево извршила тешки кражби во единаесет куќи

Поради постоење основи на сомнение за сторени вкупно единаесет казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.Е.(19), Ф.М.(20), И.Ј.(20), Е.Б.(37), М.К.(20) и Г.К.(26) од Кичево. Пријавените, серијата тешки кражби ги извршиле во периодот од август минатата до февруари оваа година, користејќи метален мајсторски алат „Штемајз“ и други подесни предмети со кои ги оштетувале бравите и ги отварале влезните врати од куќите во Кичево и неколку други околни села. А.Е. и И.Ј. посебно биле вешти за насилно отворање на прозорците од приземјето на куќите. Шестчлената група…

повеќе...

Извршена тешка кражба во ОУ „Зини Хани“ во Велешта

На 31.01/01.02.2014 година во времето од 18:00 до 13:00 часот во с.Велешта – Струга, од страна на непознати сторители извршена е тешка кражба во ОУ „Зини Хани“, при што биле одземени 14 монитори за компјутери марка „Хаиер“ и две куќишта од компјутер марка „Хаиер“. Имено, сторителите насилно отвориле еден од прозорците на училницата и влегле внатре, по што ги одзеле компјутерите и мониторите и заминале во непознат правец. Висината на материјалната штета дополнително ќе биде утврдена. Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициската станица – Струга и се…

повеќе...

Идентификувани 20 икони украдени од цркви во Македонија

Минатата недела, поточно на 23-ти во Тирана – Р.Албанија беше остварена работна средба помеѓу претставници на албанската и македонската полиција како и претставници од Министерството за култура на Р.Македонија, во врска со поголем број на икони и црковни предмети кои беа пронајдени и одземени во рамките на полициската акција која ја спроведе албанската полиција во Тирана во октомври годинава. Притоа, поради основано сомнение дека дел од иконите и црковните предмети се украдени и потекнуваат од територијата на Р.Македонија од страна на македонските претставници беше извршен увид на истите при што…

повеќе...

Непознат сторител со фантомка и пластичен пиштол одзел 16 илјади денари од пошта во Охрид

На 16.11.2013 година во 17:40 часот во Охрид, на ул.„Билјанини извори“ во пошта непознат сторител маскиран со фантомка на главата и под закана со пиштол извршил разбојништво над вработената С.Л.(42) од Охрид, при што одзел околу 16.000 денари. Откако сторителот ја напуштил поштата, случаен минувач се обидел да го задржи, но сторителот физички го нападнал, по што се дал во бегство и во тој момент му паднале делови од пиштолот, при што е утврдено дека е пластичен.  Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

повеќе...

Го нападнале со нож додека вадел пари од банкомат, при што му одзеле 200 евра

Вчера околу 18:30 часот, во Скопје на  булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“, во близина на железничката станица, две лица извршиле разбојништво над М.С.(23) од Охрид, откако истиот од банкомат извадил пари, на тој начин што физички го нападнале и со нож му нанеле убод во левата рака, му го одзеле паричникот во кој имал 12.500 денари и се дале во бегство. Полициската станцица од Аеродром презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

повеќе...

Кражба во канцеларијата на ИВЗ Охрид

Околу 180.000,оо денари, 100 евра, еден златен наполеон и пет златни прстени, одзел засега непознат сторител од канцеларија на охридското муфтиство на ИВЗ лоцирана на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид.  Кражбата е случена во текот на изминатото деноноќие, а пријавена е во СВР Охрид утрово во 8 часот и 45 минути. Сторителот на овој вандалски чин, со употреба на физичка сила и удар насилно го отворил прозорецот од задната страна на објектот  и успеал да влезе во внатрешноста на канцеларијата.  Откако извршил пребарување, тој забележал метална каса која со подесен…

повеќе...